Контакт

Македонија

Жерновски во Баварија: Одлуката во октомври е важна за нас, за вас и за целиот регион

Објавено пред

Заменик-министерот за надворешни работи, Андреј Жерновски, престојуваше во работна посета на германската сојузна покраина Баварија.

Како што информираат од Министерството, посетата била по покана на претседателот на Комисијата за европски прашања во баварскиот парламент.

Жерновски ги информирал баварските власти за постигнатите резултати во реформските активности од европската агенда на Северна Македонија, за политичките случувања во земјата и за добрососедските односи.

„Европската перспектива за Република Северна Македонија е мотор за позитивни промени. Одлуката во октомври е важна за нас, за вас и за целиот регион. Датумот за почеток на преговорите ќе биде заеднички успех, македонски и европски“, истакнал заменик-министерот на средбите.

Посочил и дека Владата е фокусирана на реформите и на намерата да ја направи државата стабилна и сигурна.

За време на работната посета, Жерновски остварил средби и со министерот за економија на Баварија, Хуберт Аивангер, министерот за животна средина, Торстен Глаубер, и со министерот за образование Михаил Пазоло.

Македонија

Мицкоски побара да се поведе истрага за Заев: „Слушнавме како ја егзекутира правдата“

Објавено пред

„Ова е протестен марш со кој почнува крајот на неславното владеење на СДСМ“. Вака лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, го почна говорот на протестниот марш против неправдата, кој почна од Обвинителството, а заврши пред Врховниот суд.

Зад него стоеја младите од партијата, кои носеа транспаренти „Ниту правда ниту мир“, „Заробена правда, заробена држава“, „Стоп за Заев и мафијата“. Кога беа пуштени македонската химна и аудиоматеријалите, на кои наводно се слуша гласот на Зоран Заев, а кои пратеникот Антонио Милошоски ги достави до Обвинителството, Мицкоски рече:

„Поминаа 48 часа, а нема реакција ниту од Вилма Русковска ниту од кој било друг. А Заев е нечесен од глава до петици. Слушнавме како ја егзекутира правдата или што би рекле ‘трас, трас’. Не докажа ниту еден криминал, а многу криминали амнестира“.

Мицкоски побара поведеување истрага за Заев, кој, според партијата, се мешал во судските одлуки и тим од обвинители кои ќе бидат непристрасни и ќе го расветлат случајот.

Како второ барање Мицкоски ја посочи ревизијата на работата на Врховниот суд и нивните одлуки, а доколку се докаже дека работеле незаконски, тој побара нивни оставки.

Третото барање на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ се реформи во Советот за правосудство и експертска помош во реализирањето на реформите.

Целиот говор на Мицкоски беше насочен кон Зоран Заев. За себе, тој, единствено, рече дека доколку дојде на власт, „нема напамет да му дојде да се меша во судската власт“.

„Прав е патот само до Идризово, а одговорност ќе има, без разлика на името и презимето и кој од каде доаѓа. Заев, ќе изгубиш, и ти тоа добро го знаеш“, порача Мицкоски пред присутните.

На протестниот марш, меѓу другите, присуствуваа и Александар Николовски, генералниот секретар на партијата, пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, координатор на ВМРО, Ане Лашкоска, Магдалена Манаскова, Тимчо Муцунски, Валентина Божиновска и други.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Почна маршот на ВМРО-ДПМНЕ за правда

Објавено пред

Со развиорени знамиња и скандирања „Никогаш Северна, само Македонија“ поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ го почнаа маршот за правда пред зградата на Основното јавно обвинителство.

На протестот присуствува и лидерот на партијата, Христијан Мицкоски, кој ќе се обрати пред присутните.

Насобраните на чело носат транспарент, на кој пишува „Заев е виновен“, а има и транспаренти што се однесуваат на шефицата на Обвинителството против организиран криминал и корупција, Вилма Русковска.

Поддржувачите маршираат кон Врховниот суд, а некои од нив во рацете држат црвени картони порачувајќи дека власта треба да замине за да се врати правдата.

 

Граѓаните, поминувајќи покрај неколку институции, свираат со свирчиња и извикуваат „уаа, уаа“.

Пред една недела марш за правда со мото „Чекориме за правда“ организира и владејачкиот СДСМ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Филипче: Дојдените од Италија да побараат преглед дома ако почувствуваат симптоми на коронавирус

Објавено пред

Министерот за здравство, Венко Филипче, на денешната прес-конференција порача дека оние што допатувале од Италија и имаат симптоми на болеста треба телефонски да повикаат доктор.

„Луѓе што престојувале во овој регион на северна Италија, доколку добијат такви симптоми, да не шетаат во јавноздравствени установи, туку ќе бидат прегледани и тестирани, доколку се инфицираат, во нивниот дом“, Филипче.

Патниците од ризичните подрачја при нивниот влез во земјата добиле специјални летоци со телефонски број на кој треба да се обратат доколку се посомневаат на коронавирус.

Министерот Филипче претходно денеска рече дека не размислува за тоа сите што доаѓаат од Италија да ги стави во карантин.

„Тие добиваат препораки што да прават“, рече Филипче.

Патниците што доаѓаат од ризичните подрачја со коронавирус секаде во светот мора да престојуваат 14 дена во карантин.

Кај нас ваквите патници се пуштаат дома со основни препораки за претпазливост.

Новите истражувања на кинеските доктори покажуваат дека периодот на инкубација може да трае 24 дена, што значи дека еден човек кој во себе го носи коронавирусот може да зарази илјадници луѓе, па дури потоа и самиот да забележи симптоми на болеста. Ова е причината зошто вирусот толку бргу се расшири во Италија.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија19 минути

Мицкоски побара да се поведе истрага за Заев: „Слушнавме како ја егзекутира правдата“

„Ова е протестен марш со кој почнува крајот на неславното владеење на СДСМ“. Вака лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, го...

Македонија4 часа

Филипче: Дојдените од Италија да побараат преглед дома ако почувствуваат симптоми на коронавирус

Министерот за здравство, Венко Филипче, на денешната прес-конференција порача дека оние што допатувале од Италија и имаат симптоми на болеста...

Македонија4 часа

Патникот од Дубаи нема коронавирус

Министерот за здравство, Венко Филипче, соопшти дека патникот од Дубаи, кој јавил симптоми, нема коронавирус. „Вториот случај што го тестиравме...

Македонија6 часа

Владата со препораки за коронавирусот – да се откажат сите патувања и екскурзии на учениците во Италија

Владата донесе повеќе заклучоци и препораки за превенција и заштита на јавното здравје и здравјето на граѓаните од коронавирусот. Како...

Регион7 часа

Во Хрватска потврден првиот случај на коронавирус

Потврден еден случај на заразен со коронавирус во Хрватска. „Се работи за помлад човек, кој се наоѓа на Клиниката за...

Македонија8 часа

Маж варел кафе на плин и го предизвикал пожарот во Ново Лисиче

Од запалениот стан во Ново Лисиче пожарникарите извлекле петмина, меѓу кои една неподвижна жена и маж, кој од стресот не...

Актуелно9 часа

Режисерите на „Медена земја“ подготвуваат нови филмови

Тамара Котевска и Љубомир Стефанов, македонските режисери на документарниот филм со двојна номинација за Оскар „Медена земја“, се подготвуваат за...

Македонија10 часа

(Видео) Милошоски ја предаде „бомбата” за Заев во Обвинителствотo

„Она што го поседувавав како материјал, аудио и транскрипти во кои се слуша гласот на Зоран Заев, го предадов во...

Регион10 часа

Двајца Срби, членови на екипажот на крузерот, имаат коронавирус

Двајца државјани на Србија, членови на екипажот на бродот „Дајмонд принцес“, е потврдено дека се заразени со коронавирусот. Информацијата ја...

Македонија12 часа

ВМРО-ДПМНЕ ќе протестира пред Обвинителството и Врховниот суд

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, повика на протест во 18 часот, кој ќе почне пред Обвинителството, а ќе заврши пред...

Спорт12 часа

Џордан во солзи се прости од Коби Брајант (Видео)

Кошаркарската легенда Мајкл Џордан се прости од Коби Брајант, кој на 26 јануари заедно со својата ќерка Џијана и уште...

Македонија12 часа

Тестовите потврдија – нема заразен од коронавирус во земјава

Лицето кое синоќа беше примено на Инфективната клиника во Скопје е тестирано и нема коронавирус, потврдија од Министерството за здравство....

Свет12 часа

Почна процесот за екстрадиција на Асанж во САД

Првото рочиште во процесот на екстрадиција на Џулијан Асанж во САД се одржа пред судот во Лондон, при што двете...

Свет23 часа

Паника од коронавирусот, Италијанците ги испразнија супермаркетите

Во напад на паника поради коронавирусот Италијанците ги испразнија супермаркетите, а фотографиите на празни полици што ги објавија медиумите се...

Спорт23 часа

Ванеса Брајант ја тужи хеликоптерската компанија за трагичната несреќа

Ванеса Брајант поднела тужба против хеликоптерската компанија „Ајланд експрес хеликоптерс“ барајќи економска и казнена отштета по смртта на нејзиниот сопруг,...

Свет24 часа

Вајнштајн прогласен за виновен за сексуални напади

Поранешниот филмски продуцент Харви Вајнштајн е прогласен за виновен за две точки од обвиненијата за сексуален напад. Според Би-би-си, тој...

Македонија1 ден

Поради ужасните услови за живеење во Битола, Лука се враќа во Скопската зоолошка градина

Социјалните мрежи денеска беа преплавени од фотографии од тажното мајмунче Лука, сместено во валкан кафез во битолската Зоолошка градина, без...

Свет1 ден

Автомобил удри во карневалска поворка – 15 лица повредени во Германија

Полицијата уапси возач кој со сребрен караван се забил во карневалска поворка во Германија, пpи што се повредени 15 лица....

Европа1 ден

Бројот на починати од коронавирус во Италија се зголеми на седум лица

Во Италија почина и седмото лице од коронавирус. Станува збор за 80-годишен маж, кој претходно бил хоспитализиран, пренесоа локалните медиуми....

Македонија1 ден

Филипче апелира граѓаните да ги откажат патувањата во Италија

По петте смртни случаи од коронавирус во Италија, министерот за здравство, Венко Филипче, апелира граѓаните да ги одложат сите патувања...

Досие