Македонија
Заев на средба со францускиот премиер: Во интерес на двете земји е продлабочувањето на билатералните односи
Претседателот на Владата, Зоран Заев, на маргините на Самитот за Западен Балкан во Познањ оствари средба со претседателот на Владата на Република Франција, Едуар Филип. На средбата присуствуваа и вицепремиерот Бујар Османи и министерот за надворешни работи, Никола Димитров.
Заев во рамки на средбата истакна дека земјата е целосно посветена на остварување на ЕУ-агендата и дека во таа насока се остварени сите неопходни очекувања од земјата испорачани на минатогодишниот состанок на Европскиот совет.
„Врз основа на остварените препораки од јуни минатата година, за остварување на зацртаните реформи во правосудството, борбата против организираниот криминал, реформата на безбедносните служби и во јавната администрација, дојде и препораката од Европската комисија за безусловен старт на преговорите на ЕУ со Република Северна Македонија“, потенцираше премиерот Заев на средбата со францускиот премиер.
Истакна дека земјата ги исполни сите реформски и политички очекувања, вклучувајќи ги и уставните промени за името на земјата и дека за испорачаното земјата очекува и исполнување на ветувањето на Европскиот совет за почеток на преговорите во октомври.
„Таквата одлука ќе биде јасна порака и за другите во регионот дека вреди да се вложува во реформите и во унапредувањето на билатералните односи во регионот, како и во регионалната соработка. Ја поддржуваме дебатата за реформи во ЕУ, но убедени сме дека тој процес може да оди паралелно со процесот на преговори и за проширување со земјите од регионот“, нагласи премиерот Заев.
Францускиот премиер Едуар Филип на средбата го нагласи заедничкиот интерес што го делат Франција и Северна Македонија да работат на продлабочување на билатералните односи и на економската соработка. Францускиот премиер ја изрази поддршката за напорите за продолжување на зацртаните реформи за владеење на правото, изрази честитки за договорот од Преспа и имплементирање на придобивките од новата добрососедска реалност што ја оствари земјата со соседите во регионот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

