Македонија
ЗНАМ: СДСМ со нападот на Минчев потврдува дека не знае што е државна политика

Гледаме како СДСМ кој изгубен по катастрофалниот пораз на парламентарните избори во мај годинава, се наоѓа во слободен пад кон амбисот… СДСМ со својот денешен памфлет до јавноста, во кој го напаѓаат министерот за јавна администрација, Горан Минчев и Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, потврдуваат дека не разбираат што е држава, државна политика и градење стратегии во интерес на државата и доброто на граѓаните и се таму каде што им е местото, во опозиција, велат од ЗНАМ.
Од движењето сакаат да ја подучат СДСМ дека „Стратегијата за реформа на јавната администрација и Акцискиот план, не се сопственост на ниту една политичка партија, туку се усогласени со потребите на државата и приоритетите за напредок на Република Македонија на патот кон Европската Унија“.
„Министерот Минчев со денешната прес конференција покажа дека тој, како министер од редовите на ЗНАМ, како коалициски партнер во Владата на Република Македонија, својата должност кон граѓаните ја извршува максимално одговорно и посветено и нуди решенија кои долгорочно ќе придонесат за подобрување на работата на јавната администрација и квалитетот на услугите што таа треба да им ги испорача на граѓаните. Движење ЗНАМ – За наша Македонија, го потсетува СДСМ дека во изминатите години безгласна буква беше токму тој во владата во која премиерот беше од неговите редови, а всушност владееше ДУИ“ се вели во соопштението и се додава:
„СДСМ не беше способно да спроведе ниту една политика, ниту една одлука што не му се допаѓаше на ДУИ. Владеењето на СДСМ ја донесе Македонија на колена, понижена и без достоинство. За се’ мораше да добијат одобрување од нивниот поголем владин партнер ДУИ, односно од Ахмети. Резултатите од изборите покажаа дека граѓаните не сакаат да ги води СДСМ владеано од ДУИ, туку политички субјекти кои пред се’ и над се’ ги имаат интересите на граѓаните, на државата и на македонскиот народ во целина. Нивните самобендисани политики доведоа Македонците да се чувствуваат како гости во сопствената држава и граѓани од втор ред. СДСМ заедно со ДУИ го злоупотребија балансерот до максимум и ја доведоа јавната администрација во незавидна положба во која има луѓе, но нема квалитетни кадри, за што се изјасни и Европската комисија“ е ставот на ЗНАМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„Уште еден вознемирувачки напад врз бугарски државјанин во Северна Македонија!“, напиша Ковачев

„Сериозно сум загрижен од она што се случи денес со градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска – бугарска државјанка. Ги повикувам Министерството за надворешни работи и бугарската амбасада во Скопјe веднаш да ѝ обезбедат правна, конзуларна и морална заштита“, напиша бугарскиот европратеник Андреј Ковачев на социјалните мрежи.
„Ова е уште еден случај на насилство, малтретирање и јавно линчување врз бугарски државјани кои држат високи јавни функции и стекнале бугарско државјанство врз основа на докажано бугарско потекло – само затоа што се осмелиле да се изјаснат како Бугари.
За жал, притисокот е толку силен што нашите сонародници се принудени да го кријат или негираат својот бугарски идентитет. Сличен случај неодамна беше со министерката за енергетика Сања Божиновска, со неколку пратеници од владејачката ДПМНЕ, како и со луѓе од најблискиот семеен круг на сегашниот, минатиот и претходните премиери на земјата.
Бугарската држава има должност кон своите над 216.000 бугарски државјани во Република Северна Македонија, кои станале такви по своја слободна волја, го докажале своето бугарско потекло со документи и со свој потпис изјавиле дека сега се чувствуваат како етнички Бугари. Бугарија е должна да ги заштити нивните права, безбедност и човеково достоинство“, додаде Ковачев.
Македонија
„Ќе глумиме дека не сме виделе?! Ќе чекаме некој да биде убиен за да се освестиме?!“, праша Јакимовски

Градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски се огласи на социјалните мрежи, по нападот врз градоначалничката Данела Арсовска.
„Она што ѝ се случи денес на Данела Арсовска не е „инцидент“. Тоа е директен напад врз институцијата, врз една жена, врз јавниот поредок.
Со клоци, со пцуење, со закани за силување и убиство на нејзиното семејство.
И што? Ќе викаме „демократија“?! Ќе глумиме дека не сме виделе?! Ќе чекаме некој да биде убиен за да се освестиме?!“, праша Јакимовски.
Македонија
(Видео) Арсовска објави снимка од нападот: Јас го напаѓам него или тој мене?

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска објави снимка од денешниот напад врз неа, на социјалните мрежи.
Во објавата на социјалните мрежи, Арсовска прашува дали таа напаѓа или е нападната и се брани.