Контакт

Македонија

За четири месеци, во Клиничкиот центар ќе се прават и потешките операции, Таравари го потпиша договорот за нова компресорска станица

Објавено пред

Почна да тече рокот за изградба на нова компресорска станица во Клиничкиот центар, која ќе овозможи хируршките сали да работат во полн капацитет. Министерот за здравство, Арбен Таравари, денес извести дека го потпишал договорот со компанијата „Винора“, единствената што се пријави на повторениот оглас.

„Компанијата е сериозна, професионална за оваа работа и се надевам дека, според нив, за четири месеци целиот зафат ќе биде завршен. Договорот го потпишавме завчера. Ако некој се жали во меѓувреме, тоа нема да биде добронамерно оти на три повици не се пријави никој“, рече министерот Таравари денес по посетата на Центарот за рехабилитација на патологија на вербалната комуникација.

Хируршките сали во Клиничкиот центар функционираат со надворешни компресори и со намален интензитет од мај годинава кога се појави смрдеа во дистрибутивната мрежа за кислород и компримиран воздух. Потешките операции, место во Клиничкиот центар, до декември ќе се прават во Градската општа болница „8 Септември“ и во Универзитетската клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Комисијата за прашања на изборите и именувањата одржа јавна расправа за кандидатите за член на Судскиот совет

Објавено пред

Комисијата за прашања на изборите и именувањата денеска одржа седница со единствена точка на дневниот ред – Јавна расправа за претставување на кандидатите кои ги исполнуваат условите по Огласот за избор на член на Судскиот совет.

Претседателот на Комисијата, Ѓорѓија Сајкоски, пред почетокот на претставувањето на кандидатите информираше дека седум од вкупно десет пријавени кандидати ги исполнуваат законските услови предвидени во огласот.

На јавната расправа учествуваа пратениците – членови на Комисијата, како и претставници од Здружението на судии, Институтот за човекови права – Скопје и Адвокатската комора.

По завршувањето на расправата, Сајкоски истакна дека Комисијата ќе формира ранг-листа врз основа на личните компетенции на кандидатите, нивните одговори на поставените прашања за време на комисиската расправа, како и врз основа на нивниот личен и професионален интегритет.

Прикажи повеќе...

Македонија

Љутков: Со 25 милиони денари, целосно реконструиран Спомен-домот на Разловечкото востание и поставена нова музејска поставка

Објавено пред

„Македонија предолго живееше со страв да не навреди некого ако се сака себеси“, рече министерот за култура и туризам Зоран Љутков на одбележувањето на 150-годишнината од Разловечкото востание во с. Разловци.

На свеченоста по повод јубилејот, министерот истакна дека Разловци претставува „највисок пантеон на македонскиот опстој“ и симбол на непокорот што, како што рече, „никој не успеал да го замолчи“.

Во своето обраќање, нагласи дека Разловечкото востание од 1876 година е еден од темелите на македонската борба за слобода и државност, оценувајќи дека токму овде „македонскиот народ го разгорел жарот што подоцна прераснал во силен ослободителен бран низ цела Македонија“.

„Јунаците од Разловци не ја победија Империјата, но ја победија тишината, а тишината е најстрашната форма на ропство“, рече Љутков, додавајќи дека малите, на прв поглед „неуспешни“ востанија, се искрите од кои се раѓаат големите слободи.

Љутков додаде дека Министерството за култура и туризам издвои околу 25 милиони денари за целосна реконструкција на Спомен-домот на Разловечкото востание, а е изработена и комплетно нова историска поставка, која преку фотографии и артефакти ја раскажува приказната за Востанието. Тој додаде дека сето ова е особено значајно за зачувување на историската меморија затоа што, како што нагласи: „секој обновен споменик, секоја зачувана приказна и секое спомнато име на разловечките јунаци претставува тивок, но моќен отпор против заборавот“.

Тој им оддаде почит на Димитар Поп Георгиев Беровски, Поп Стојан Карастоилов, Илија Марков-Дедо Иљо Малешевски, Никола Скрижовски и на сите познати и непознати учесници во Разловечкото востание, оценувајќи дека нивното дело ќе остане вечен извор на македонскиот непокор, достоинство и стремеж кон слободата.

Прикажи повеќе...

Македонија

ДУИ: Изјавата на ВМРО- ДПМНЕ дека Владата бара „законско решение“ за полагањето на правосудниот испит е обид за саботирање на Законот за употреба на јазиците

Објавено пред

Изјавата на ВМРО- ДПМНЕ дека Владата бара „законско решение“ за полагањето на правосудниот испит, кое наводно ќе било во согласност со Уставот и препораките на Венецијанската комисија, претставува уште еден обид за заобиколување и саботирање на Законот за употреба на јазиците, оценуваат во ДУИ.

Проблемот, како што велат, не е во недостаток на законско решение.

Според ДУИ, решението веќе постои во самиот Закон за употреба на јазиците, поточно во член 23, кој јасно предвидува дека сите други закони мора да се усогласат со овој закон во рок од 12 месеци од неговото стапување во сила.

„Тоа значи дека не постои потреба од „ново решение“, туку единствено обврска за спроведување на постојниот закон.

Секој обид да се бараат паралелни или алтернативни решенија надвор од член 23 претставува директен удар врз принципот на универзалност на Законот за јазиците и обид тој да се сведе на селективна и ограничена примена.

ДУИ ќе се спротивстави на каква било интерпретација или законска интервенција со која Законот за употреба на јазиците ќе се става подредено на други закони или ќе се отвора пат за негово селективно спроведување“.

Нагласуваат дека почитувањето на Законот за јазиците не е прашање на добра волја, туку уставна и законска обврска.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија9 минути

Комисијата за прашања на изборите и именувањата одржа јавна расправа за кандидатите за член на Судскиот совет

Комисијата за прашања на изборите и именувањата денеска одржа седница со единствена точка на дневниот ред – Јавна расправа за...

Македонија17 минути

Љутков: Со 25 милиони денари, целосно реконструиран Спомен-домот на Разловечкото востание и поставена нова музејска поставка

„Македонија предолго живееше со страв да не навреди некого ако се сака себеси“, рече министерот за култура и туризам Зоран...

Македонија28 минути

ДУИ: Изјавата на ВМРО- ДПМНЕ дека Владата бара „законско решение“ за полагањето на правосудниот испит е обид за саботирање на Законот за употреба на јазиците

Изјавата на ВМРО- ДПМНЕ дека Владата бара „законско решение“ за полагањето на правосудниот испит, кое наводно ќе било во согласност...

Македонија41 минута

(Видео) Филипче: Мицкоски да одговори зошто не ги става Бугарите и другите малцинства во Уставот и да ги почне преговорите со ЕУ

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање порача дека наместо креирање поделби и отворање вештачки теми, Мицкоски...

Црна хроника58 минути

Тешко повреден мотоциклист по судир со возило во Скопско

Вчера околу 15:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Јурумлери, скопско, на крстосница од регионален пат Скопје-Велес и...

Македонија1 час

ВМРО-ДПМНЕ: Каков блам, следно е Филипче да држи прес за колекционерство на салфетки и за нумизматика

Тешка срамота е во што се претвори некогаш важната СДС. Од партија што барем глумеше сериозност, денес остана политичка група...

Македонија1 час

Филков за протестите за полагање на правосуден испит: Македонскиот јазик не е пречка, тој е обврска

Најостро реагирам на обидот, полагањето на правосудниот испит да се претвори во поле за политички притисок и етничка конфронтација. Правосудниот...

Црна хроника1 час

17-годишнo девојче нападнато од нејзин соученик во Карпош: подолг период психички ја малтретирал

Синоќа во 19:15 часот во СВР Скопје, О.С.(45) од Скопје пријавил дека околу 14:30 часот во средно училиште на подрачјето...

Црна хроника1 час

Татко се обидел да ја спаси малолетната ќерка која ја држеле за врат: бил нападнат со кундак од пиштол

Утрово во 01:45 часот во СВР Скопје, Н.Ш.(41) од с.Кондово, скопско, пријавил дека на 18.05.2026 околу 21:30 часот пред неговиот...