Македонија
Каракачанов: Ревизија на образованието и надминување на говорот на омраза, па преговори за Северна Македонија
Бугарскиот вицепремиер Красмир Каракачанов истакна дека бугарската влада се придржува кон потпишаниот договор за пријателство и добрососедство, како и до рамковната позиција потврдена со декларација од бугарскиот парламент.
Без надминување на говорот на омраза, без јасна ревизија на образовниот систем заснован на лажни факти, Каракачанов е категоричен, нема начин Бугарија да се согласи да се закаже првата меѓувладина конференција за почнување на пристапните преговори за Република Северна Македонија кон ЕУ.
Тој вели дека никој не извршил притисок врз бугарската влада, а германското претседателство досега само го изразило ставот за посредување, доколку е потребно, во разговорите меѓу двете земји, пренесе БГНЕС.
„Прво, немало притисок врз бугарската влада. Второ, во разговорите со претставниците на Република Северна Македонија, Бугарија го потврди својот јасен став дека сме ‘за’ членството на Македонија во ЕУ, но веруваме дека договорот од 1 август 2017 година не се спроведува“, рече Каракачанов и даде пример со застојот на работата на историската комисија и публикациите со антибугарски содржини.
„За жал, владејачката коалиција во Скопје верува дека по отворањето на вратата за НАТО, Бугарија може да биде под притисок или од други политички причини да се согласи да ги укине својата позиција од минатата година и декларацијата на парламентот. Од наша страна постојано беше објаснето дека владата нема намера и не може да ја прескокне одлуката на бугарскиот парламент бидејќи Бугарија е парламентарна република. За нас, прашањето останува отворено“, додаде вицепремиерот.
Каракачанов во вторникот даде и кратка хронологија на настаните за неодамнешните разговори со македонската делегација.
„Тие траеја долго, од утро до доцна попладне. Следниот ден, среда, имаше онлајн-конференција, на која присуствувавме Екатерина Захариева и јас како вицепремиери овластени да ги водиме овие разговори. Тие имаа претставници на исто ниво. Не дојдовме до никаква нова одлука поради неподготвеноста на нашите колеги од Скопје да ги прифатат многу јасно одредбите утврдени во бугарската рамковна позиција “, рече Красимир Каракачанов пред пратениците.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Градоначалникот Георгиевски на увид во реконструкцијата на игралиштето за мал фудбал во Текија, општина Илинден
Увид во работните активности за реконструкција на игралиштето за мал фудбал во рамки на подрачното општинското основно училиште во населено место Текија направи градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски.
Како што истакна градоначалникот Георгиевски и на ова фудбалско игралиште целосно ќе биде обновен асфалтниот слој, проширување на теренот, ќе биде поставено лед осветлување, обновување на заштитната ограда, а ќе бидат поставени нови голови, клупи, корпи за отпадоци, просторот ќе биде партерно уреден. Со обновувањето на игралиштето ќе се создадат услови за реализација на часовите по физичко образование како и комплетно реконструиран, убаво уреден простор каде младите во спортски дух ќе го поминуваат слободното време, соопшти општина Илинден.
Покрај реконструкцијата на игралиштето за фудбал ќе се обнови и детското игралиште во рамки на училиштето, односно оштетените реквизити ќе бидат заменети со нови.
Со цел уредување на секое населено место како и создавање квалитетни и безбедни услови за жителите, општина Илинден продолжува со реконструкција на постоечките и изградба на нови спортски терени и во останатите населени места, се наведува во соопштението.
Македонија
СДСМ: Ја слушнавме пораката од граѓаните и ја прифаќаме, ќе продолжиме да се бориме
„СДСМ ја слушна пораката од граѓаните и ја прифаќа. Ние ќе продолжиме да се бориме за секој граѓанин, за прогресивна и европска иднина на Македонија. Резултатот на изборите на 8 мај сè уште не е одлучен“, велат од СДСМ.
„Со десничарите може да се соочиме со мрачни сценарија од минатото, кои ќе стават крај на европските перспективи и кои водат во нова долга изолација и нови поделби во општеството.
Веќе се гледа дека ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ играат опасна игра со мултиетничкото ткиво на нашето општество. Тензиите што се сега се прават меѓу Македонците и Албанците може да нè вратат назад во грдото минато.
Затоа е исклучително важно граѓаните да излезат и да гласаат на 8 мај, за напредна држава, држава во која ќе имаме подобар животен стандард. Нема откажување од иднината!“, соопшти СДСМ.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот
180.000 гласа разлика во корист на Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ пред Пендаровски и СДС е порака дека народот сака промени и крај на понижувањата, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.
„Народот не поддржува политика на понижување на Македонија. Граѓаните јасно кажаа дека се против криминалот на СДС и ДУИ. 7 години Македонија тоне на секое поле. На почеток на секоја учебна година немаше учебници за учениците, за болните немаше лекарства, за земјоделците немаше откуп. Народот не се чувствуваше безбеден, криминалот царуваше по улиците“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Како што истакнуваат, народот не сака да живее повеќе во несигурност.
„Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот. Победата во вториот круг ќе биде уште поголема, а СДС и Пендаровски, заедно со нивните газди од ДУИ никогаш повеќе нема да бидат во позиција да го понижуваат народот. Македонија повторно твоја“, завршуваат од ВМРО-ДПМНЕ.