Македонија
Заев со италијанскиот амбасадор: Република Северна Македонија ѝ припаѓа на Европа
Претседателот на Владата, Зоран Заев, се сретна со Андреа Силвестри, новиот амбасадор на Република Италија, при што истакна дека местото на Северна Македонија е во Европа.
На состанокот е изразена поддршка од Италија за евро-атлантските интеграции на нашата држава. Констатирано е дека Република Северна Македонија историски, географски, културно и политички ѝ припаѓа на Европа и се изразени очекувања дека нашата држава ќе продолжи да се движи по европскиот пат.
Заев се заблагодари за искреното и традиционално пријателство со Република Италија и искажа определба за продлабочување на билатералната соработка, особено на економски план, за што е оценето дека постои заинтересираност од двете страни.
„Европските вредности им се потребни на нашите граѓани и ние продолжуваме да ја развиваме државата според овие принципи. Посветени сме на развојот на добрососедските односи преку договорите со Грција и со Бугарија, има имплементација на Охридскиот рамковен договор, градиме едно општество за сите граѓани и сега цениме дека е време за фокусирана посветеност кон економијата, здравството, образованието и во областите што директно се однесуваат на квалитетот на живот на граѓаните во земјата“, рече премиерот Заев.
На состанокот заеднички е оценето дека Италија може да помогне во реформите во правосудството и владеењето на правото, а е разговарано и за соработка во областа на здравството.
Премиерот Заев на средбата со амбасадорот Силвестри упати покана до италијанскиот премиер Џузепе Конте за официјална посета на нашата држава кога ќе биде проценето дека постојат услови за тоа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сончево време со температута од 17 степени, за утре метеоролозите најавија повремени локални врнежи од дожд
Времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на утринска магла по одделни котлини. Попладне облачноста ќе се зголеми и ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5, а максималната ќе достигне од 13 до 17 степени.
Во Скопје, претпладне сончево со мала до умерена облачност, а попладне променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец сончево со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 17 степени, јавува УХМР.
Во следните денови ќе преовладува сончево и релативно топло време со мала до умерена облачност, освен во четврток кога ќе има повремени локални врнежи од дожд. Утре и во четврток по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos

