Контакт

Македонија

Заев на средба со европскиот комесар Аврамопулос: Реформите во безбедносниот сектор се успешно спроведени

Објавено пред

Претседателот на Владата, Зоран Заев, придружуван од министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, вечерва се сретна со европскиот комесар за миграции, внатрешни работи и државјанство, Димитрис Аврамопулос, придружуван од амбасадорот на ЕУ во земјата, Самуел Жбогар.

На средбата се поздравени успешните политики на МВР и на Владата во делот на јакнење на капацитетите и соработката со ЕУ за справување со илегалната миграција и за направените безбедносни реформи. Констатирано е дека нашата држава ги исполни бараните стандарди од ЕУ и порачано е нашата држава да го задржи лидерството во реформскиот процес. Пренесена е пораката дека Република Северна Македонија ја има поддршката од Европската комисија, која потврди дека нашата држава заслужува отворање на преговарачкиот процес.

На средбата заеднички е констатирано дека европските интеграции се важни како за стабилноста на нашата земја така и на регионот.

„Работиме на спроведувањето на реформите и очекуваме да бидат вреднувани постигнатите резултати како дома така и во добрососедските односи. Почетокот на преговорите на Република Северна Македонија со ЕУ ќе овозможи проширување на соработката во борбата со криминалот и корупцијата, што ќе има резултати и на регионално ниво“, рече премиерот Заев.

На состанокот, претседателот на Владата, Заев, му се заблагодари на европскиот комесар Аврамопулос за изразената поддршка за напредокот и интеграциските перспективи на Република Северна Македонија.

Европскиот комесар Димитрис Аврамопулос е во Скопје за дводневниот министерски форум ЕУ – Западен Балкан за правда и внатрешни работи, организиран под покровителство на финското претседателство со ЕУ.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Хуманитарен концерт за лекување на Јана Арсовска во Скопје

Објавено пред

Утре во A1 арената во Скопје ќе се одржи хуманитарен концерт на 2Бона и Мили од соседна Србија, а дел од собраните средства ќе бидат донирани за лекување на Јана Арсовска од Охрид. Билетите се по цена од 450 и 800 денари, а почетокот на концертот е закажан за во 20 и 30 часот.

Јана (33) боледува од премногу редок тип на канцер и по двете трансплатации на коскена срцевина и беше предложено итно лекување со имунотерапија. Ова барање беше одбиено од Фондот за здравство, а пресудата од Управниот суд ФЗО повторно да го разгледа случајот беше обжалена од фондот со што на Јана и се одмога, наместо да и се помогне од институциите. Со месеци се чека одлуката од вишиот управен суд на Република Македонија, а Јана во меѓувреме е во клиника во Солун, бидеќи после 10 месеци без никаков третман и терапија мораше да започне со големата битка за консолидирање на нејзината здравствена состојба.

„После неколку месеци од почетокот на акцијата беа собрани околу половина од средствата, поради што ги замолуваме сите хумани луѓе истата да продолжи и да и овозможиме на Јана се што е можно и најдобрата можна опција во битката против опасната по живот премногу ретка болест. Таа е многу храбра и одлучна да продолжи да живее, но имајќи предвид дека институциите потфрлија, повеќе од потребна и е помошта и дадената надеж од сите хумани луѓе“, вели семејството на Јана.

Прикажи повеќе...

Македонија

Заев: Мотивацијата и храброста на Јане е инспирација за олеснување на животот на луѓето со ретки болести

Објавено пред

„Покажавме дека ако се сака, сè се може, мораме да наоѓаме начини да им помогнеме на нашите деца, на младите, да видат дека државата се грижи, дека е тука заради нив, да им помогне и да останат тука, заедно со своите роднини и пријатели да ја градат нашата иднина“, му рече премиерот Заев на младиот Јане Велковски на денешната средба во Владата, на која присуствуваа и неговите родители и министерот за здравство, Венко Филипче.

Единаесетгодишниот Јане е едно од седумте лица со спинална мускулна атрофија (СМА), за кои државата го обезбеди лекот „Спинраза“, најсовремена терапија во светот за лекување на оваа болест и тој веќе прими две терапии, од лекот кој како што информираа неговите родители има одлични резултати за запирање на прогресијата на болеста. Јане Велковски на јавноста и е познат и како говорник на Глобалниот самит во Обединетите нации во Њујорк, по повод Светскиот ден на детето, каде како претставник на децата од нашата земја, упати порака дека сите се еднакви и треба така и да го живеат животот, без бариери и ограничувања.

Јане порача дека навистина е среќен што се лекува во својата земја и изрази задоволство дека не се исполнил предлогот на неговите родители да се иселат од земјава, во потрага по лекот за неговата болест.

Јане на премиерот Заев му подари топка, на која се испишани целите на „УНИЦЕФ“ и заедно со министерот Филипче разговараа за неговите впечатоци од учеството на самитот на УНИЦЕФ во Њујорк и средбите со славни личности. На премиерот Заев и министерот Филипче им подари и врамени фотографии од тие официјални средби со посвета.

Прикажи повеќе...

Македонија

МАРГИНИ: Управата за водење на матичните книги се изживува со лицето Икс, не му дозволува промена на полот

Објавено пред

Коалицијата МАРГИНИ информира дека Управата за водење на матичните книги на лицето Икс повторно му доставила решение со кое се прогласила за ненадлежна да ја промени ознаката за пол во матичната евиденција, со што, како што велат, ја погазува пресудата против Македонија на Европскиот суд за човекови права.

Од коалицијата потсетуваат дека и покрај тоа што уште во 2011 година транслицето добило одобрение од Министерството за внатрешни работи за промена на името и презимето во личните документи, Управата го одбила неговото барање за промена на ознаките за пол и матичниот број. Од 2011 година случајот трипати се нашол пред Управниот суд, при што судот во два наврата ја усвоил тужбата на транслицето и ја задолжил Управата да донесе законско решение врз основа на домашното законодавство и праксата на Европскиот суд за човекови права, односно пресудата „Х против Северна Македонија“.

„Управата продолжува да се прогласува ненадлежна спротивно и на одлуката на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен, со која се потврдува дека токму Управата има надлежност да постапува во конкретниот случај особено имајќи предвид што досега Управата изврши промена во три други случаи. Врз основа на тужбата поднесена од правниот тим на коалицијата МАРГИНИ и лицето Икс, во јануари оваа година Европскиот суд за човекови права донесе одлука против државата со која се утврди повреда на правото на приватен живот, а Управата при Министерството за правда беше посочена како одговорна за повреда на правото поради донесување произволни одлуки во врска со барањето за промена на податоците. Во јуни оваа година Владата ја задолжи Управата да постапи според пресудата на ЕСЧП и во најкус рок да одлучи позитивно и да дозволи промена на ознаката за пол. Очигледно, г. Јетмир Фета и неговиот тим не се согласуваат со овие одлуки или, пак, со нечија партиска надлежност се сметаат за богови, па и покрај утврдената повреда на правата на страна на лицето Икс, одбиваат да ја спроведат пресудата“, велат од коалицијата.

Од таму велат дека Управата, односно Јетмир Фета, е директно одговорен за штетите што ги трпи лицето Икс и продолжува да го отежнува неговото секојдневно живеење. „Како резултат на ваквите произволни одлуки на кафкијански службеници, лицето Икс не може да се вработи и да заработува за живот без да го открие својот родов идентитет и да трпи дополнителна штета; не може да патува надвор од границите на државата, да добива, без страв и ризик од навреди и осуда, услуги во разни институции, да се движи слободно и еднакво како секој граѓанин на оваа претпоставено демократска земја“, велат од МАРГИНИ.

Од таму бараат итна и неотповиклива промена на раководството на Управата и, како што велат, прекинување на молкот и толерирањето вакви поединци, кои газат врз правниот систем единствено како резултат на меѓупартиски договори во владината коалиција.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Објавени аудиоснимки поврзани со „Рекет“: „Не знам, куферот со пари не е кај Заев“

На јутјуб-каналот U6e Big се појавија нови аудиозаписи поврзани со случајот „Рекет“. На нив се слуша глас кој личи на...

Македонија2 часа

По 33 години постоење, згасна охридскиот атлетски маратон

По 33 години постоење, згасна охридскиот атлетски маратон. Ова го потврди досегашниот организатор Пецо Неданов, кој на „Фејсбук“ објави дека...

Свет3 часа

Разбиена мрежа на педофили, снимале силување бебиња, уапсени 33 лица во 11 земји

Заедничката акција на полициските сили во дури 11 држави доведе до апсење 33 лица осомничени за малтретирање деца, прикажување, добивање...

Македонија3 часа

Речиси половина милион жители во нашата држава немаат постојан пристап до храна

Честопати Северна Македонија е ставена на листата со рекордери во загуби на храна и отпад од храна, а истовремено се...

Свет5 часа

Шведска лекарка ја врати Нобеловата награда за мир како протест поради Хандке

Шведската лекарка и писателка Кристина Доктаре, која ја доби Нобеловата награда за мир во 1988 година како членка на мировните...

Свет5 часа

(Видео) Најмалку шест лица загинаа во пукање во Њу Џерси

Најмалку шест лица, меѓу кои и еден полицаец и двајца осомничени вооружени лица, загинаа во повеќечасовно пукање кај гробиштата и...

Регион5 часа

Шестмина мигранти починаа од студ на грчко-турската граница

Шестмина мигранти починаа од студ на грчко-турската граница. Тие се пронајдени во регионот Еврос, на грчко-турската граница, во периодот од...

Македонија17 часа

Владата даде рок до петок – на увид ги бара сите информации за зачувувањето на статусот на УНЕСКО

Владата ја разгледа и усвои Информацијата за степенот на реализација на препораките на Реактивната мисија на УНЕСКО од 2017 година,...

Македонија18 часа

Предлог-законот за висока раководна служба оди во Собрание

На предлог на Министерството за информатичко општество и администрација, Владата го утврди текстот на предлог – законот за висока раководна...

Свет19 часа

Се подготвува масовен каталонски протест во пресрет на дербито Барселона – Реал Мадрид

Каталонската платформа „Демократско цунами“ ги повика заговорниците за независност на Каталонија за масовни протести по осум дена пред стадионот „Камп...

Регион20 часа

Хрватските возачки дозволи во иднина ќе важат и во САД, Канада, Аргентина …

Парламентарците денеска го поздравија пристапувањето на Хрватска во Конвенцијата за патен сообраќај, односно Женевската конвенција, со која ќе се овозможи...

Македонија23 часа

Благајничката на Камчеви: Со обезбедување дојдов во менувачницата, а парите ги претворив во евра

По паузата во Кривичниот суд во Скопје, продожи судењето за предметот „Рекет“, сведочеше благајничката на семејството Камчеви, Мирјана Бошковска. Таа...

Македонија1 ден

„Екосвест“: ТЕЦ „Битола“ ги надминува дозволените вредности за емисии на токсични супстанции

Државите од Западен Балкан ги надминуваат граничните вредности за емисии во воздухот од термоелектраните на јаглен договорени со Енергетската заедница...

Македонија1 ден

Руте: Албанија не е подготвена, а Северна Македонија е поблиску до почнување преговори со ЕУ

Холандија не се спротивставува на проширувањето на ЕУ, рече премиерот на Холандија, Марк Руте, кој верува дека Албанија во моментот...

Македонија1 ден

Камчева: Боки 13 беше како специјален јавен обвинител, тој знаеше сè

Во продолжението на судењето за случајот „Рекет“, сопругата на Орце Камчев, Ана Камчева, рече дека 350 илјади евра за рекет...

Македонија1 ден

(Видео) Сведок во „Еразмус“: Шуклев бараше секс или пари од студентки за преодна оценка

Ексвработениот во бифето на Економскиот факултет, Дејан Трајковиќ, кој е сведок во случајот „Еразмус“, во судницата рече дека професорот Бобек...

Македонија1 ден

(Видео) Заев и Шекеринска: Овој носач на авиони веќе е дел од нашата одбрана

Претседателот на Владата, Зоран Заев, и министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, оценија дека сме дел од најмоќната воена и политичка...

Македонија1 ден

(Видео) Камчева: Во стан во Капиштец ми бараа милиони евра за сопругот

Сопругата на бизнисменот Орце Камчев, Ана Камчева, го почна сведочењето за случајот „Рекет“. Камчева рече дека на 9 ноември 2018...

Свет1 ден

Ардерн: Има прашања што мора да бидат одговорени, размерите на трагедијата се катастрофални

Премиерката на Нов Зеланд, Џакинда Ардерн, истакна дека има прашања што мора да бидат поставени и одговорени по ерупцијата на...

Свет1 ден

Военото воздухопловство на Чиле потврди дека авионот се урнал, во тек е потрага

Военото воздухопловство на Чиле соопшти денеска дека воениот авион, кој претходно синоќа исчезна од радарот, се урнал. Воздухопловството се огласи...

Досие