Македонија
Заев – Џаферовиќ: Северна Македонија и БиХ имаат заедничко минато и определба за заедничка иднина
Премиерот Зоран Заев денеска ја прими делегацијата на Претседателството на Босна и Херцеговина, која во еднодневна работна посета на нашата земја ја предводи членот на Претседателството, Шефик Џаферовиќ.
Премиерот Заев на средбата истакна дека посетата на членот на Претседателството на оваа земја, Шефик Џаферовиќ, е резултат на континуитетот и на исклучително позитивните и традиционално блиски односи на двете земји.
Заев и Џаферовиќ на средбата истакнаа дека двете земји ги поврзуваат и заедничките интереси и вредности, како што се членството во НАТО и ЕУ, и во таа насока премиерот Заев нагласи дека Северна Македонија е подготвена да го сподели со Босна и Херцеговина искуството од пристапниот процес до полноправно членство во северноатлантската алијанса.
Премиерот Заев истакна дека е од особено значење што оваа посета се остварува на денешен ден, на Меѓународниот ден на Бошњаците, и го информира членот на Претседателството на Босна и Херцеговина, Џаферовиќ, дека доаѓа од увидот од последната фаза на изградбата на мостот „Цвет на Сребреница“, кој и симболички и реално поврзува две населени места во нашата земја во кои доминантно живеат нашите сонародници од бошњачката заедница заедно со припадници на други заедници од македонската, албанската и други заедници.
На средбата беше потенцирано дека и двете земји препознаваат силни потенцијали за унапредување на економската соработка и изразија подготвеност да продолжат подготовките за воспоставување авионска линија меѓу Сараево и Скопје, која беше прекината поради пандемијата и од која се очекува да ја поттикне комуникацијата меѓу двете земји.
Заев и Џаферовиќ на средбата се согласија дека Северна Македонија и Босна и Херцеговина имаат многу блиски врски од минатото и дека имаат заеднички определби и за заедничка иднина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСМ да не користи трагедии како во минатото за добивање на политички поени, реагира ВМРО-ДПМНЕ
Срамно и безобразно е соопштението од страна на СДСМ во однос на трагедијата која се случи во скопски Карпош, оценува ВМРО-ДПМНЕ.
„Истата партија СДС, да потсетиме дека обично кога се во опозиција, трагедиите ги користи стрикно за собирање на политички поени, а не за да покаже емпатија. Случајот со Нешковски, малата Тамара, Диво Насеље, Смилковско езеро и многу други, се случаи кои СДС пред да дојде на власт со Заев и Филипче, ветуваше правда и велеше дека ќе обелодени некаква вистина која била криена по повод овие трагедии. СДС со Заев и Филипче, кога дојдоа на власт, заборавија на се како да имаат амнезија.
Затоа, за оваа тема, која ја потресе цела јавност, ги замолуваме СДС да не ја користат за политички поени. За разлика од порано, разликата е во тоа што сега работите се кажуваат гласно и транспарентно, а виновниците имаат имиња и презимиња.
ВМРО-ДПМНЕ упатува сочувство до семејствата на жртвите и посакува да не се случуваат вакви трагедии во иднина“, се вели во реакцијата.
Македонија
Од Пинтија до Драчево ќе се гради современ булевар со четири ленти
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски најави дека почнува реализацијата на изградбата на булеварот Борис Трајковски.
Објавена е јавната набавка, а по завршување на законската постапка, градежните работи се очекува да почнат за околу 40 дена. Рокот за изведба е до крајот на календарската година.
Проектот опфаќа изградба на современ булевар во должина од 850 метри, со четири коловозни ленти и безбедна пешачко-велосипедска патека, на потегот од трафостаницата во Пинтија до кружниот тек во Драчево. Со ова трајно ќе се реши долгогодишниот сообраќаен проблем со кој секојдневно се соочуваат над 100.000 граѓани.

Надлежните апелираат за трпение за време на градежните активности, нагласувајќи дека привремените отежнувања ќе донесат долгорочно, квалитетно и безбедно сообраќајно решение за сите граѓани.
Македонија
СДСМ бара оставка од Тошковски по трагедијата во Карпош
СДСМ побара оставка од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски по трагедијата во скопската населба Карпош, каде што починаа мајка и дете.
Од партијата велат дека случајот покажал сериозни пропусти на институциите во заштитата од семејно насилство.
„Институциите биле алармирани, имале сознанија и индиции за ризик, но со нивната несоодветна реакција не ги заштитиле жртвите“, наведуваат од СДСМ.
Од партијата оценуваат дека потфрлил институционалниот систем, вклучително и МВР и центрите за социјална работа.
Тие потсетуваат и на случајот во Велес, каде пред неколку месеци беше убиена млада жена заедно со нејзиниот татко, и покрај претходни пријави за насилство.
„Само во 2026 година изгубени се четири животи поради родово базирано и семејно насилство“, наведуваат од СДСМ.
Партијата бара оставка од Тошковски и темелна истрага која, како што велат, ќе утврди одговорност кај сите службени лица од МВР, центрите за социјална работа и другите надлежни институции.

