Македонија
Заев и Николовски со писмо до пратениците: Корупцијата мора да се казнува во сите редови на власта
Премиерот Зоран Заев и вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата, Љупчо Николовски, доставија писмо упатено до претседателот на Собранието, Талат Џафери, и до целиот пратенички состав, кое ја нагласува важноста на законодавниот дом во процесите поврзани со борбата против корупцијата и криминалот.
Како што информираат од владината прес-служба, во писмото се посочува на потребата од единство во носењето на Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси, заедно со Акцискиот план за нејзино функционирање.
„Тргнуваме од потребата да се елиминираат пречките и да го унапредиме системот, односно да обезбедиме институциите секогаш да стојат во првите борбени редови против корупцијата. Институциите да обезбедат укажување, спречување, препознавање и санкционирање секаков вид корупција во сите редови на власта без исклучок. Со ова писмо ви се обраќаме вам, почитувани пратеници, како клучна алка за донесувањето на потребната законска рамка и регулатива и како одговорни за контролата и надзорот врз институциите на извршната власт и на независните тела, со апел и молба да ги приоретизирате овие процеси и да дадете дополнителен импулс кој ќе го помогне системското справување со корупцијата“, стои во писмото од Заев и Николовски.
Воедно, во писмото премиерот и вицепремиерот изразуваат благодарност до сите пратеници за досегашните напори, со апел за уште посилен интензитет за поддршка и учество во реформскиот процес.
„Поддршката на законските измени кои произлегуваат од Планот за борба против корупција, но и на Националната стратегија, со консензус, ќе прати јасна и недвосмислена порака кон граѓаните чија доверба ја имаме токму за ваквата борба за подобар живот. Таков консензуален чекор ќе биде чуен и виден од граѓаните како државнички и одговорен. Но, ќе ја покаже и спремноста на сите видови власти да застанат на иста страна со граѓаните“, се посочува во писмото.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

