Македонија
(Видео) Почна седницата за гласање доверба на Владата, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ со транспаренти
Почна седницата за гласање доверба на Владата. Опозицијата се врати во Собранието, а пред речиси секој пратеник има транспарент на кој пишува што не исполнила Владата на Заев.
Барањето за гласање го поднесе опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Иако првично беше потпишано од 41 пратеник, на барањето се потпишал и Иван Стоилковиќ од Демократската партија на Србите во Македонија, со што до Собранието е доставено со 42 потписи.
Според опозицијата, Владата предводена од СДСМ и ДУИ нема капацитет за водење на институците. Во барањето се наведува и дека Владата работи за партиските интереси, а во изминатите десет месеци не е остварен ниту еден од проектите и реформите што ги ветуваа во предизборието.
Претседателот на Владата пред гласањето има право да се обрати пред пратениците во Собранието. За да се изгласа недоверба, потребено е опозицијата да собере 61 глас.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Кисела Вода, Сопиште и Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00-13:00 часот дел од улицата Архитект Сотир Томовски, општина Кисела Вода;
· од 09:00-11:00 часот корисниците од село Гврлево, општина Сопиште;
· од 09:00-15:00 часот корисниците на ул. 101 во населба Волково, општина Ѓорче Петров.
Македонија
Без вода денеска дел од Бутел
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-225мм на Радишанска Лево бб (Бел Камен), општина Бутел, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Променливо облачно, во утринските часови повремен локален дожд, а во текот на денот кратки сончеви периоди
Времето денеска ќе биде променливо облачно, во утринските часови со повремен локален дожд, а во текот на денот со кратки сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта повторно ќе има локални врнежи од дожд, а на повисоките планини од дожд и снег. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено во утринските часови и кон крајот на денот. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во почетокот на новата седмица врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег и на некои од повисоките места.

