Македонија
Заев: Не допираме во туѓите корења и идентитети и не сакаме некој да ги допира нашите
„Не чепкаме во други корења и идентитети, не сакаме никој да ги чепка нашите“, вака премиерот Зоран Заев го објасни компромисот со Бугарија, со објаснување дека вратите на историјата треба да се подзатворат и да се гледа сегашноста. Според Заев, Бугарија треба да остане предводник на евроинтеграциите на Западен Балкан, бидејќи тоа е во корист на нашата држава.
„Пријателите требада имаат разбирање едни со други. Јас ќе одам таму и ќе понудам поддршка. Бугарија во 2018 година свика Европски самит за Западен Балкан и го сврте вниманието на земјите членки на ЕУ“. Според него, Бугарија треба да остане предводник на евроинтеграциите на Западен Балкан, вклучително и на Северна Македонија. „Секако, секој пат нашиот став ќе биде разбирањето, во 21 век, во кој живееме. Ако навистина сме пријатели, јас често кажувам и браќа, браќата меѓу себе си помагаат, подаваат рака, имаат разбирање еден со друг“, рече Заев.
Тој е дециден дека за македонскиот народ, макдонскиот јазик и корењата – нема да се преговара. Заев тврди дека тоа го кажал и во Брисел, со барање Европа да биде Европа.
„Кажуваме дека историјата е важна, но треба да ја оставиме на историчарите. Ние треба да ја потпомогнеме. Вратите на историјата треба да ги подзатвориме и да дадеме шанса на иднината, отворајќи ги прозорците на иднината. Бидејќи, ќе се создаде провев, ќе ни ја оддува сегашноста. Тоа е политиката што ја водиме во моментот, со целосна почит на историјата, како појдовна основа, гаранција на сегашноста или иднината. Компромисот е дека секоја страна има свои ставови и треба да остави времето, историјата да ги решава. Македонскиот јазик и народ отидоа и во Брисел и секаде каде што треба, ако е за преговори, не преговараме. Појасно од тоа, не знаеме како да кажеме. Секое наше чувство е наше право. Не само идентитетот или македонскиот јазик, туку и корењата, историјата. Не чепкаме во други корења и идентитети, не сакаме да ги чепне никој нашите. Ги чуваме сите идентитети? Сакам и нашиот да е сочуван. Бараме Европа да биде Европа, а ние ќе испорачуваме аргументи за да нè поддржува“, додаде премиерот Заев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

