Контакт

Македонија

Заев го прислушувале во УБК како „Зо За“

Објавено пред

Во Кривичниот суд беше изведен доказ, меморискиот уред на кој сведокот Звонко Костовски ги преснимил материјалите од УБК во случајот за масовното прислушување „Таргет – Тврдина“. Во меморискиот уред каде што се содржеле информации за прислушувањето биле заведувана и локацијата и базните станици на прислушуваните.

dobivaj vesti na viber

Во судницата, на големи два екрана, Сашо Мијалков, Гордана Јанкулоска и другите обвинети го следеа сведочењето на Костовски, кој објаснуваше што значат кратенките и логовите во системот. Заев, како што рече Костовски, бил следен под псевдонимот „Зо За“. Костовски рече дека насоките со кои биле следени граѓаните биле заведувани со имиња, како, на пример, табори.

Меморискиот диск бил одземен од Костовски и бил доказ во предметот „Пуч“. По наредба на ексначалникот на Петтата управа во МВР, Горан Грујевски, биле извадени материјали од 5-6 цедеа.

Адвокатите на Сашо Мијалков реагираа дека сведокот Костовски не смее да го презентира доказот. Адвокатот Љупчо Шврговски кажа дека овој доказ бил користен против Костовски како обвинет во случајот „Пуч“.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Ковачевски апелира на деескалација во Косово и уверува дека безбедносната состојба во Македонија е стабилна

Објавено пред

Премиерот Димитар Ковачевски се огласи со коментар по денешните престрелки на северот на Косово апелирајќи на деескалација и осудувајќи ги настаните.

dobivaj vesti na viber

Ковачевски нагласи дека со голема загриженост се следи состојбата во Косово и се во постојана координација со сојузниците. Премиерот изрази целосна поддршка на КФОР за сите идни активности кои, како што вели, се во насока на гарантирање на мирот и стабилноста во Косово и регионот.

Во однос на безбедносната состојба во Македонија, Ковачевски уверува дека граѓаните може да се спокојни – таа е стабилна, без никакви индикации за можни нарушувања.

„Сите институции задолжени за безбедноста будно ја следат состојбата. Воедно согласно информациите споделени помеѓу безбедносно разузнавачките служби во земјата како и информациите добиени од службите на нашите сојузници во НАТО алијансата, не постојат индиции кои укажуваат на нарушување на безбедноста во Северна Македонија“, рече Ковачевски.

Премиерот повика на продолжување на дијалогот и решавање на сите отворени прашања на мирен и демократски начин. Клучно е, вели тој, забрзувањето на евроатлантските интеграции на Западен Балкан, како единствен начин за обезбедување напредок и стабилност во регионот, како и намалување на влијанието на дестабилизирачки трети страни.

Прикажи повеќе...

Македонија

МНР: Седум македонски државјани меѓу кои и дете се во близина на манастирот во Косово

Објавено пред

Министерството за надворешни работи објави дека во раните утрински часови, преку дежурниот телефон на Министерството за надворешни работи, добиена е информација за седум македонски државјани од кои едното од нив дете, кои се сместени во хотел, во непосредна близина на манастирот каде е извршен вооружен напад врз косовските полициски сили.

dobivaj vesti na viber

Од МНР велат дека македонската амбасада во Приштина е во комуникација со претставници на Министерството за внатрешни работи на Косово како и во директна комуникација со нашите граѓани.

Во текот на денот, во неколку наврати Министерот за надворешни работи, Бујар Османи остварил директна комуникација со министерката Грвала-Шварц, и во моментов косовската полиција го обезбедува хотелот каде се сместени нашите државјани, од каде се очекува после оствареното интервју тие да бидат испратени дома.

Претставниците на Амбасадата остануваат во постојана и директна комуникација со нашите државјани и косовската полиција, сѐ до целосно завршување на нивниот трансфер, велат од МНР.

Прикажи повеќе...

Македонија

Апелирам Македонците од Албанија масовно да учествуваат во пописот, порача Мицкоски

Објавено пред

Додека се случуваат сите овие проблеми, пропагандите на соседите никогаш не престанаа. Додека оваа власт не убедува во придобивките од добрососедскиот договор кои самите го склучија, Бугарија тера отворена пропаганда против Македонија и како тоа да не е доволно, овие денови тие вршат жесток притисок и терор при пописот во Албанија, македонското малцинство да се впишува како етнички Бугари. И сега познати ни се намерите на бугарската политика, но необјаснив е молкот на македонската власт. Да бидам искрен не очекувам дека Али Ахмети ќе се прекрши за Македонците во Албанија, но барем Ковачевски да преземе мерки и да реагира на ваквиот отворен притисок за асимилација која гледаат како им се случува пред очи, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски говорејќи од Велес.

dobivaj vesti na viber

Мицкоски ги повика Македонците да бидат дел од пописот во Албанија.

„Од овде, од срцето на Македонија јавно повикувам и апелирам Македонците од Албанија да излезат и да се попишат како Македонци, она што со векови биле и ќе продолжат да бидат. Апелирам дека сега е моментот да не потклекнуваат, и одговорот на сите туѓи пропаганди да биде масовност. Следуваат промени во Македонија и како Македонци и Македонија како нивна држава од која тие влечат потекло, ќе им помогне во иднина, и ќе ни биде полесно повеќе да се вклучиме во поддршката за развој и негување на македонските особености и култура. Апелирам сега кога притисоците и заканите се методот со кој Бугарија врши пропаганда, одговорот на Македонците од Албанија да биде масовност на пописот“, кажа Мицкоски.

Според него она што се случува во политиката тука во Македонија, се уставните измени.

„Позади измените на Кривичниот законик, амнестијата која сами си ја гласаа, и оние јавни превирања и препукувања со сеништата од минатото, се основата на валканиот план на Владата, валканиот план на власта се само уставни измени. Бидејќи ја знаат непопустливоста на пратениците, ја знаат и одлучноста на раководството на ВМРО-ДПМНЕ и народот против прифаќање на бугарски диктати, тие пробуваат да создадат непринципиелни коалиции кои би можеле да доведат до уставни измени. Иако шансите реално тие да се случат не се ни ниту теоретски“, заклучи Мицкоски.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија13 минути

Ковачевски апелира на деескалација во Косово и уверува дека безбедносната состојба во Македонија е стабилна

Премиерот Димитар Ковачевски се огласи со коментар по денешните престрелки на северот на Косово апелирајќи на деескалација и осудувајќи ги...

Регион55 минути

Косовската полиција: Уапсен и вториот напаѓач на полицијата, ситуацијата се’ уште е тензична

Косовската полиција вечерва соопшти дека надлежните полициски единици го уапсиле вториот напаѓач, кој исто така бил во воена униформа и...

Регион2 часа

Вучиќ го осуди убиството на полицаецот: Се побунија Срби од Косово не можејќи да го трпат теророт на Курти

Србите, а не луѓето од централна Србија како што лажеа, се револтираа и не сакаат повеќе да го трпат теророт...

Македонија3 часа

МНР: Седум македонски државјани меѓу кои и дете се во близина на манастирот во Косово

Министерството за надворешни работи објави дека во раните утрински часови, преку дежурниот телефон на Министерството за надворешни работи, добиена е...

Топ6 часа

Дете од Прилеп загина при пад од дрво

Малолетно момче од селото Црнилиште, Прилепско загина вчера по пад од дрво. Момчето од здобиените повреди починало на лице место. Според...

Македонија7 часа

Мицкоски му посака добро здравје на Груевски: „И’ заби нож во грб на сопствената партија“

Морам да кажам дека како човек оваа јавна преписка со поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ не ме прави среќен, ниту ова...

Регион10 часа

Курти: Триесет вооружени лица продолжуваат со нападите врз косовската полиција

Косовскиот премиер Аљбин Курти  изјави дека продолжуваат нападите врз косовската полиција, како и дека во нив учествуваат 30 вооружени лица....

Македонија13 часа

Пендаровски: Потребни ни се блиски врски меѓу Македонија и дијаспората

Претседателот Стево Пендаровски за време на работната посета на САД по повод учеството на 78. Генерално Собрание на Обединетите Нации,...

Македонија14 часа

Активни шест пожари во околината на Прилеп и Битола

Вчера биле регистрирани 36 поголеми пожари. Според информациите што стигнале до Секторот за операции и координација во Центарот за управување...

Свет15 часа

Италија ќе произведува нови борбени авиони заедно со Британија и Јапонија

Италија денеска соопшти дека ќе стане рамноправен партнер во борбената програма на следната генерација со Британија и Јапонија, додека во...

Свет15 часа

Ким Џонг-ун му испрати писмо на кинескиот претседател: „Се надевам на пријателство и соработка“

Севернокорејскиот лидер, Ким Џонг-Ун, во писмо до кинескиот претседател Шји Џинпинг вети дека ќе ги унапредува односите на соработка, објави...

Култура15 часа

„Домаќинство за почетници“ на Горан Столевски го отвори „Браќа Манаки“

Филмот „Домаќинство за почетници“, по сценарио и во режија на Горан Столевски, а во продукција на Лист Продукција го отвори...

Македонија1 ден

Албанската опозиција за измените во Кривичниот законик: Злоупотребено е европското знаменце

Демократското движење, Алтернатива и Движењето Беса ја обвинија власта дека го злоупотребила европското знаменце за измените на Кривичниот законик. Потпретседателот...

Македонија1 ден

Пресврт во случајот со пожарот во Хром: мажот кој беше извлечен мртов, претходно бил избоден

Триесет и петгодишниот маж од скопската населба Хром чиешто тело беше извлечено вчера за време на пожарот во станот, претходно...

Топ1 ден

Бебе тешко повредено во градинка во Скопје – родителите тврдат дека кога го зеле не престанало да плаче

Единаесетмесечно бебе било земено од градинка во Шуто Оризари со тешки повреди. Родителите кои го пријавиле случајот во МВР, велат...

Македонија1 ден

Мицкоски: Ахмети и Џафери да ја кажат вистината за содржината на УСБ-то и пликото кои што им биле дадени

При денешната посета на општина Брвеница претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на споменатите информации...

Македонија1 ден

Пожарот кај Милетино се гасне и од воздух – гори борова шума

Центарот за управување со кризи (ЦУК), известува дека полета еден авион на ДЗС, а втор авион се подготвува, за дејствување...

Македонија2 дена

Османи до Македонците во Албанија: Слободно да ја изразите вашата припадност на пописот

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, порача до Македонците во Албанија во следните шест недели слободно да ја изразат својата...

Култура2 дена

Под мотото „Прекрасното непознато“ почнува 44. издание на фестивалот „Браќа Манаки“

Под мотото „Прекрасното непознато“ Фестивалот на филмска камера „Браќа Манаки“ вечерва ќе го започне своето 44. издание. Свеченото отворање е...

Свет2 дена

Полскиот премиер до Зеленски: Не ги навредувај Полјаците

Полскиот премиер Матеуш Моравјецки вчера му порача на украинскиот претседател Володимир Зеленски да не ги навредува Полјаците, продолжувајќи со својата...