Македонија
Заев: Постојат шанси за успех со заштита на сите наши интереси
Премиерот Зоран Заев верува дека постои решение за евроинтеграциите по бугарското вето, до кое би стигнале без конфликти и со заштита на нашите интереси.
На социјалните мрежи Заев напиша дека работите ќе ги придвижиме сигурни во македонскиот идентитет.
„Немаме друга алтернатива, освен европскиот пат. Владата постапува рационално, без конфликти да стигнеме до решение. Тоа е европскиот начин. Тоа е македонскиот начин. Сакам целиот наш народ да знае дека има можности и постојат шанси за успех, притоа заштитувајќи ги сите наши интереси. Сигурни во македонскиот идентитет, ќе ги придвижиме работиме“, напиша Заев.
Немаме друга алтернатива освен европскиот пат. Владата постапува рационално, без конфликти да стигнеме до решение. Тоа е…
Posted by Zoran Zaev on Wednesday, November 18, 2020
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Николоски: Од јануари нов пакет од 250 милиони евра владина поддршка, општините да подготвуваат нови проекти
Од почетокт на следната година општините да започнат да подготвуваат проекти за инфраструктура што ќе се финансираат од новиот пакет од 250 милиони евра, поддршка за општините, порача вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.
Тој истакна дека од владината поддршка од 100 милиони евра, голем дел од општините веќе распишале тендери за поднесените проекти и се очекува истите уште од следниот месец да започнат да се реализираат.
„Најголем дел од општниите кои што добија средства од Владата и тоа најголем дел преку Министерството за транспорт веќе ги распишаа јавните набавки и тие се активни во овој момент. Очекуваме на почетокот на декември да имаат избрано изведувачи и доколку не послужи времето да почнат и во декември да работат.
Гледате дека воведуваме иновативни методи за работа, на пример на автопатот Охрид – Кичево ќе се работи цела зима преку таканаречено зимско асфалтирање. Така што со слични иновативни методи очекувам и општините во текот на зимата да работат и да се гледаат брзо резултатите, а веќе од јануари да се подготват за еден голем пакет од 250 милиони евра за проекти“, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.
Македонија
Македонски Концепт: Бараме поддршка од стручната јавност и претприемачите за балансиран буџет
„Потребата од одговорното управување со јавните финансии, стои највисоко во нашите политики, за што како политичка партија Македонски Концепт бараме поддршка од стручната јавност и претриемачите за конечно донесување на балансиран буџет во Република Македонија. Тоа значи намалување на буџетскиот дефицит и јавниот долг, со цел да избегнеме прекумерно задолжување“, велат од Македонски Концепт.
„Подржуваме политики за рационализација на трошоците, строго управување со јавните средства и минимизирање на непотребните или неефикасни трошоци. Одржување на ниски даноци за да се поттикне економската активност, балансирање на приходите преку проширување на даночната основа и легализација на сивата и делови од црната економија.
Доколку ја немаме вашата поддршка, ние не сме во можност да спроведуваме политики кон обезбедување на долгорочна економска стабилност и одржливост на јавните финансии. Особено не ќе можеме да го ограничиме владиното вмешување во економијата и ставање на акцент на вас претриемначите, со цел приватниот сектор да стане двигател на растот. Само со заедничко дејствување, можеме да постигнеме зголемена отчетност и транспарентност во управувањето со јавните ресурси, за да ја спречиме корупција и злоупотребите на владините функционери.
Оваа филозофија на соработка помеѓу политичката партија и претриемачите е особено важна за Македонија како земја која се соочуваат со фискални предизвици, со цел да обезбедиме економска стабилност и доверба кај граѓаните и инвеститорите. Вие сте на потег. Ние стоиме на ваше располагање“, соопшти Македонски Концепт.
Македонија
Заев е единствениот политичар од Западен Балкан што Меркел го споменала во мемоарите, пишува германски новинар
Поранешниот македонски премиер, Зоран Заев е единствениот жив политичар од Балканот кого поранешната германска канцеларка, Ангела Меркел, експлицитно го споменува во своите меморари, пишува германскиот новинар Михаел Мартенс од „Франфуртер алгемајне цајтунг“ во својата објава на „Икс“.
Меркел го опишала поранешниот премиер како храбар и решителен, открива новинарот додавајќи дека таа не ги спомнува ниту српскиот претседател Александар Вучиќ, ниту премиерот на Албанија, Еди Рама, ниту Бојко Борисов ниту поранешниот српски претседател Борис Тадиќ. Не се споменува ниту поранешниот австриски канцелар Себастијан Курц.
Мемоарите на Ангела Меркел насловени како „Слобода“ беа промовирани во Берлин, по три години откако таа ја напушти функцијата.
Former Austrian chancellor Sebastian Kurz: not mentioned. Former Greek finance minister Giannis Varoufakis: same. On the Western Balkans, the only (living) politician Merkel mentions in her memoirs is Zoran Zaev, whom she calls “courageous and determined”. That is about it.
— Michael Martens (@Andric1961) November 26, 2024