Македонија
Заев од Хераклеа: Денеска имаме татковина со сите аршини
На последниот ден од кампањата, претседателот на СДСМ и носител на кандидатска листа на пратеници во ИЕ4, Зоран Заев вечерва се обрати на граѓанска трибина и коалицијата „Можеме“ којашто се одржа на археолошкиот локалитет Хераклеа во Битола.
„Дојдов во Битола на 3 дена до изборите, да ви донесам една убава вест. За 3 дена победува број 3. Обединети во трите свети нешта, Вера, надеж за подобра иднина, љубов кон татковината, кон нашиот народ, кон младите. Ако ме прашате зошто ја одбравме Битола во последниот ден од кампањата, би рекол дека крајот го краси делото, затоа што Битола отсекогаш била и останала многу важна, инспиративна и голем предизвик за мене и мојата партија.
Пред граѓаните тој се осврна на постигнатите меѓународни успеси на државата овие три години.
„Денеска имаме целосно признаен македонски јазик од целиот свет, денеска имаме целосно признат македонски идентитет. Денеска имаме татковина со сите аршини. Веќе не броиме колку држави не имаат признаено. Не признаваат сите“, рече Заев.
Претседателот на СДСМ ги повика битолчани да излезат масовно во среда на 15 јули, на изборите кои ќе бидат целосно безбедни по здравјето, да ги почитуваат мерките на заштита и да изберат сигурност со заокружување на бројот 3 и глас за СДСМ и коалицијата „Можеме“.
„Гласањето на 15 јули ќе биде безбедно! Се носи голема одлука, одлучуваме дали ќе одиме напред или ќе се враќаме назад?“, истакна Заев пред битолчани.
„Да гласате Битола, Северна Македонија отвори прекрасен коридор пред себе, да не се враќаме назад кон мрачното минато, во изолацијата и безизлезноста“, повика Заев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода утре делови од Карпош и Кисела Вода
Без вода утре ќе останат делови од Карпош и Кисела Вода, информира Регионалниот центар за управување со кризи.
„Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека на ден 30.12.2025 година ( вторник ):
· поради отстранување дефект на водоводна мрежа со пречник од ф-100 мм на ул. Нобелова крстосница со ул. Хелсинки, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците: Нобелова, Виенска, дел од ул. Хелсинки и дел од ул. Лондонска. (Општина Карпош)
· поради изведување приклучок на водоводна мрежа со пречник од ф-100 мм на ул. Жил Верн бр. 10, од 10:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул. Жил Верн и ул. Есенинова. (Општина Кисела Вода)“, информира РЦУК.
Македонија
Утре без струја делови од Петровец, Студеничани, Сопиште и Ѓорче Петров
Утре без струја ќе останат некои од корисниците од општините Петровец, Студеничани, Сопиште и Ѓорче Петров, информира Регионалниот центар за управување со кризи.
„Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, на ден 30.12.2025 година ( вторник ) без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од с. Ќојлија. (Општина Петровец)
· од 08:30 до 09:30 часот, корисниците од селата: Драчевица и Цветово. (Општина Студеничани)
· од 08:55 до 09:55 часот, корисниците од селата: Горно Соње, Долно Соње , Чифлик и Света Петка. (Општина Сопиште)
· од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Веле Марков. (Општина Ѓорче Петров)
· од 12:30 до 14:30 часот, корисниците од дел од улиците: Димо Хаџидимов и Христо Татарчев. (Општина Кисела Вода)“, информира РЦУК.
Македонија
Утре претпладне сончево со мала до умерена облачност, попладне со услови за слаб локален снег
Утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне и кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми и ќе има услови за слаб локален снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 0, а максималната ќе достигне од 3 до 11 степени.
Во Скопје, претпладне ќе биде сончево, попладне ќе има зголемување на облачноста. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 10 степени.
Под влијание на студена воздушна маса во среда ќе дува засилен до силен северен ветер што ќе услови и дневната температура на повеќе места да остане под нула. Во четврток ќе дува умерен до засилен северен ветер, а во петок ветерот ќе го смени правецот во јужен и ќе има услови за слаб дожд и снег на планините. За време на викендот ќе биде претежно сончево со пораст на температурата.

