Македонија
(Видео) За 24 часа регистрирани два случаи на незаконско исфрлање медицински отпад

Инспекторатот на град Скопје и Државниот санитарен и здравствен инспекторат, по дојава од граѓани, на 20.06.2019 и 21.06.2019 извршија вонреден инспекциски надзор при што во два наврата евидентирани се поголеми количини на медицински отпад одложен во контејнери наменети за комунален отпад во сопственост на ЈП Комунална хигиена.
„Постапувајќи согласно своите надлежности кои произлегуваат од Законот за управување со отпад, ДСЗИ и инспекторот за животна средина на град Скопје, со записник ја констатираа наведената состојба кој во текот на утрешниот ден ќе биде доставен до правниот субјект кој го прекршил законот. Се работи за одлагање на медицински отпад во контејнерите за комунален отпад поставени на булевар „Македонија“, во непосредна близина на ПЗУ „Синлаб“. За наведеното инспекторатите располагаат и со дополнителен доказен материјал“ се наведува во соопштението.
Со цел спречување на поголем инцидент од страна на двата инспекторати, веднаш е повикана фирма лиценцирана за управување со медицински отпад од страна на која медицинскиот отпад од комуналните контејнери е адекватно отстранет, а по налог на држваниот санитарен и здрасвствен инспектор, контејнерите дезинфицирани. Во врска со констатираната фактичка состојба од страна на инспекторатите во текот на утрешниот ден ќе продолжат соодветни инспекциски постапки согласно законските надлежности.
Државниот санитарен и здравствен инспекторат и Инспекторатот на градот Скопје, апелираат до граѓаните доколку забележат одлагање на медицински отпад во контејнери за комунален, да ги известата овие две институции се со цел заштита на здравјето на населението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Обезбедени 13,7 милиони евра за заостанати обврски, започна модернизација на Армијата

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека СДСМ за време на своето седумгодишно владеење не само што била неспособна да реализира големи проекти, туку и редовните обврски кон вработените во Армијата и Министерството за одбрана биле системски занемарени. Според партијата, СДСМ со години не исплаќала надоместоци предвидени со закон, што резултирало со бројни тужби.
Со преземањето на власта, ВМРО-ДПМНЕ обезбедила 13,7 милиони евра за исплата на заостанатите обврски, вклучително и регрес за годишен одмор. Ќе бидат наградени 436 војници кои се бореле со пожарите минатото лето. За модернизација на Армијата годинава се одвоени 106 милиони евра, што е за 18 милиони повеќе од лани. Донесен е и нов Закон за вработените во Министерството за одбрана со цел подобрување на нивниот статус и мотивираност.
Македонија
И денес температури до 40 степени, од среда заладување и ветер

Времето денес ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Во попладневните и вечерните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, наместа во форма на краткотрајно невреме со засилен ветер и изолирана појава на град, јавува УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 32 до 40 степени.
Во Скопје, сончево и многу топло, попладне со мала до умерена нестабилна облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 40 степени.
До вторник ќе се задржи многу топло време со дневна температура наместа и над 40°C. Локална појава на нестабилност ќе има и во првите два дена од следната седмица, кога ќе дува умерен, а во западните делови засилен ветер од југозападен правец. Во среда и четврток ќе дува засилен северен ветер, кој ќе предизвика значително опаѓање на дневната температура, а претежно во северните делови во среда ќе има локални врнежи од дожд.
Македонија
ЦУК: Пожарот во Самоков веднаш изгаснат, објектите на фабриката не беа во опасност

Пожарот во Самоков е локализиран и веднаш изгаснат. Во ниту еден момент немаше опасност од негово ширење кон објектите на фабриката Самоков, соопшти Центарот за управување со кризи.
Од РЦУК Македонски Брод претходно стигна информација дека е настанат пожар во населбата Самоков, во фабриката „Сувенир“, а опожарен е магацин со хемикалии. Во информацијата беше наведено дека електричната енергија во фабриката е исклучена.