Македонија
За „Часот на планетата Земја“ Џевахир Холдинг ќе ги исклучи светилките еден час
Светилките на висококатниците Џеварих скај сити вечерва во 20.30 часот ќе се изгаснат. Со едночасовното исклучување на светилките, компанијата се вклучува во одбележувањето на најголемата светска еколошка акција „Час на планетата Земја“ и ја изразува својата поддршка за глобалната иницијатива.
„ Едночасовното гасење е многу поважно како испраќање порака за одговорноста што сите ја имаме во однос на значењето и прекумерната искористеност на природните ресурси. Затоа, заради значењето на само еден час за поголема свесност, се надеваме дека со нашето вклучување во глобалната иницијатива ќе мотивираме помасовна вклученост и од страна на компаниите и од страна на граѓаните”, велат од „Џевахир холдинг“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Центар
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм на улицата Тодор Александров бб, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Тодор Александров, Партениј Зографски и Периша Савелиќ, општина Центар.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 10:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од улицата Ловќенска, општина Карпош.
Македонија
Променливо облачно и студено со сончеви периоди, повремено ќе дува засилен северен ветер
Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од -13 до -5, а максималната ќе достигне од -4 до 3 степени.
Во Скопје, променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, претпладне во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе се спушти до -9, а максималната ќе достигне до 2 степена.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно и суво време со студени утра и утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни. Во вторник наместа дневните температури ќе се задржат негативни, а од среда ќе бидат во постепен пораст. Од средината на седмицата по котлините ќе има услови за појава на магла.

