Македонија
Заев: 24 декември е паметник за вистинското лице на насилничката и режимска матрица на ВМРО-ДПМНЕ
Слободата и демократијата немаат цена. Пред осум години, на денешен ден, беа нападнати македонската демократија, пратениците и Собранието под удар на режимската репресија. 24 декември, црниот понеделник, е паметник за вистинското лице на насилничката режимска матрица на ВМРО-ДПМНЕ, вели премиерот Зоран Заев.
„Таквиот однос кулминира години подоцна, на 27 април, со насилниот упад во законодавниот дом и обидот за убиство на пратеници, новинари и вработени во Собранието. Денеска, осум години подоцна, многу работи се променети во нашата татковина. Собранието денеска е дом каде што царува дебатата, а не насилството. Ја живееме слободата. Новинарите слободно и независно известуваат, пратениците слободно работат, без стрв од упади и насилни исфралања. Редот, правдата и дисциплината се нови вредности“, напиша Заев на „Фејсбук“.
Денес, додаде тој, кога живееме во слобода, во демократија и еднаквост, испраќаме порака – датумите како 24 декември да останат врежани во колективната свест за да потсетуваат на погрешното.
„Никогаш да не се заборави црниот понеделник и да не се повтори. Режим – никогаш повеќе!“, напиша Заев.
На 24 декември 2012 година пратениците од опозицијата и новинарите беа исфрлени од Собранието од страна на собраниското обезбедување по што овој ден беше наречен црн понеделник за македонската демократија.
Опозицијата тогаш се обидуваше да го спречи донесувањето на буџетот за 2013 година со образложение дека не била почитувана процедурата и дека во комисиите не биле разгледани амандманите што тие ги поднеле. Во зовриена атмосфера во салата влезе собраниското обезбедување и со примена на сила ги отстрани од салата опозициските пратеници, а отстранети беа и новинарите што седеа во галеријата.
Тензично беше и пред зградата на Собранието, каде што се најдоа и приврзаниците на власта и на опозицијата, а меѓу нив беше поставена полицијата за да спречи евентуален конфликт.
Европскиот суд за човекови права и слободи во февруари 2017 година одлучи во корист на новинарите Насер Селмани, Наташа Стојановска, Фросина Факова, Снежана Лупевска, Билјана Богдановска и Тони Ангеловски, кои физички беа отстранети од собраниската седница.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утре претпладне сончево со мала до умерена облачност, попладне со услови за слаб локален снег
Утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне и кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми и ќе има услови за слаб локален снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 0, а максималната ќе достигне од 3 до 11 степени.
Во Скопје, претпладне ќе биде сончево, попладне ќе има зголемување на облачноста. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 10 степени.
Под влијание на студена воздушна маса во среда ќе дува засилен до силен северен ветер што ќе услови и дневната температура на повеќе места да остане под нула. Во четврток ќе дува умерен до засилен северен ветер, а во петок ветерот ќе го смени правецот во јужен и ќе има услови за слаб дожд и снег на планините. За време на викендот ќе биде претежно сончево со пораст на температурата.
Македонија
Новогодишни пакетчиња од Општина Битола за штитениците, децата од центарот за рехабилитација
Традиционално и годинавабеа доделени новогодишни пакетчиња од Општина Битола за штитениците- децата од ЈЗУ Центар за рехабилитација на патологија на вербалната комуникација-Битола.
Дедо Мраз предизвика радост кај децата, а од името на Општина Битола празниците им ги честиташе секретарот на општината Борче Димитровски.
Во овој Центар кој работи со деца со посебни потреби денеска беше предновогодишно весело.
Македонија
Втора вечер од „Новогодишна приказна“ во Кисела Вода: Либеро Бенд, Антониа Гиговска и Оле Поцкова во парк Шопен
По успешниот старт на „Новогодишната приказна“, која вчера ја исполни oпштина Кисела Вода со енергија и убаво расположение, вечерва во паркот „Шопен“ продолжува програмата наменета за сите генерации и вкусови, соопштија од општината.
Настанот е отворен за сите граѓани, а посетителите ќе имаат можност да уживаат и во празничниот амбиент со новогодишни куќарки, украси и содржини наменети за целото семејство.
Втората вечер започнува во 19 часот и ќе ја отвори Оле Поцкова од „Зевзекманија“ со монодрама. Потоа сцената, после 20 часот ќе им припадне на Либеро Бенд, а вечерта ќе ја заокружи настапот на Антониа Гиговска. Водител на настанот е Миро Кацаров. Општина Кисела Вода ги поканува сите граѓани да се приклучат на втората вечер од „Новогодишната приказна“ и да уживаат во празничниот амбиент со своите најблиски.

