Контакт

Македонија

Заев од Гевгелија: Вечерва заврши пописот, попишани се преку 99 отсто од граѓаните

Објавено пред

Вечерва во 20:00 часот заврши пописот, попишани се преку 99 отсто од граѓаните, попишани се околу еден милион 860 илјади граѓани, околу 570.000 домаќинства и околу 840.000 станбени единици, нека ни е честито, покажавме кој има капацитет, а кој нема капацитет, порача вечерва лидерот на СДСМ и премиер Зоран Заев пред граѓаните на Гевгелија.

Заев истакна дека само за три години се реализирало нешто што со децении не било возможно да се реализира.

„На 30-ти септември – пред три години, на Денот на референдумот, на патот кон добрата иднина, 610.000 граѓани, незапаметена бројност на излезени граѓани, на некое изборно изјаснување досега, достоинствено излегоа на гласање и заокружија ЗА – за Договорот од Преспа, ЗА – за НАТО, ЗА – за ЕУ. Од независноста до денес, не постои политичка понуда, опција, партија или идеја, којашто добила повеќе гласови на кој било изборен циклус. На 30-ти септември, денес, по три години, Република Северна Македонија, целиот наш народ, сите граѓани, секој од нас, секој од вас, сите – имаме голем заеднички успех! После 20 години, имаме успешен попис! Народе мој, ова се гигантски успеси. Да сме горди на себе, со право сме горди – за само три години, тоа што било невозможно со децении – денес се непроценливи вредности, во нашите раце: во едната рака ни е НАТО, во другата рака – успешен попис. Нека е аирлија!“ рече Заев во Гевгелија.

Македонија

(Видео) Заев од Арачиново: Режимот денес го нема, ниту ќе дозволиме да се врати

Објавено пред

Претседателот на СДСМ на денешната граѓанска трибина ‘‘Најдоброто за мојата општина ‘‘ пред арачиновци вети дека развојот на Арачиново ќе продолжи како и досега, бидејќи СДСМ е партија која не ги дели ниту луѓето, ниту пак општините и додаде дека Арачиново ќе биде европска општина, како и сите останати општини.

„ И освен што го унапредивме Арачиново за 2 века, одржавме лекции по заедништво на оние другите кои глумат разбудени од деценискиот сон – демек ја разбрале вредноста на заедништвото. А сите знаеме, не се одамна тие времиња, во коишто истите овие кадри од криминалната банда на Груевски, меѓу кои и Мицкоски, го подриваа соживотот, за да го одвлекуваат вниманието на јавноста и слободно да крадат. А потоа други да одговараат. Е тоа го има само во режимот, ама режимот денес го нема, ниту ќе дозволиме да се врати“- рече Зоран Заев.

Заев потенцирање дека Арачиново е пример дека сите заедно можеме да живееме, да се сакаме и да се почитуваме, што претставува клуч за успехот и напредокот не само на општинити, туку и на државата.

„ Нашата сила е во заедништвото. А заедништвото е Најдоброто и за Арачиново и за Република Северна Македонија. И затоа – си знаете и вие – на 17 октомври: пенкалото в рака и како што заедно срушивме режим, да не оставиме ни зрак „светла иднина на режимот“, да му го запечатиме местото во минатото, а ние, заедно, повторно со пекналото в врака, да го донесеме НАЈДОБРОТО“ – додаде Заев.

Заев го поздрави досегашното менаџирање на градоначалничката Миликије и даде поддршка да продолжи да работи како и досега и повеќе, и од доброто и подоброто, да го сработи Најдоброто за Арачиново.

„ Миликије памети од детството, како вашите, нашите предци тука, сакале да живеат во мирна, спокојна средина, со сите потребни услови за квалитетен живот. Од запоставено Арачиново, поделено, без елементарни услови за живеење, Миликије сплоти и сработи. Ете вакви луѓе ни требаат, кои соработуваат, кои градат мостови и најважното – работат, се грижат – се грижат за сите“ рече Заев и побара од арачиновци на 17 ти октомври да победи заедништвото, проектите, напредокот и демократијата, да победи Најдоброто за Арачиново.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мицкоски: Излезете на гласање и вие разочараните и вие што до сега сте бојкотирале

Објавено пред

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на вечерашниот предизборен митинг во Свети Николе упати повик до разочараните гласачи и тие кои досега ги бојкотирале изборите процеси да излезат и да го дадат својот глас затоа што сите граѓани во Македонија имаат заеднички противник, а тоа е Зоран Заев.

Мицкоски до оние кои досега бојкотирале и не го давале гласот за ниедна партија им порачува да не дозволуваат да пропадне нивниот глас.

„Некогаш неодговорната власт не е само последица на лошите особини на челните луѓе и првенците на власта, туку и поради игнорирањето и незаинтересираноста на добрите луѓе да учествуваат во политиката, тоа се луѓето кои одбрале да молчат кога требало да бидат гласни, да викаат“, изјави Мицкоски.

Мицкоски ги повика да излезат за да се уверат дека не се сите исти, дека ВМРО-ДПМНЕ се бори за подобра иднина и против криминалот на Зоран Заев, затоа што останувањето дома не дава плод.

„Излезете на овие избори, излезете в недела, на 17 октомври, и поддржете нè, поддржете го бројот 7, гласајте се ВМРО-ДПМНЕ и најголемата коалиција, коалицијата со народот“, нагласи Мицкоски.

Прикажи повеќе...

Македонија

Пендаровски во Стокхолм се сретна со претставници на Шведската агенција за меѓународна соработка и развој – СИДА

Објавено пред

Претседателот Стево Пендаровски за време на работната посета на Кралството Шведска денеска во Стокхолм се сретна со претставници на Шведската агенција за меѓународна соработка и развој – СИДА, претставници на Нобеловата фондација, како и на водечките политички организации и институти и тинк – тенк организации.

На средбата со Марие Отесон, заменик генерален директор на Шведската агенција за меѓународна соработка и развој – СИДА, претседателот Пендаровски беше запознаен со приоритетите на новата седумгодишна стратегија за реформска соработка на Кралството Шведска за земјите од Западен Балкан. Целта на програмата е доближување на овие земји со Европската Унија и надополнување на активностите на ЕУ фокусирани на основните реформи. Во таа насока, претседателот Пендаровски изрази благодарност до Владата на Кралството Шведска за помошта којашто нашата држава ќе ја добие за унапредување на повеќе области меѓу кои се човековите права, демократија, владеење на правото и родова еднаквост, одржлив еколошки и климатски развој и инклузивен економски развој.

Претставниците на Нобеловата фондација, пак, со претседателот Пендаровски разговараа за активностите од годинешното доделување на Нобеловата награда. Видар Хелгесен, извршен директор на Нобеловата фондација го информираше претседателот Пендаровски за едукативните програми за ученици и наставници чија цел е да послужат како инспирација за идните генерации да се стекнат со знаења и да го разберат и подобрат светот.

На средбата со претставници на водечки политички организации и институти и тинк – тенк организации претседателот Пендаровски изрази благодарност за континуираната развојна соработка и поддршка од Кралството Шведска за зајакнување на капацитетите на институциите на Северна Македонија, особено во областа на демократијата и владеењето на правото.

Претседателот Пендаровски, исто така, ја нагласи и улогата на шведските политички фондации, институти и тинк – тенк организации во институционалниот развој и внатрешната демократизација на политичките партии и политичкото образование.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ1 час

Приведено лице за давање поткуп за гласови во општина Лозово

Во општина Лозово денеска е приведено 50-годишно лице кое нудело пари на гласачи за претстојните избори. Според информациите на МВР,...

Топ3 часа

Украден сеф со 84.000 денари од Поштата во Миладиновци

Украден сеф со 84.000 денари од Пошта во село Мичадиновци. „ На 14.10.2021 во 8:40 часот во Полициското одделение Петровец...

Свет4 часа

(Видео) Американски разорувач спречен да влезе на руска територија

Американски разорувач се обиде да ја наруши државната граница на Русија во Јапонското Море, а беше спречен во тоа од...

Свет4 часа

(Видео) Британски пратеник избоден со нож до смрт додека држел говор во црква

Британски пратеник од Конзервативната партија, сер Дејвид Ејмс денеска беше избоден со нож неколку пати по што почина, објавија британските...

Македонија7 часа

9 починати и 413 нови случаи на Ковид-19 во последните 24 часа

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 3.025 тестирања, а регистрирани се 413 нови случаи на...

Топ10 часа

Четворица повредени во превртениот автобус во Битола

Четири лица се повредени во несреќата што утрово се сучи во Битола кога се преврте автобус со работници од фабриката...

Македонија12 часа

(Видео) Спасовски: Мирните и демократски избори ја обезбедуваат иднината на нашата држава

Мирните и демократски избори ја обезбедуваат иднината на нашата држава. Затоа и ве поканувам во еден празничен изборен дух да...

Македонија12 часа

Во Македонија активни 6.602 случаја на коронавирус

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 195.963, бројката на оздравени пациенти е 182.473,...

Македонија12 часа

Последен ден од предизборната кампања

Денеска е последниот ден од предизборната кампања за локалните избори што ќе се одржат в недела. Агенцијата за аудио и...

Македонија1 ден

Ученици од 364 основни и 109 средни училишта треба да бидат тестирани на Ковид-19

Во рамките на активностите за превентивни тестирања со цел рано детектирање и превенција од Ковид-19 во основните и средните училишта,...

Македонија1 ден

Град Скопје ќе им додели по 100.000 денари на семејствата на загинатите во пожарот во Тетово

Поради трагичниот пожар во модуларната ковид-болница во Тетово, Советот на Град Скопје се состана уште еднаш за да гласа за...

Македонија1 ден

Заврши привремениот престој во земјата за група Авганистанци, заминаа за Франција

Група од 10 граѓани од Авганистан, кои привремено беа згрижени во Македонија, заминаа синоќа од Меѓународниот аеродром „Скопје“. Прибежиште им...

Економија1 ден

(Видео) Заев: Спроведуваме политики што обезбедија стабилност и раст и во услови на Ковид-19

Западен Балкан во постковид-светот: Кој е вистинскиот пат до стабилност и просперитет?, е темата на самитот на Западен Балкан во...

Свет1 ден

СЗО формира нов експертски тим за утврдување на потеклото на коронавирусот

Светската здравствена организација формира нова експертска група за тестирање опасни патогени, која, како што проценува, е последна шанса да се...

Свет1 ден

Курц: Не сум робот, туку човек со грешки и мани

Лидерот на Австриската народна партија (ОВП), Себастијан Курц, кој поднесе оставка на функцијата канцелар поради истрагата против него и луѓето...

Регион1 ден

Мирна ноќ во Косово и Метохија – повлечени барикадите

Ноќта во Косово и Метохија помина мирно. Барикадите што граѓаните од северот на Косово и Метохија ги поставија во текот...

Регион1 ден

Вучиќ: Ќе го одбраниме нашиот народ на Косово и Метохија, нема повлекување

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, објави фотографија на својот инстаграм-профил под која напиша: „Ќе ги браниме нашите луѓе на Косово...

Свет2 дена

(Видео) Најмалку петмина загинати во нападот во Норвешка, напаѓачот е Данец

Најмалку пет луѓе загинаа во вчерашниот напад во Норвешка, а уште двајца се повредени, јавија локалните медиуми. Меѓу повредените, кои...

Свет2 дена

(Видео) Пожар во зграда на Тајван, 25 загинати и 44 се повредени

Најмалку 25 луѓе загинаа, а 44 се повредени во пожар што зафати 13-катна зграда во јужниот дел на Тајван. Зградата...

Регион2 дена

Докторка од Словенија за 50 евра издавала лажни потврди за прележан Ковид-19

Докторка од Помурје во Словенија издавала лажни потврди за прележан коронавирус за 50 евра. Случајот го истражува и Лекарската комора...

Досие