Македонија
Заев и Касами сè уште без договор, неизвесен почетокот на седницата за уставните измени
Седницата за уставните измени, која беше закажана па одложена, денеска може и воопшто да не се одржи. Неофицијално, се остава простор за уште еден обид за постигнување договор на премиерот Заев со Беса на Касами кога претпладнево не успеале да најдат решение за прецизна формулација на државјанството, како што бараат од оваа албанска опозициска партија.
Неофицијално, еден од предлозите за кои се обидувале да се договорат е наместо терминот „македонско“, во документите на албански јазик да пишува „од Македонија/граѓанин на Република Северна Македонија“ по инсистирањето на Беса на Касами да се разграничи државјанството од етничката припадност. Со овој предлог неофицијално би се интервенирало во уставниот закон, но тоа не било прифатливо за осумте независни пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.
Во оваа насока беше и изјавата на премиерот Заев утринава, кој рече дека иако не знае колку пратеници ќе дадат поддршка за уставните измени, се надева дека ќе биде постигнато двотретинското мнозинство.
„Беса е принципелно поставена во однос на идентитетот. Од другата страна се осумтте пратеници, кои будно следат што ќе се случува со идентитетот. Државјанството е ‘македонско/граѓани на Република Северна Македонија’. Се наоѓаат технички формулации како да биде државјанството ‘македонско/граѓани на Република Северна Македонија’, но да се обезбеди другите да не почувствуваат дека се обесправени и дека се Македонци“, рече Заев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Центар
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм на улицата Тодор Александров бб, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Тодор Александров, Партениј Зографски и Периша Савелиќ, општина Центар.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 10:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од улицата Ловќенска, општина Карпош.
Македонија
Променливо облачно и студено со сончеви периоди, повремено ќе дува засилен северен ветер
Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од -13 до -5, а максималната ќе достигне од -4 до 3 степени.
Во Скопје, променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, претпладне во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе се спушти до -9, а максималната ќе достигне до 2 степена.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно и суво време со студени утра и утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни. Во вторник наместа дневните температури ќе се задржат негативни, а од среда ќе бидат во постепен пораст. Од средината на седмицата по котлините ќе има услови за појава на магла.

