Контакт

Македонија

Завршува санацијата на главниот водовод, за неколку часа сите во Скопје ќе имаат нормално водоснабдување

Објавено пред

Во завршна фаза се активностите за санација и децениски задоцнета модернизација на главниот градски водовод, информираа од ЈП „Водовод и канализација“.

dobivaj vesti na viber

„Акцијата започна во раните утрински часови кога сите екипи на Секторите ЕОК, Механизација и Водовод отпочнаа со празнење на магистралниот водовод на предвидените локации. Операција се движи во рамки на предвиденото и очекувано е да заврши во предвидениот рок со вкупно време од помалку од 15 часа, во кои најмногу време се одвојува за празнење и полнење на магистралниот водовод. Полнењето веќе е започнато и се очекува притисокот да се стабилизира за неколку часа“, велат од претпријатието.

Со оваа модернизација се подобрува водоснабдувањето и притисокот во Општина Ѓорче Петров и Карпош, со репарација на 6 сегменти каде во изминати децении се нотирани огромни загуби на вода.

Со затворање на Главниот Градски цевковод Ф1600мм по должина на линија на потегот од кружниот тек во Ѓорче Петров до раскрсницата на булевар Партизански одреди со ул. Никола Парапунов завршени се следните интервенции:

-По должина на траса по Партизанска од кружен тек Ѓорче Петров до хотел Карпош каде се променети 5 воздушни вентили и 5 затварачи за истите на Ф200 поврзани на цевководот Ф1600
-Реконструиран е затварач Ф700 на бул. Партизански одреди со ул. Никола Парапунов
-Променет е затварачот на Ф400 на кружниот тек Порта Влае
-Реконструиран е затварач Ф600 на мостот Обединети Нации
-Реконструиран е затварач Ф500 на ул. Никола Парапунов

Во овој момент во фаза на завршување е последната постапката за реконструкција на затварач Ф700 на ул. Никола Парапунов, која се изведува независно од останатите и за која не е неопходно затворање на главниот довод.

„Согласно Оперативниот План за санација на затварачите на градска водоводна линија Ф1600мм, Сектор Водовод со ангажирани повеќе од 160 стручно вработени меѓу кои ВКВ водоинсталатери, инженери, оперстори и возачи на специјални возила, ВКВ автомеханичари, ВКВ машинобравари, ВКВ механичари, ВКВ електричари, работници за дијагностика на дефекти и техничари кои ка вршат работата на терен и уште толку административни лица заедно со директорот ги подготовија и завршуваат согласно планот за постапување со механизација, алат и пумпи“, стои во соопштението од јавното претпријатие.

Институт за јавно здравје издаде препораки во насока за тоа кои чекори треба да се преземат одкако водата ќе биде пуштена.

„Имајќи предвид дека е најавен прекин на водоснабдувањето, населението треба да биде запознаено и информирано дека ризиците по здравјето на населението може да се јават не само за време на недостатокот на вода туку, дури и да се зголемат после пуштањето на водата за пиење во водоводната мрежа односно по отстранување на дефектот“, велат од ИЈЗ.

Оттаму, како превентивни јавно-здравствени мерки и мерки на внимателност препорачуваат:

Граѓаните да не ја пијат веднаш водата по нејзиното пуштање во водоводната мрежа зашто контактното време на резидуалниот хлор и водата во мрежата (време потребно резидуалниот хлор да почне да делува врз микробиомот присутен во водата), во услови на пониски амбиентни температури може да потрае и до 1 час;

– Може да се очекува водата за пиење по пуштањето во водоводната мрежа да ја промени бојата, добие невообичаен мирис, да има видлива заматеност или евентуално страни тела (ситни зрнца песок или инсект и сл.). Во таков случај, повторно се препорачува истата да не се пие сè до момент на стабилизација на тие органолептички својства (боја, мирис, вкус, заматеност);

– Непосредно после доаѓањето на водата во водоводните цевки во домовите, потребно е да се испуштат СИТЕ чешми во домот да истечат неколку минути, па да се провери дали органолептичките својства се во ред, па дури потоа да се пие;

– По добро истекување на водата, потребно е почесто и добро да се исчистат мрежичките на чешмите (во средство за чистење бања или бел оцет);

– Како дополнителна мерка на внимателност се препорачува, доколку граѓаните сепак одлучат веднаш да ја пијат водата, истата да се преврие многу кратко (1 -2 минути), потоа да се разлади и консумира;

– Граѓаните треба да имаат предвид дека превриената вода го губи благопријатниот вкус. Истиот може да се подобри доколку водата се претура од една во друга чаша неколку пати, со цел да врзе повеќе кислород од воздухот (процес наречен аерација);

– Најдобро е во текот на првите часови после пуштањето на водата во водоводната мрежа, граѓаните сè уште да консумираат пакувана вода, сè до добивањето на известување од јавното претпријатие дека водата е исправна и безбедна за консумација;

– Во однос на водата за капење, препорачуваме после доаѓањето на водата во водоводната мрежа, задолжително да се зголеми температурата на водата во бојлерите (во кујна, бања и сл.), со цел дополнително превентивно термичко уништување на бактериите доколку потенцијално навлегле во водоводната мрежата;

– Најдобро е температурата на топлата вода во чешмите да биде над 55 степени, сепак потребна е мерка на внимателност да не дојде до изгореници особено кај мали деца или повозрасни лица.

Македонија

„Скопска Новогодишна приказна“ во Кисела Вода

Објавено пред

На платото пред спортската сала Расадник, во Општина Кисела Вода утре ќе се одвива „Скопска Новогодишна приказна“– целодневна прослава која ќе ги обедини генерациите со богата програма за сите.

dobivaj vesti na viber

Настанот стартува во 10:30 часот со настап на балетското студио „Лебед“, продолжува со Бисера Мојаноска и театарската група „Театар за тебе“, а најмалите посетители ќе уживаат во настапот на „Поточиња“, аниматорите и магичниот Дедо Мраз, кој со себе носи пакетчиња за присутните деца и оваа година доаѓа во друштво на ликот Гринч.

Вечерната програма започнува во 20:00 часот со настап на популарната група „Куку Леле“, а водител на вечерта е Игор Џамбазов, кој ќе настапи заедно со „Гуру Харе Бенд.“ Музичката програма продолжува со ДНК и Врчак, а кулминацијата на прославата е настапот на Лозано, кој ќе го означи пречекот на Новата година.

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски ги повикува сите жители на Кисела Вода и Скопје да бидат дел од оваа празнична приказна.

– Годината што ја оставаме зад нас беше година на заедништво, напредок и важни успеси за Општина Кисела Вода. Со „Скопска Новогодишна приказна“ сакаме да го крунисаме сето она што го постигнавме заедно, создавајќи празничен дух кој ќе ги обедини сите генерации.

Ги поканувам сите жители на нашата општина, но и граѓаните на Скопје, да ни се придружат на платото пред спортската сала Расадник и заедно да го дочекаме почетокот на Новата 2025 година. Кисела Вода годинава ја претвора новогодишната ноќ во вистинско празнување на заедништвото, радоста и музиката, со програма која е дизајнирана за секого – од најмалите, па до најголемите.

Ве очекуваме со радост да заедно ја испратиме старата и да ја пречекаме новата година со многу љубов, радост и добра музика-изјави Ѓорѓиевски.

Прикажи повеќе...

Македонија

Распишана потерница и предложен притвор за осомничен во предметот „Адитив“

Објавено пред

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска го прими Решението на судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд – Скопје, со кое предлогот за определување мерки за претпазливост против осомничен во предметот „Адитив“ се отфрла, наведувајќи дека осомничениот не е достапен на органите на прогонот.

dobivaj vesti na viber

„Согласно своите законски надлежности, јавните обвинители кои постапуваат во предметот до судијата на претходна постапка веднаш доставија Жалба по однос на донесеното Решение за отфрлање, како и Предлог за определување на мерка притвор за осомничениот која мерка ќе биде активна по неговото пронаоѓање. Судијата на претходна постапка го прифати предлогот на обвинителството и на осомничениот му определи мерка притвор во траење од 8 дена.

Применувајќи ги одредбите од Законот за кривична постапка, предметните јавни обвинители до МВР доставија Наредба за распишување на национална потерница и Изјава за распишување на меѓународна потерница по осомниченото лице“, соопштија надлежните.

Истрагата за предметот „Адитив“ започна на 10 овој месец и со него се опфатени 23 физички лица и четири правни лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривични дела против јавните финансии, платниот промет и стопанството и кривични дела против службената должност и против правниот сообраќај.

Прикажи повеќе...

Македонија

Анѓушев и Шалев предновогодишно со работниците на „БРАКО“

Објавено пред

Сопствениците и менаџери на „БРАКО“, Кочо Анѓушев и Благој Шалев, предновогодишно ги посетија производните погони во фабриката и на сите работници им посакаа среќни празници и добро здравје во новата 2025 година, лична и семејна среќа, заеднички деловен успех и нов елан на работните места за новите проекти на „БРАКО“.

dobivaj vesti na viber

Фабриката „БРАКО“ ја заврши 2024 година со позитивни резултати, и покрај економската криза во Европа која погоди дел од западноевропските клиенти на БРАКО, како и кризата со производството на жица предизвикана, пред се, од војната во Украина, која беше извор на евтина суровина, и европските економски санкции кон трети држави.

Од друга страна, во 2024г БРАКО успеа значајно да го зголеми производството и продажбата на возилата за чистење Грин Машинс, да одржи стабилно производство на медицински мебел за странски брендови, и да произведува автоматизирани машини за клиенти од развиените земји.

2025г се очекува да донесе ширење на производите на БРАКО на светскиот пазар, но и борба за зголемување на вкупниот македонски извоз, како клучна основа за економски развој на нашата држава, а со тоа и поголем стандард за нашите граѓани.

ПР

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Меџити: Албанскиот простор не е засолниште за корумпираните

Првиот заменик-претседател на Владата на Северна Македонија, Изет Меџити, со реакција на изјавата на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, за...

Македонија2 часа

Важно е луѓето да бидат одговорни за своите дела, се надевам дека тој е еден од нив, вели Агелер за Груби

Амбасадорката на САД, Анџела Агелер, во одговор на новинарско прашање за поранешниот вицепремиер Артан Груби, кој како осомничен за случајот...

Македонија4 часа

Мицкоски сака да биде и судија и егзекутор, да дели партиска наместо законска правда: СДСМ за распуштањето на Судскиот совет

Режимот дефинитивно се враќа. Најавите на Мицкоски дека владата планира да го распуши Судскиот совет со разрешување на 5 членови...

Македонија4 часа

Месарниците под лупа на инспекторите

Приближно 620 килограми небезбедна храна од животинско потекло, нештетно уништија официјалните ветеринари на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во...

Македонија4 часа

Кртовите што ги пробиваат полициски акции ќе бидат извадени од дупките и ќе одговараат, Мицкоски вели дека се рецидив од претходната влада

Кртовите што даваат информации за полициските акции ќе бидат пронајдени и ќе одговараат, рече денес претседателот на Владата, Христијан Мицкоски....

Македонија10 часа

Кривична против 12 македонски државјани и 1 странец за 45 кривични дела поврзани со шверцување луксузни возилa, фалсификување исправи и злоупотреба на службената положба

На 29.12.2024 врз основа на воспоставена криминалистичка контрола од страна на СВР Скопје- ЕВР Ѓорче Петров, во координација со Одделот...

Македонија10 часа

Најладно во Берово, најмногу снег во Маврови Анови

Утрово најладно било во Берово каде што се измерени -8 степени, -6 степени било во Маврови Анови, -5 во Битола,...

Европа11 часа

Словачкиот министер за одбрана рече дека Украина можеби ќе мора да отстапи територија

Министерот за одбрана на Словачка, Роберт Калинак вчера изјави дека Украина можеби ќе мора да отстапи дел од својата територија...

Регион12 часа

Денеска пресуда за семејството Кецмановиќ за злосторството на нивниот син во „Рибникар“: се бара максимална казна

Вишиот суд во Белград денеска треба да ја соопшти пресудата на Владимир и Милјана Кецмановиќ, родителите на момчето кое на...

Свет12 часа

Почина Џими Картер, поранешен американски претседател

Џими Картер, скромен земјоделец од Џорџија, кој како претседател на САД се бореше со лошата економија и заложничката криза во...

Македонија23 часа

Груби не побегна, рече Ахмети за поранешниот вицепремиер кој се бара со меѓународна потерница

Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, ја коментираше ситуацијата со бегството на поранешниот вицепремиер во Владата ,...

Свет1 ден

Во авионската несреќа во Јужна Кореја загинаа сите патници меѓу кои пет деца, спасени двајца стјуарди

Сите патници загинаа во авионска несреќа во Јужна Кореја, со што бројот на жртви стигна до 179 лица. Има двајца...

Македонија1 ден

MВР: Приведено е лице за оддавање службена тајна

Полицијата синоќа привела лице поради „Оддавање на службена тајна“. Од МВР велат дека со него бил извршен службен разговор, одземен...

Свет1 ден

(Видео) Двајцата преживеани во авионската несреќа во Кореја биле најдени во делот од опашката на леталото

Двајцата потврдени преживеани во аионската несреќата во Јужна Кореја беа спасени од делот од опашката на авионот – единствениот дел...

Свет1 ден

Патник испратил порака до семејството пред катастрофата – најмалку 151 лице загина во авионската несреќа во Јужна Кореја

Бројот на жртви во авионската несреќа во Јужна Кореја порасна на најмалку 151 лице. Авионот на „Џеџу Ер“ се излизга...

Свет1 ден

Кобни шест минути во Јужна Кореја – во 8.57 авионот добил предупредување, во 9.03 се урнал

Претставници на јужнокорејското Министерство за транспорт открија критична секвенца од шест минути пред несреќата, пишува „Јонхап њуз“. Во 08:57, контролорите...

Свет1 ден

(Видео) Спасени маж и жена од запалениот авион во Јужна Кореја, загинаа 122 лица

Бројот на загинати во авионската несреќа на меѓународниот аеродром Муан во Јужна Кореја се искачи на 122 лица, со само...

Свет1 ден

(Видео) Авион се запали на писта во Јужна Кореја, најмалку 120 мртви – објавена е снимка од несреќата

Најмалку 120 лица загинаа кога патнички авион се запали на пистата на аеродромот во јужнокорејскиот град Муан, соопшти Националната противпожарна...

Македонија1 ден

Какво ќе биде времето на 31.декември и први јануари

На 31 декември и 1 јанури не’ oчекува стабилно и претежно сончево време. Според прогнозите на УХМР, времето на последниот...

Македонија2 дена

Деспотовски остана без пасош

Кривичниот суд го прифати барањето на скопското обвинителство за одземање на пасошот на поранешниот директор на ТИРЗ и член на...