Македонија
Златеска: Предлог-буџетот ќе биде гласот на граѓаните, целосно ја оправдуваме довербата
„Предлог буџетот за 2025-та година е буџет кој е домаќински и внимателно изработен, со силен фокус кон подобрување на економската состојба во државата. Овој предлог-буџет се темели на дисциплина, мерење на резултати, проверки, ефикасност, ефективност, стратешко планирање“ , истакна пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Бисера Златеска во своето излагање на денешната расправа за предлог-буџетот за 2025 година.
Златеска додаде дека нефункционалниот систем кој го оставила претходната влада е веќе минато и дека довербата којашто ја имаат од граѓаните нема да ја изневерат. Односно, искрено и чесно ќе следуваат позитивни промени во корист токму на граѓаните.
„Пропаднато здравство, нефункционални институции, лудо растечки цени на производи, безредие, непотизам, лаги, корупција, бркање на младите што подалеку од тука. Ова е мракот што не снајде. Мрак од кој ќе излеземе благодарение на искрена и чесна работа, и сето тоа поради нашата должност и обврска кон македонскиот народ кој својата доверба ја стави во наши раце. И преку нас, неговите избраници, токму тука се бори за подобар живот“, децидна е Златеска.
Напомена дека токму буџетот ќе ја има главната улога во исполнување на барањата на граѓаните. Дополнително, напомена дека ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи донесување на погрешни политики затоа што граѓаните најмалку не го заслужуваат истото.
„Во креирањето на сето ова, главна улога има буџетот на државата. Во состојбата во која се наоѓа, на нашата држава и треба помош, а ние сме тука да и ја пружиме. Ние не смееме да се расфрламе со погрешни зборови, ниту со погрешни дела, затоа што на Македонија и на македонскиот народ му е преку глава од грешки и лаги“, заклучи Златеска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

