Македонија
Заев од Бутел: Македонската економија е стабилна, државата е тука за своите граѓани и општините

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Зоран Заев, се обрати на граѓанската трибина „Најдоброто за мојата општина” од каде порача дека македонската економија е стабилна и дека државата е тука и за општините и за секој човек.
„Платите пораснаа за над 6.000 денари, и просечната и минималната, за три пати повеќе отколку во времето на ВМРО-ДПМНЕ. И ќе растат. За три месеци – минималната плата ќе биде 18.000 денари, а просечната над 30.000 денари. Платите, пензиите и поддршката од државата и натаму ќе растат, ќе бидат поголеми од потребните трошоци за живот. Од 2022 година државата ќе ги покрива придонесите за нововработените млади и ќе има и плус стимулации. Уште повеќе ќе ја намалиме младинската невработеност. ВМРО-ДПМНЕ ја остави на 42%, ние ја намаливме на 29%. Со новите мерки ќе ја донесеме под 25%“, рече Заев.
Најави нови инвестиции, нови работни места.
Заев истакна и дека инвестициите од централната власт стратешки ќе се употребат за нови работни места и за повисоки плати за секого.
„Обезбедуваме рамномерен развој во сите региони со планска распределба на централните инвестиции. Ќе го поддржиме развојот на малите бизниси, посебно на дефицитарните бизниси во општините, за да се развиваат и да ги има во поголем број – тоа е нашата мисија. Стимулираме развој на претприемништвото на локално нивo, јавното-приватно партнерство овозможува долгорочен економски развој. Сите региони и општини ја имаат оваа централна власт за свој партнер и пријател“, посочи тој.
Подвлече дека се инвестира во сите региони, без никаква дискриминација.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Обезбедени 13,7 милиони евра за заостанати обврски, започна модернизација на Армијата

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека СДСМ за време на своето седумгодишно владеење не само што била неспособна да реализира големи проекти, туку и редовните обврски кон вработените во Армијата и Министерството за одбрана биле системски занемарени. Според партијата, СДСМ со години не исплаќала надоместоци предвидени со закон, што резултирало со бројни тужби.
Со преземањето на власта, ВМРО-ДПМНЕ обезбедила 13,7 милиони евра за исплата на заостанатите обврски, вклучително и регрес за годишен одмор. Ќе бидат наградени 436 војници кои се бореле со пожарите минатото лето. За модернизација на Армијата годинава се одвоени 106 милиони евра, што е за 18 милиони повеќе од лани. Донесен е и нов Закон за вработените во Министерството за одбрана со цел подобрување на нивниот статус и мотивираност.
Македонија
И денес температури до 40 степени, од среда заладување и ветер

Времето денес ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Во попладневните и вечерните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, наместа во форма на краткотрајно невреме со засилен ветер и изолирана појава на град, јавува УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 32 до 40 степени.
Во Скопје, сончево и многу топло, попладне со мала до умерена нестабилна облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 40 степени.
До вторник ќе се задржи многу топло време со дневна температура наместа и над 40°C. Локална појава на нестабилност ќе има и во првите два дена од следната седмица, кога ќе дува умерен, а во западните делови засилен ветер од југозападен правец. Во среда и четврток ќе дува засилен северен ветер, кој ќе предизвика значително опаѓање на дневната температура, а претежно во северните делови во среда ќе има локални врнежи од дожд.
Македонија
ЦУК: Пожарот во Самоков веднаш изгаснат, објектите на фабриката не беа во опасност

Пожарот во Самоков е локализиран и веднаш изгаснат. Во ниту еден момент немаше опасност од негово ширење кон објектите на фабриката Самоков, соопшти Центарот за управување со кризи.
Од РЦУК Македонски Брод претходно стигна информација дека е настанат пожар во населбата Самоков, во фабриката „Сувенир“, а опожарен е магацин со хемикалии. Во информацијата беше наведено дека електричната енергија во фабриката е исклучена.