Македонија
Заев од партискиот Конгрес: Македонскиот идентитет е обезбеден и признат од целиот свет
Во скратен мандат, за помалку од три години постигнавме многу, на речиси сите полиња, рече претседателот на СДСМ, Зоран Заев во обраќањето на 25. Конгрес на СДСМ.
„По решавање на спорот со Грција во интерес на двете држави, по Договорот со Бугарија, после темелниот демократски и реформски пресврт во земјата, се отворија вратите на евроатлантската перспектива. Денес сме 30 земја членка на НАТО, остваривме една од двете стратешки цели. Денес, Северна Македонија е еднаква и рамноправна со останатите 29 земји членки на најсилниот воено-безбедносен сојуз. Имаме обезбеден и признат македонски национален идентитет од целиот свет. Македонскиот јазик е впишан во нашата лична карта во ОН, имаме држава со имотен лист“, рече Заев.
Тој нагласи дека очекувањата на патот кон ЕУ е одржувањето на првата меѓувладина конференција и започнување на преговарачкиот процес. Силна поддршка за тоа, вели Заев, меѓу другите имаме и од нашите пријатели од Партијата на европски социјалисти. Токму оваа европска партија пред неколку денови донесе заедничка изјава со која од Советот на ЕУ бара, преговарачката рамки со Северна Македонија да биде усвоена до 10 ноември, а првата меѓувладина конференција да се одржи до крајот на оваа година.
„Драги пријатели од ПЕС, ви благодариме на оваа силна поддршка. Нашето членство ви благодари, нашиот народ ви благодари“, порача Заев.
Претседателот на СДСМ и премиер се осврна и на постигнувањата на домашен план, особено во делот на економијата и спраување со последиците од коронавирусот.
„Покрај на надворешен план, остваривме сериозни успеси и дома. Веднаш се фативме во костец со долгогодишните проблеми и еден по еден ги решававме во интерес на граѓаните. Преку сериозен и одговорен процес, преку политики отворени кон и за сите граѓани, успеавме сериозно да ги зголемиме платите во нашата држава. Денес, минималната плата е повисока за 5.500 денари, а просечната за над 4.700 денари споредено со 2017 година. Сериозно ја намаливме стапката на невработеноста, а ја зголемивме социјалната помош и креиравме мерки за трајно извлекување од сиромаштија. Ја вративме демократијата, слободата и правдата во државата, градиме силен правосуден систем кој ефикасно и неселективно се бори против секаков вид на криминал и корупција“, смета Заев.
Во врска со коронавирус, тој вели дека и ние и светот се соочивме со досега непозната состојба која барала внимателност, но и решителност и подготвеност брзо, ефикасно и навремено да се дејствува.
Заев оценува дека биле преземени навремени чекори кои првенствено имале за цел ублажување на првите удари врз здравствениот систем.
„Паралелно со здравствените мерки, носевме и економски мерки и политики за помош и поддршка на граѓаните и стопанството. Справувањето со последиците од коронавирусот останува врвен приоритет за владата и институциите што ги предводиме. Посветени сме да го заштитиме сечие здравје, да спасиме што повеќе работни места, да помогнеме на што повеќе граѓани и компании и тоа ќе го правиме уште повеќе во следниот период.“ порача Заев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Стаменкоска Трајкоска-Клеин: Соработката со Унгарија е пример за вистинско партнерство
Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, денес во просториите на општината оствари средба со амбасадорот на Унгарија во Република Македонија, Андраш Клеин. Во рамките на разговорот, таа ја претстави својата визија за развој на општината, а посебно беше нагласена подготвеноста за унапредување на долгогодишната соработка меѓу општината и Унгарија.
Соговорниците посебен акцент ставија на продолжувањето на традицијата на чествување на Шандор Петефи, чија биста е поставена во новиот парк во Драчево. И годинава ќе продолжат активностите поврзани со неговото одбележување, а најавен е и конкурс за учениците од основните училишта, посветен на теми од унгарската историја и државност.
-Преку вакви проекти не само што го унапредуваме урбаниот и културниот живот во Кисела Вода, туку и ги зајакнуваме врските меѓу македонскиот и унгарскиот народ. Нашата соработка со Унгарија е пример за вистинско партнерство и верувам дека и во иднина ќе реализираме уште многу заеднички иницијативи-истакна градоначалничката Стаменкоска Трајкоска.
На средбата присуствуваше и претседателот на Здружението на Унгарците во Македонија-Теледом, Јожеф Шутуш, кој ја потврди долгогодишната соработка и одличните релации со Општина Кисела Вода, како основа за понатамошно зближување и заеднички развој.
Македонија
Мицкоски: Над 160 проекти се предвидени во образованата инфраструктурa
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, во текот на посетата на Кратово и реновираната спортска сала, одговарајќи на новинарско прашање за тоа дали оваа година ќе има инвестиции во образовната инфраструктура, изјави дека се предвидени повеќе од 160 проекти во областа на образованието.
„Па да. Впрочем, и овој објект е дел од тие инвестиции, би рекол. Инаку, повеќе од 160–170 проекти ширум државата се предвидени за инвестирање во делот на образованието, училишта, студентски домови, итн, нешто што претставува императив за оваа Влада“, рече Мицкоски.
Премиерот истакна дека за година и половина, повеќе од 65 милиони евра се инвестирани во образованието и дека продолжуваат со нови инвестирања во оваа област.
„Инаку чисто за да споменам, последно што го разгледувавме, беше дека за година и половина, повеќе од 65 милиони евра се инвестирани во образованието, а од тие некаде околу 56–57 милиони се дел од програмата АА. Така што образованието е еден од нашите главни приоритети како Влада. Продолжуваме и понатаму да инвестираме, бидејќи без квалитетно и добро образование нема иднина“, изјави тој.
Македонија
Mицкоски очекува добри вести во наредните денови од САД
Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека очекува наскоро добри вести за македонските граѓани од САД.
Тој појасни дека суспендирањето на визите за 75 земји, меѓу кои и Македонија, не ги опфаќа визите за потребите на студирањето и туристичките посети, туку само оние кои се однесуваат на имиграција.
„Мислам дека во деновите кои следат ќе има добри вести за македонските граѓани кога станува збор за ваквов тип на односи помеѓу нашиот стратешки партнер“, рече Мицкоски.
Во таа насока изрази и разочараност од однесувањето на опозицијата.
„Жалам што опозицијата, по жестоките и рафални критики кон Обединетото Кралство, тоа го прави сега и со САД. Неодамна кога беа наметнати оние трговски тарифи од 30 до 35 отсто, истите тие кои јас ги нареков талог на општеството во политиката поитаа да го навредуваат САД, а ги немаше да се извинуваат кога стапката се намали на 15 проценти“, рече премиерот.
Мицкоски очекува позитивен исход.
„Јас би бил внимателен и трпелив и очекувам добри вести“, додаде.

