Македонија
Заев на работна вечера со германски парламентарци: Имаме поддршка за прва меѓувладина конференција до крајот на годинава
Премиерот Зоран Заев, придружуван од министерот за надворешни работи Бујар Османи, oствари работна вечера со пратениците во германскиот Бундестаг, Нилс Шмит од СПД и Јирген Харт од ЦДУ.
Како што се наведува во владиното соопштение, на средбата премиерот Заев и министерот Османи ги презентирале политичките позиции на Северна Македонија во очекување на првата меѓувладина конференција со ЕУ, како и напредокот постигнат во речиси сите области кои веќе ги нотираше Европската Комисиј
Германските парламентарци пренеле позитивните ставови и поддршка од нивните политички партии, кои се и коалициони партнери во германската Влада, кон евроинтеграцијата на Северна Македонија.
Истовремено изразиле големо задоволство од интензивната билатерална соработка меѓу двете пријателски држави, како и очекување и поддршка за одржување на првата меѓувладина конференција со ЕУ во време на германското претседателство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд
Времето денес ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд.
Наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 30 l/m² за 24 часа) со услови за појава на невреме со грмежи и силен ветер. Преку денот ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 19 степени, јавува УХМР.
Во Скопје, променливо облачно, со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен јужен ветер. Максималната температура ќе достигне до 18 степени.
Македонија
Дел од улицата Партение Зографски денес без струја
ЕВН Македонија извести дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од ул.Партение Зографски од раскрсницата со ул.Рилски Конгрес до Бул. Тодор Александров ( општина Центар )
Македонија
Поради сообраќајка во прекин сообраќајот на патот Битола-Државна граница со Грција
Во 20:00 часот на крак А-3 Битола – Државна Граница со Р.Грција во близина на крстосница за с.Бистрица и с.Оптичари, случена е сообраќајна незгода, поради што сообраќајот на патниот правец Битола – Држ. граница е во прекин и истиот ќе се пренасочи низ.с.Бистрица и с.Породин соопшти АМСМ.

