Македонија
За два дена вакцинирани 453 здравствени работници во Македонија

Министерството за здравство (МЗ) информира дека 453 здравствени работници, кои работат во ковид-центрите, се вакцинирале со вакцината од производителот „Фајзер“ во изминатите два дена.
Од МЗ потсетуваат дека кон крајот на месецот во нашата земја се очекува да стигне и вакцината на кинескиот производител „Синофарм“, од каде што во директни преговори купени се 200.000 вакцини против Ковид-19.
Министерството за здравство информира дека Македонија преку Ковакс-механизмот има обезбедено 833.000 дози вакцини, а правата испорака што ќе пристигне во нашата земја ќе биде вакцината на „Астра зенека“, од која првата количина е планирано да стиге во март.
„Од оваа вакцина за Северна Македонија се предвидени помеѓу 103.200 и 175.200 дози, од кои околу 35 % треба да пристигнат во првиот, а преостанатите во вториот квартал од годината. Во правата испорака на Ковакс-механизмот за вакцините на ‘Фајзер’ вклучени се само 18 земји, а не се вклучени земјите што почнале сопствени програми за вакцинација против Ковид-19“, велат од МЗ.
Министерството за здравство апелира дека сите вакцини што се на пазарот се развиени на безбедни платформи, односно тие се безбедни за граѓаните.
Во меѓувреме, тече пријавувањето на веб-страницата vakcinacija.mk, како и преку матичен лекар за сите граѓани над 70-годишна возраст за кои вакцинацијата почнува веднаш по здравствените работници опфатени во правта фаза. Досега на веб-страницата 58.500 граѓани изразиле желба за вакцинација, а преку матичен лекар 32.917 граѓани над 70-годишна возраст.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Сончево со мала облачност и температури до 16 степени

Времето утре ќе биде претежно сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а по должина на Повардарието на места засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 0, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 13 степени.
До четврток ќе преовладува сончево време. Утринските температури на повеќе места ќе се спуштаат под нула, а дневните од среда ќе бидат во пораст. За време на викендот ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со повремен локален дожд.
Македонија
Маричиќ: Успешно стартува првата фаза од попишувањето

Министерот за правда Бојан Маричиќ во придружба со заменик-министерот за правда Агим Нухиу, директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски и директорот на Управата за извршување санкции Марјан Спасовски извршија увид во текот на попишувањето на притворените и затворени лица во Казнено-поправената установа К’шање. Во ова установа оваа фаза за пописот започна навремено и се одвива во најдобар ред.
„Мислам дека сите дискусии завршија минатата недела откако и Евростат верификуваше со јавна изјава дека и Законот за попис и методологијата според која се спроведува пописот се направени согласно највисоките стандарди. По таа верификација сите дилеми кои беа наметнати од политичките фактори се расчистени. Сите треба да имаме доверба во пописот затоа што професионално се изведува, според точно утврдени правила и стандарди со сите заштитни мерки поврзани со Ковид-19 и можеме на еден брз и ефикасен начин да го завршиме во интерес на граѓаните“, потенцираше Маричиќ.
Казнено-поправената установа К’шање е првата ваква установа каде што и практично започна оваа фаза на пописот.
Македонија
234 нови случаи на Ковид-19 и седуммина починати

Според податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа регистрирани се 234 нови случаи на Ковид-19 од направени 1.208 тестирања.
Најголем дел од регистрираните случаи се од: Скопје – 99, Прилеп – 26, Кавадарци – 19, Куманово – 17, Струмица – 15, Неготино – 9, Тетово и Кочани – по 7, Гостивар – 6, Штип и Велес – по 5, Охрид и Гевгелија – по 4, Струга – 3, Виница – 2, Битола, Крива Паланка, Дебар, Делчево, Берово и Пробиштип – по 1 пациент.
Како што информираат од Институтот за јавно здравје, регистрирани се и 274 оздравени пациенти, и тоа од:
Скопје – 138, Кавадарци – 33, Неготино – 19, Велес – 10, Крива Паланка и Ресен – по 8, Штип – 7, Куманово – 6, Тетово, Битола, Струмица, Делчево и Кратово – по 5, Гостивар, Гевгелија, Свети Николе и Валандово – по 3, Кочани, Кичево и Пробиштип – по 2, Берово и Богданци – по 1 пациент.
Вкупно 7 пациенти починале, додаваат од ИЈЗ. Починати се по 2 пациенти од Скопје (68-годишен странец хоспитализиран во Скопје, 86), 2 пациенти од Крушево (71, 71) и по еден пациент од Тетово (62), Прилеп (85) и Пробиштип (71). Од пријавените смртни случаи сите се починати во болнички услови.
Биле направени вкупно 1.208 теста преку: ИЈЗ – 309, ЦЈЗ Скопје – 58, „Авицена“ – 0, „Биотек“ – 161, „Жан Митрев“ („Филип Втори“) – 152, „Систина“ – 257, „Лаор“ – 0, МАНУ – 0, Судска медицина – 0, ЦЈЗ Битола – 0, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби – 2, ГАК – 0, „Синлаб“ – 0, „Ремедика“ – 0, ИБЗД Козле – 0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид-тест) – вкупно 269, УК Пулмологија со алергологија – 0, ГОБ „8 Септември“ – 0, лаборатории од странство – 0.
Досега во земјата се направени вкупно 523.726 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 103.020, бројката на оздравени пациенти е 91.507, на починати е 3.144, а бројот на активни случаи изнесува 8.369.
Според досега завршените епидемиолошки анализи, во моментоТ дистрибуцијата по градови е следна:
Скопје 45.070, активни 3.719
Куманово 5.605, активни 290
Тетово 5.471, активни 292
Прилеп 5.431, активни 658
Гостивар 3.795, активни 154
Штип 3.665, активни 121
Велес 3.459, активни 257
Битола 3.441, активни 181
Кавадарци 3.405, активни 604
Охрид 3.257, активни 440
Струмица 2.728, активни 185
Струга 2.417, активни 190
Кочани 1.829, активни 74
Кичево 1.778, активни 70
Неготино 1.253, активни 217
Гевгелија 1.224, активни 186
Свети Николе 1.109, активни 23
Крива Паланка 837, активни 83
Ресен 813, активни 61
Дебар 795, активни 44
Радовиш 744, активни 25
Делчево 745, активни 185
Берово 643, активни 25
Пробиштип 545, активни 24
Виница 523, активни 25
Валандово 368, активни 27
Крушево 284, активни 71
Кратово 277, активни 29
Богданци 275, активни 46
Демир Хисар 266, активни 15
Македонски Брод 252, активни 7
Демир Капија 242, активни 32
Македонска Каменица 193, активни 3
Пехчево 186, активни 4
Дојран 95, активни 2
- Книги2 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа5 дена
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер