Контакт

Македонија

Експертите советуваа: Ниту државата ниту „Синохидро“ да не бара отштета за автопатот Кичево – Охрид, за нов краен рок да се преговара

Објавено пред

„Пријателско порамнување“ препорача експертот од ФИДИК (Меѓународна федерација на консултантските инженери), кој го анализира доцнењето на изградбата на автопатот Кичево – Охрид, и препорача кинеската „Синохидро“ да ја продолжи изградбата. Пријателското порамнување значи ниту државата како инвеститор ниту „Синохидро“ како изведувач да не бара отштета, компанијата да ја продолжи изградбата, а новиот прифатлив краен рок за завршување на патот заеднички да го утврдат.

dobivaj vesti na viber

Јавното претпријатие за државни патишта за „Макфакс“ откри дел од анализата на експертот врз основа која Владата одлучи да не го раскинува договорот со кинеската компанија иако премиерот Димитар Ковачевски, незадоволен од тоа што автопатот се гради десет години, најави можност да се раскине и да се избере нова компанија, која навистина ќе го доврши патот.

„Во дел од анализата стои: Во состојба кога во ревидираниот краен рок за завршување на работите, 31.12.2023 година, не може реално да се завршат работите од страна на изведувачот, а земајќи го во обѕир и фактот за висок степен на физички извршените работи, финансиската реализација на проектот, степенот на решени отворени прашања и обезбедените финансиски средства со дополнителниот заем, ви предлагаме да се пристапи кон пријателско порамнување, односно продолжување со работите со прифатлив  краен рок за двете страни земајќи ги предвид предложениот краен рок за завршување на работите од страна на изведувачот и потребното време за решавање на отворените прашања од страна на инвеститорот, без отштетни побарувања од страна на изведувачот и без пресметување отштета поради доцнење на градежните работи од страна на  инвеститорот“, велат од Јавното претпријатие за станбен и деловен простор за „Макфакс“.

Изградбата на автопатот Кичево – Охрид почна 2014 година со рок за завршување до 2018 година

Јавното претпријатие не ги откри другите наоди на експертот од ФИДИК, но нагласи дека Владата на 214. седница ги овласти Кабинетот на заменик-претседателот за економски прашања на Владата, Министерството за транспорт и врски и Јавното претпријатие за државни патишта да почнат преговори за склучување анекс за продолжување на рокот за завршување на патот и по задолжувањето е постапено, преговорите се почнати.

Од Јавното претпријатие не сакаа да откријат колкав рок овој пат ќе ѝ дадат на кинеската компанија за завршување на автопатот.

„За рок за завршување на автопатот сè уште не може да се зборува затоа што преговорите траат. Периодов, пак, имајќи предвид дека е зимска сезона, изведувачот работи на терен онолку колку што дозволуваат временските услови“, велат од Јавното претпријатие за државни патишта.

Премиерот Димитар Ковачевски и минатата недела не одговори на прашањата од медиумите дали новиот анекс на договорот со „Синохидро“ и новиот рок за изградба ќе значат и уште едно поскапување на патот за кој досега трошоците се искачија на 600 милиони евра наспроти првично планираните 340 илјади евра. Кусо одговори дека дополнителните средства зависат од анализите на експертите и од Собранието, кое треба да го одобри анексот на договорот. Премиерот и минатата недела посочи дека одговорност за десетгодишното градење на патот треба да се бара од проектантите кои пред два месеци ги спореди со сметководители со погрешни завршни сметки.

„На готови делови од автопатот пред Нова година имаше 11 свлечишта и цели ридови беа паднати врз автопатот. Треба да се прашаат проектантите како можеле да проектираат на свлечиште, кое веднаш паѓа на автопатот. Автопатот е готов 80 отсто, но свлечиштата мора да се регулираат. Од она што го гледав во проектот, кога тој е направен, една од косините е така направена што почнува од Кичево, а завршува во Албанија. Тој проект е направен на ‘Гугл мапс’“, рече премиерот Ковачевски.

На крајот на 2018 година ГИМ се пофали дека е пробиен најдолгиот тунел во земјата од 1.996 метри на автопатот Кичево – Охрид

„Макфакс“ од проектантите од Градежниот институт Македонија (ГИМ) побара објаснување дали се согласни со ставот на премиерот дека вината за доцнењето треба да се бара и кај нив, дали биле предвидени и дали можело да се предвидат свлечиштата што се појавија. Од таму не одговорија конкретно, туку наведоа дека се компанија која на поставените задачи пристапува со максимална посветеност и квалитет.

„ГИМ има изработено и проектна документација за докомплетирање на проектната документација (урбанистичка проектна документација, урбанистичка планска документација и измени и дополнувања на основните проекти) за автопатот Кичево – Охрид. Изработените проекти се однесуваат на сите подделници во согласност со потребите евидентирани во проектната програма од инвеститорот и консултантот. Целокупната документација е изработена навремено, во согласност со договорот и проектната програма и таа е позитивно ревидирана и прифатена од страна на консултантот. Мисијата на ГИМ е секогаш квалитетно, навремено и транспарентно да одговара на сите зададени задачи и одговорности“, одговорија од Градежниот институт Македонија за проблемите со патот Кичево – Охрид.

Автопатот Кичево – Охрид, долг 57 километри, почна да се гради во 2014 година, а првично требаше да биде завршен до 2018 година. Кога стана извесно дека нема да се изгради во предвидениот рок, изградбата беше пролонгирана до 30 јуни 2021 година, а потоа до 31 декември 2023 година. Рокот за сегашното пролонгирање допрва треба да биде утврден.

Македонија

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го одби амандманот за зголемување на платите на пожарникарите

Објавено пред

СДСМ поднесе амандман за зголемување на основната плата на пожарникарите, која треба да изнесува минимум две просечни плати. Овој амандман е во прилог на предлог законот за пожарникарство којшто е изработен во време на претходната влада, но сè уште седи заглавен во ресорното министерство, рече пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, на комисијата за финансирање на буџет.

dobivaj vesti na viber

– Согласно со постојниот систем, пожарникарите се под надлежност на општините кои се 90 посто под капата на ДПМНЕ и затоа незадоволството постојано се зголемува. Но, да не правиме политикантство, СДСМ подава рака ова прашање да го решиме системски и заеднички, бидејќи тоа е целта на амандманот. Оваа целна група на професионалци го заслужуваат зголемувањето на платите, рече Лукаревска.

Таа потенцираше дека противпожарните единици во Македонија се финансираат преку државниот буџет како и преку буџетите на локалните самоуправи, а состојбата на пожарникарите е комплексна и полна со предизвици во однос на нивната опрема, обуката, финансиските ресурси.

– Овие луѓе секојдневно го ризикуваат својот живот за да ги заштитат нашите домови, животната средина и не смееме да дозволиме да се оставени на маргините“, рече Лукаревска.

По поднесувањето на овој амандман, за жал, заменик министерот за финансии и пратениците на власта го одбија амандманот за зголемување на платите на пожарникарите и со тоа ДПМНЕ го покажаа уште еднаш своето лицемерие и негрижа за граѓаните, велат од СДСМ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Град Скопје ја поздрави владината одлука за позајмување на нафта, но потсети и на долгот

Објавено пред

Град Скопје ја поздрави одлуката на Владата со која, како што велат, конечно се докажа дека секогаш е подобро политика да се води со разум, а не со инает и дека доколку јавниот интерес е на прво место можно е конструктивно да се делува во интерес на граѓаните.

dobivaj vesti na viber

Од Градот сепак потсетуваат дека Владата се’ уште има долг од 500 милиони денари кон ЈСП Скопје за студентскиот стандард и бесплатниот студентски превоз, со кои ќе се стабилизира во целост состојбата во претпријатието.

„Дополнително, ја повикуваме советничката група на ВМРО-ДПМНЕ да го следи позитивниот пример на Владата и разумно со грижа за интересот на граѓаните како приоритет, да ги донесе одлуките во Советот на град Скопје неопходни за подобрување на состојбите во јавниот превоз“, велат од Град Скопје.

Апелираат на следната седница конечно по повеќе од 2 години советниците да ги изгласаат точките за нови автобуси за ЈСП како и за отпочнување на реализација на проектот за БРТ каде се предвидени дополнителни 60 автобуси, адаптирано согласно ветувањата од програмата „За Модерно Скопје“.

Се додава дека важно е и советниците да завземат став за барањата на приватните превозници што како одлука единствено тие можат да ја донесат за во целост да се нормализира јавниот превоз.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Петрушевски: Димитар Апасиев се активира кога СДС нема аргументи и се во паника

Објавено пред

Насилството е работа која Левица ја посакува во недостаток на нормална дискусија и аргументи. И народот и пратениците не треба да наседнуваат на тоа, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски откако за влакно беше избегната тепачка во Собранието, помеѓу пратеникот од Левица, Димитар Апасиев и пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Зоранчо Јованчев.

dobivaj vesti na viber

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека се работи за договор меѓу Левица, СДСМ и ДУИ, за да се одвлекува вниманието од суштински работи и аргументирана дискусија.

„Ова е план на Левица со СДС и ДУИ за провоцирање во недостаток на аргументи за да можат да спинуваат. Такви беа првите пратенички прашања така и сега. Не смее да се паѓа на провокации кои се единствена алатка на ограничени и нецивилизирани умови. Насилството и провокациите се единствениот начин на опозициските партии да свртат внимание кон себе. ВМРО ДПМНЕ со жалење и разочарување гледа на денешниот инцидент осудувајќи ги намерите на поедини пратеници од опозицијата да предизвикаат инцидент“, рече Петрушевски.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Владата ќе му позајми на градот Скопје дел од нафтените резерви на државата за ЈСП

Владата вонредно расправаше поради недостигот на енергенси за обавување на јавниот сообраќај на територијата на Град Скопје, при што беше...

Македонија4 часа

(Видео) Избегната тепачка во Собранието, Гаши го повика обезбедувањето

Во македонскиот парламент денеска избегната тепачка меѓу некои од пратениците. Инцидентот се случи меѓу лидерот на Левицата, Димитар Апасиев, и...

Македонија6 часа

Црната листа на САД е многу динамична и отворена за додавање нови имиња, порача Агелер

Американската амбасадорка Анџела Агелер, денеска, одговарајќи на новинарско прашање во врска со црната листа на САД, рече дека таа е...

Скопје8 часа

(Видео) СДСМ со решенија за кризата во Скопје: закон за финансиска поддршка на Градот и на ЈСП, субвенциии за гориво, вели Јанчева

„Како што најавивме, денес сме тука за да ги презентираме нашите конкретни предлози за надминување на кризата во која се...

Македонија8 часа

ЈСП избрало неприфатлива понуда во набавката на „евродизелот“, утврдени неправилности во постапката, соопшти Бирото за јавни набавки

Постапката за јавна набавка на „евродизелот“ објавена од страна на договорниот орган ЈСП беше предмет на управна контрола во Бирото...

Скопје8 часа

Славески свика итна вонредна седница на Советот на Скопје поради колапсот на јавниот превоз

Претседателот на Совет на Скопје Трајко Славески за денеска во 18 часот закажа итна вонредна седница на која треба да...

Скопје9 часа

Колапс на јавниот превоз, скопјани се солидаризираат: „Застанете ако сте со автомобил, превезете некого“

Од синоќа, со оглед дека нема автобуси, на социјалните мрежи се споделуваат повици за оние што одат на работа со...

Регион10 часа

Ексминистер и двајца поранешни директори меѓу уапсените за уривањето на натстрешникот на Железничката станица во Нови Сад

Поради уривањето на натстрешникот на Железничката станица во Нови Сад, уапсени се 11 лица, соопшти Вишото јавно обвинителство во Нови...

Европа10 часа

(Видео) Русите ја нападнаа Украина со шест бомбардери „ту-95“ и „миг“, Днепар во пламен

Во денешниот руски ракетен напад е оштетена индустриска компанија во Днепар, а во градот избувнале пожари, изјави началникот на воената...

Европа11 часа

Ажурираната нуклеарна доктрина на Русија е лукав потег на Путин против Бајден и му оди во прилог на Доналд Трамп

Нуклеарните закани на Москва се прилично суптилна игра која директно не ѝ штети на Русија, туку му штети на актуелниот...

Свет13 часа

Северна Кореја и Русија потпишаа протокол за соработка

Северна Кореја и Русија потпишаа протокол за соработка по состаноците за трговија, економија, наука и технологија во Пјонгјанг, објави севернокорејскиот...

Европа13 часа

(Видео) Еруптира вулкан на Исланд

Вулкан во близина на главниот град на Исланд доцна синоќа еруптираше по десетти пат во последните три години, исфрлајќи големи...

Македонија1 ден

(Видео) Заглавен сообраќајот во Скопје, автобуси нема, Брзата помош не можеше да се пробие на Бит Пазар

Скопје е парализирано попладнево. Автобусите не сообраќаат, а граѓани се жалат дека не успеваат да најдат ниту слободно такси поради...

Македонија1 ден

Осудени велешаните кои силуваа 14-годишно девојче, највисоката казна е 5 години и 6 месеци затвор

Во Основниот кривичен суд денес беше објавена пресудата против тринаесетте лица од Велес кои беа обвинети за сексуално злоставување на...

Македонија1 ден

Мицкоски за Шекеринска: Ѝ честитав за изборот за заменик-генерална секретарка на НАТО, за нас – националното единство е пред партиските интереси

„Не е тајна дека во минатото сме имале многу концептуални разлики кога станува збор за справувањето со актуелните проблеми, политиките,...

Македонија1 ден

Со гордост ќе ја претставувам Северна Македонија на оваа висока меѓународна позиција, рече Шекеринска

Радмила Шекеринска, која беше назначена за втор човек на НАТО, односно заменик-генерална секретарка на алијансата, утрово се заблагодари за честитките...

Македонија1 ден

Поднесени 20 претставки за загадениот воздух, Меџити вели дека гасификацијата е решение за урбаните средини

До народниот правобранител поднесени се 40 претставки од областа на животната средина, од кои 20-ина за квалитетот на воздухот, изјави...

Македонија1 ден

Галетановски: Град Скопје објави тендер за озвучување на изгорената Универзална сала

„Скопјани дишат загаден воздух, нема автобуси, градот тоне во нечистотија, Универзалната сала е пеплосана, Зоолошката диши на шкрги. Ова е...

Македонија1 ден

Курто Дудуш организира протест поради хаосот со градскиот превоз: Да ѝ пренесеме порака на градоначалничката

Градоначалникот на скопската општина Шуто Оризари, Курто Дудуш, ги повика сите граѓани да се приклучат на протестот в петок од...

Македонија1 ден

Меџити: ДУИ е без визија, во Македонија нема закон за албанскиот јазик како што кажа и Курти

Прмиерот на Косово кажа дека во Македонија нема закон за албанскиот јазик, има Закон за јазиците. И јас го тврдам...