Македонија
Затворени повеќе улици во Скопје поради протест за „Монструм“

Во Скопје ќе важи посебен режим на сообраќај поради протест за пресудите во случајот „Монструм“. Роднини на осудените, во вторникот, по објавување на пресудата за петкратното убиство кај Смилковското Езеро, најавија протести и наведоа дека ќе се борат со сите средства.
Протестот ќе почне во 13 часот во паркот „Чаир“ на булеварот Христијан Тодоровски – Карпош, а ќе продолжи кон Основниот суд Скопје 1, Собранието и кон Владата.
Поради тоа, затворени за сообраќај од 13 часот до завршување на протестот ќе бидат следните улици:
– ул. „Х. Т. Карпош“, ул. „Џон Кенеди“, ул. „Цветан Димов“, бул. „Крсте Мисирков“, бул. „Гоце Делчев“, ул. „11 Октомври“, ул. „Васил Главинов“, бул. ВМРО, бул. „Илинден“ и други околни сообраќајници.
СВР Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја делови на Карпош, Сарај и Ѓорче Петров

Од ЕВН Македонија информираат дека денеска се планирани следните технички зафати во електроенергетскиот систем во Градот Скопје и без електрична енергија ќе останат:
-од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од ул.Панче Пешев. (општина Карпош);
-од 09:45 до 14:00 часот, корисниците на дел од с.Семениште и с.Чајлане (општина Сарај).
-од 09:30 до 14:30 часот, корисниците на дел од ул.Ѓорче Петров згр.бр.48 и згр.бр.50, зградата на мебел Кристина ,поранешен објект на АРМ . (општина Ѓ.Петров)
Македонија
Облачно време со дожд и снег, температурата до 17 степени

Времето ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, кои на повеќе места ќе бидат поројни и проследени со грмежи (локално се очекува да наврнат над 15 л/м2). На планините на северозапад ќе врне снег, информира УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.
Во Скопје претежно облачно со повремени врнежи од дожд и со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне 13 степени.
Утре сѐ уште ќе има врнежи од дожд, понекаде проследени со грмежи, но ќе бидат полокализирани. Кон средината на неделата ќе има преодна стабилизација со пораст на дневната температура, а нови врнежи од дожд се очекуваат кон крајот на работната седмица.
Македонија
Заев: Со згрозување ја примив информацијата дека за Мицкоски гласањето во Собрание било тероризам

Со згрозување ја примив информацијата дека за Христијан Мицкоски овој чин бил тероризам. Мицкоски се дрзна гласањето помош за граѓаните да го нарече тероризам, а за крволочниот напад на Собранието на 27 април во кој и тој беше дел, сѐ уште не нашол начин и волја да го осуди, напиша премиерот Зоран Заев на „Фејсбук“.
Според него, очигледно е дека неодговорното однесување на ВМРО-ДПМНЕ и безобразно блокирање на народната волја во Собранието е директно мотивирано и предизвикано од Мицкоски.
Честитки до граѓаните, Собранието денеска ги усвои законите со кои ќе се реализира петтиот пакет економски мерки за…
Posted by Zoran Zaev on Sunday, April 18, 2021
„Мицкоски и неговиот соработник Апасиев правеа сѐ да си ја задоволат пустата желба да предизвикаат проблем во владејачкото мнозинство, при тоа решени да одат до крај дури по цена на загрозување на личната економска егзистенција на илјадници граѓани кои ја чекаат помошта. Доказ за нивната фрустрација е последниот очаен потег со кој Мицкоски бара од Претседателот на државата да не ги потпишел усвоените закони со што уште еднаш непромислено потврдува дека работи против народот и дека презема чекори народот да не добие помош. Но, попусто им е“, напиша Заев.
Денес, додава тој, Мицкоски и Апасиев можат само да жалат, блокадата не им успеа, мнозинството и во најтешки услови докажа дека е стабилно и силно и дека функционира.
Заев упати честитки до заболените пратеници кои, како што вели, и во вакви околности се вложија целосно, покажаа одговорност, беа на висина на задачата и гласаа за носење на законите и во интерес на итната потреба на граѓаните.
- Свет3 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Црна хроника3 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Економија3 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Регион2 месеци
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?
- Македонија3 недели
Ѓорчев: Мојот татко е во кома откако се вакцинираше во Ниш