Македонија
(Видео) Жена на протестот пред „Секјуриком“ падна во бессознание, од дирекцијата гледаа преку прозорeц
На една од вработените во „Секјуриком“ кои протестираат пред дирецијата во Скопје ѝ се слоши. Жената падна на земја и неколку минути беше во бессознание. Присутните веднаш повикаа брза помош. Кога пристигнаа лекарите ѝ пружија помош, по што состојбата на жената се подобри.
Додека се случуваше ова, претпоставените гледаа преку прозорец. Тие претходно не ги примија внатре вработените кои протестираат пред седиштето на компанијата поради неподмирените обврски од страна на фирмата, односно една неисплатена плата, неплатените придонеси за здравствено и пензиско осигурување, како и редовното доцнење со исплата на платите.
„Отворете ги вратите, не плашете се, ние сме питоми луѓе“, викаа некои од незадоволните работници, а од толпата се слушаше и скандирање „лопови, лопови“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

