Македонија
Заев: ЕУ има проблем, ние ќе бараме решение и не се откажуваме од заслужената интеграција
„Европа има проблем. Големата идеја за обединета Европа денес има проблем. А проблемот е самата ЕУ. Брисел ни порача дека ЕУ не успеа да најде начин да ја обезбеди заслужената интеграција на Западен Балкан. Е тоа е проблемот. Ние остануваме посветени и не се откажуваме. Наша цел е европските вредности да ги донесеме до крај. Не е членството само поради членството во ЕУ. Ние во Бугарија потврдивме дека со обврската од португалското претседателство да доставиме патоказ, а во него се преземени обврските од двете страни, со конкретни датуми и институции, во сите области за унапредување на соработката. Го утврдивме интензитетот на работа на историско-образовната комисија. Потврдивме дека Северна Македонија е исто како Република Северна Македонија и тоа нема никакви импликации и територијални претензии кон соседите, а Северна Македонија се однесува на државата. Потврдивме дека не само што не се мешаме во внатрешните работите на земјите, обострано не се мешаме ниту во малцинските права. Усвоивме декларација за јакнење на пријателските врски и конекции“, рече Заев.
Тој посочи дека за македонскиот јазик, како и за македонскиот идентитет, не се дискутирало, ниту ќе се дискутира.
„Да, имаме два слично но различни и меѓународно признати јазици. Да, двете земји веруваме дека имаме заедничка историја и да, потврдуваме дека постојат луѓе кои веруваат дека сме припадници на ист народ, како што постојат и многу други луѓе кои сметаат дека сме засебни и посебни како народи. Сето тоа не повикува да се поддржуваме во процесите кои доаѓаат. Не го отворивме прашањето на нашиот идентитет и нашиот македонски јазик. Драго ми е што правото на идентитет не е на маса и нема да дозволиме да биде на маса. За идентитетот наш македонски и македонскиот јазик не се дискутира“, додаде Заев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

