Македонија
Земјотрес во Скопје
Земјотрес во 21:46 часот беше почувствуван на територијата на Скопје.
Според информациите, земјотресот бил со јачина од 2,9 степени според Рихтеровата скала.
Длабочината на потресот, според информациите од ЕМСЦ е 6 километри.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Наутро студено, во текот на денот сончево
Наутро студено со услови за слаба магла или ниска облачност по котлините. Во текот на денот времето ќе биде сончево. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 6, а максималната ќе достигне од 13 до 20 степен.
Во Скопје утрото постудено со услови за појава на слаба магла, а преку денот претежно сончево и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 20 степени.
ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ
Ќе продолжи периодот на претежно сончево време, но со постудени утра, а минималните температури на повеќе места ќе се спуштаат под нула степени. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Дневната температура ќе достигнува најмногу до околу 20 степени.
Скопје
Дел од општина Карпош и општина Сарај денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради промена на два затворачи од ф – 150 мм на крстосницата меѓу булеварите Партизански Одреди и 8-ми Септември без вода ќе останат корисниците лоцирани на потегот од булеварот 8-ми Септември до улицата Никола Тесла во општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде во прекин во периодот од 08.30 часот па се до завршување на работата.
Од ЈП Водовод и Канализација исто така информираат дека поради чистење и хлорирање на десната комора од резервоар Љубин, во периодот од 08.00 часот па се до завршување на работата можно е мал прекин во водоснабдувањето да имаат корисниците од село Љубин во општина Сарај.
Скопје
Дел од неколку скопски населби без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваaт дека без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од ул. Козле од бр.130 до бр.170 ( општина Карпош ), како и дел од корисниците од ул.24 во населба Сопиште. ( општина Сопиште )
– во периодот од 09.00 до 14.00 часот, корисниците од улиците Петар Дељан и Ѓорѓи Сугаре, како и дел од корисниците лоцирани на бул. Борис Трајковски.( општина Кисела Вода )
– во периодот од 12.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од ул. Франце Прешерн. ( општина Ѓорче Петров )