Македонија
(Видео) Заев не верува дека спорот за името ќе се реши за две недели

Посакувам, но не верувам, дека спорот за името со Грција ќе биде решен за две недели, изјави премиерот Зоран Заев коментирајќи ја изјавата на еврокомесарот Јоханес Хан дека Скопје и Атина може да се договорат во следните 15 дена.
„Убаво е за две недели да го решиме, тоа ќе значи почеток на автоматската покана за НАТО третата недела од денеска преку ратификацијата во земјите членки. Но, верувам дека се работи за недели пред нас и мислам дека две недели се премалку“, рече Заев на заедничката прес-конференција со поранешниот генерален секретар на НАТО, лорд Џорџ Робертсон.
Тој потсети дека утре ќе остварат средба министрите за надворешни работи на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас, па речиси, како што рече, познато е како ќе се разговара и до каде очекуваат да завршат.
„Генерално, тоа што јас го очекувам е да направиме максимални напори до одлуката на Советот на Европската Унија затоа што сигурни сме дека ако имаме решение дотогаш, покрај тоа што заслужуваме, ќе добиеме дефинитивни и најсилни гаранции оти ќе добиеме датум за преговори“, рече Заев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Жителите на Трнодол најавуваат протести и тужба против градоначалникот

Жителите на Трнодол најавуваат протести ако Општина Карпош не го повлече детално урбанистичкиот план кој, како што велат, може да предизвика лизгање на големи земјани маси поради градење во заштитно зеленило под брдото, кој го загрозува сообраќајот и кој отвора можност за градежна инвазија и градење на населба која навлегува во заштитното подрачје на Парк-шумата Водно.
Жителите на оваа скопска населба најавуваат тужби против општината и градоначалникот Стефан Богоев. Тие велат дека општината ја закажала јавната седница за утре во 15 и 30 часот и бараат наместо тогаш да се одржи по 17 часот кога би можеле да присуствуваат повеќе жители, со оглед на тоа што на повеќето работното време им е до 16 или 17 часот.
„Веќе е поднесена преставка пред уставниот суд за преиспитување на носење на новиот регулациски план донесен во јуни 2018 година од страна на Град Скопје и каде на чуден начин е поделена населбата и споена со т.н. Шпанско село, а сè со цел да може да се издејствува помала густина на населението. На тој начин ќе може да се вцртуваат нови градби, без ограничувања и без да се запазат законските нормативи за сообраќај и живеење. Целата постапка е контравезна уште од самиот почеток кога во сред лето беше распишана јавна презентација со непрофесионално изработениот предлог ДУП, а сега пред нова година пред славата свети Никола се брза да се донесе ДУП , кој може да предизвика лизгање на големи земјани маси поради градење во заштитно зеленило под брдото и во заштитниот канал од поплави. Истовремено се загрозува и сообраќајната безбедност на улица Козле и Трнодол, како и отварање на можност за градежна инвазија и градење на населба, која навлегува во заштитното подрачје на Парк шумата Водно, а која ќе се протега над контравезното Шпанско село и над населбите Трнодол, Жданец и Козле , а до која е планирано да се пристигнува преку планираната јужна обиколница и сервисниот пат кои треба да поминува низ самата населбата Трнодол по несоодветни и тесни улици“, велат жителите.
Со еден збор, додаваат тие, се планира нова населба која би била копија на онаа околу бившиот хотел „Панорама“ а која повеќе би наликувала на Дебар Маало отколку на Парк- шума како што засега се именува.
Според нив, спорен детал се и маркиците за градба кои се директно позиционирани врз каналот што ги собира водите од планината, а планираните петкатници ќе го загрозат слободниот проток на води во случај на големи дождови и дополнително ќе го поткопаат брдото.
„Затоа од градоначалникот се бара да биде совесен и разумен и да го повлече предолжениот ДУП и согласно позитивните законски прописи за безбедно станување да предложи до советот на општината да донесе мораториум за градба и издавање дозволи за градба во ризичното подрачје како што се брдата под Трнодол и Жданец. За оваа опасност постои истражување од 2010 година нарачано од Општината и уште едно испитување кое реализирано од германската амбасада. Резултатите од тие испитување се дека населбата Трнодол лежи на потенцијално нестабилна почва. Затоа задача на Општината е да го заштити брдото со пошумување, зацврсти со шипови, да го регулира течењето на водите во каналите и заштити од ерозија со ново пошумување бидејќи во овој потег има преку 120 исушени дрвја, како и да да преиспитаат сомнителните потпорни зидови под брдото позади двете веќе изградени згради на улица Козле“, велат жителите.
Спротивно од ветувањата пред минатите избори, велат тие, дека ќе се смени начинот на узурпирање на јавниот простор и заштита на Парк шумата Водно, градоначалниците продолжуваат со неразумно служење на градежните профитери.
Македонија
За една недела казнети 263 возачи за непрописно паркирање во Општина Центар

ЈП Паркинзи на Општина Центар во текот на минатата недела казни 263 возачи за непрописно паркирање.
Во периодот од 09 до 15 декември, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 151 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 112 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани.
„ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка со цел да се доведе во ред сообраќајниот хаос и проблемот со непрописното паркирање на комерцијалните и резидентните паркиралишта и улици“, велат од Општината.
Македонија
Утрово магливо и постудено, попладне сончево

Времето денеска претпладне по одделни котлини ќе се задржи магливо и постудено. Преку денот ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Максималната температура ќе достигне до 9 степени.
- Забава3 месеци
Дошла на преглед поради постојан замор, а докторите ѝ рекле дека ќе умре за 72 часа
- Книги2 месеци
Промоција на „Небо во кафез“ од Д.А. Лори
- Црна хроника2 месеци
Се урна тераса во Скопје – повредени татко и неговите три малолетни деца
- Hitech3 месеци
(Видео) Возач и совозач во „тесла“ спијат додека автомобилот вози со 100 на час
- Култура1 месец
Десет најчести прашања и одговори за програмата „Креативна Европа медиа“ на „Синедејс“
- Македонија6 дена
Јовановски до Камчева: Се сеќавате ли дека подготвувавте посебни вечери за мене
- Свет1 месец
(Видео) Полицаецот кој го уапси синот на Ел Чапо убиен со 150 куршуми
- Македонија2 недели
Јовановски: Вештачењето на камерата од моите родители ќе покаже кој замина со торбата и каде