Контакт

Македонија

ЗНМ и СЕММ: вербалните и сите други напади кон новинарите треба веднаш да престанат

Објавено пред

Периодов продолжуваат серија вербални или напади преку социјалните мрежи, како и закани кон новинарите во Република Северна Македонија, информираат новинарските здруженија.

dobivaj vesti na viber

Во изминатите денови двајца колеги во одвоени инциденти, биле вербално нападнати од лица на кои не им се допаѓало известувањето за одредени теми.

„Последните напади доаѓаат во пресрет на 2-ри ноември, Меѓународниот ден против неказнивоста на нападите кон новинарите. Овие напади се само дел од низата регистрирани последнава година, вкупно 14 на број. Укажуваме дека само еден случај на закана кон новинарка, беше решен со судска пресуда во 2020 година, што е разочарувачки“, велат од ЗНМ и ССНМ.

Новинарот Мартин Богатиноски од Плусинфо посведочи дека бил предмет на вербален атак од страна на свештено лице на МПЦ-ОА. Според колегата Богатиновски, на погребот на негово блиско лице од семејството, имало инцидент од страна на присутниот поп, кој вербално го омаловажувал новинарот на Плусинфо поради претходно објавени текстови во врска со МПЦ-ОА. Во укажувањата од колегата Богатиновски се вели дека инцидентот се случил откако новинарот побарал објаснување од попот, зошто не е дозволено свештеник од Православната охридска архиепископија (ПОА) да учествува на верскиот чин на погребот.

„Попот многу се вознемири кога слушна каде работам, па веднаш ме нападна дека ние новинарите од Плусинфо сме задртени новинари, што и да му значеше тоа. Потоа, рече дека сме предавници, неверници и продадени души, наведувајќи колку му пречи тоа што на Плусинфо се објавувале бројни текстови против МПЦ-ОА“, пишува Богатиновски.

Денеска колегата Богатиновски на неговиот профил на социјалните медиуми укажа дека истиот поп телефонски се јавил на неговите родители по што заканите продолжиле.

Во друг инцидент, новинарката Памела Цилаков дописник за Велес од Македонската радио-телевизија (МРТ) вели дека родители на деца од подрачното основно училиште во село Клуковец „Васил Главинов“, за кое таа изготвувала сторија, вербално ја нападнале. Вербалната расправија според Цилаков, дошла до ниво во кое таа стравува дека може да биде и физички атакувана. Откако сторијата за овој инцидент ја објавил локален портал, Цилаков добила низа на непријатни пораки преку Фесјбук од жителите на истото село, со закани дека ќе ја тужат и пријават во полиција поради давање лажен исказ.

„Во континуитет укажуваме дека работата на новинарите е јавна, а нивното право на слободно известување е неприкосновено право. Сепак, вербалните напади врз новинарите продолжуваат и нема санкции“, велат новинарските организации.

Освен јавна осуда на овие инциденти, ЗНМ и СЕММ бараат да има и формално проследување на настаните од страна на одговорните институции и службените лица. Истовремено, очекуваат и дека МПЦ – ОА ќе се огради од неодговорните настапи на поединци кои се дел од МПЦ -ОА, и воедно ќе им укаже дека односот кон јавноста мора да биде проследен со одговорен, а не насилнички пристап, секогаш, па дури и кога не се согласуваат со ставовите на новинарите и граѓаните.

Македонија

До 11 часот гласале 10,1 отсто од избирачите, најмногу во Пробиштип, намалку во Сарај

Објавено пред

Одѕивот до 11 часот на вториот круг од локалните избори изнесува 10,1 проценти.

dobivaj vesti na viber

Според информациите на Државната изборна комисија, највисока е излезноста во Пробиштип каде гласале 22 проценти од избирачите, а висока излезност има и во Лозово и Крушево, 20 и 19 отсто. Најниска е излезноста во Сарај со 1,86 отсто и Чаир со околу 2 проценти.

Излезеноста на гласачите во Град Скопје до 11 часот изнесува 8,30 проценти.

Прикажи повеќе...

Македонија

„Фероинвест“ донираше медицински мебел произведен во „Брако“ на Клиниката за торакална и васкуларна хирургија

Објавено пред

Компанијата ФЕРОИНВЕСТ реализираше донација на медицински мебел и опрема произведени во фабриката БРАКО од Велес, наменета за Универзитетската клиника за торакална и васкуларна хирургија во Скопје.

dobivaj vesti na viber

Донацијата е реализирана по официјално барање на Клиниката, која се обрати со молба за поддршка при обнова на медицинскиот мебел и асортимантот во неколку оддели, со цел подобрување на условите за работа на медицинскиот персонал и квалитетот на здравствените услуги.

Во рамки на донацијата, ФЕРОИНВЕСТ донираше медицински ормари, отомани, паравани, скали, колички и статични држачи за инфузија, сите дизајнирани и произведени во БРАКО, фабрика која е долгогодишен партнер на здравствените установи во земјата и регионот.

Со оваа донација, одделот на д-р Игор Џиковски при Клиниката доби современо уредени простории, целосно подготвени за започнување со работа и интеграција на новата медицинска опрема.

Со новата опрема, обезбедени се модерни, функционални и безбедни услови за работа, што ќе придонесе за поефикасно лекување и подобра грижа за пациентите.

ПР

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) МВР: Десет пријави за прекршување на изборниот молк, едно лице приведено во Шуто Оризари

Објавено пред

За време на предизборниот молк регистрирани се 10 пријави за негово нарушување  од кои по три на подрачје на СВР Скопје и СВР Охрид, две на подрачје на СВР Штип и по една на подрачје на СВР Тетово и СВР Битола. По преземени мерки не се потврдени пријавите за шест настани, соопшти МВР.

dobivaj vesti na viber

„Покрај ова, регистрирани се 19 објави на социјалните мрежи за време на изборниот молк кои се однесуваат на повик за гласање за одредени кандидати, како и објавени видеа и слики од партиски активности во штабови. Во врска со гласањето, на 01.11.2025 регистриран е настан за фотографирање кочан со гласачките ливчиња во основното училиште „26 Јули” во општина Шуто Оризари, при што приведено е едно лице и се преземаат мерки за расчистување на настанот“, велат од МВР.

На сите подрачја гласањето на болни и изнемоштени лица и затвореници помина без нарушување на гласањето.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 минути

До 11 часот гласале 10,1 отсто од избирачите, најмногу во Пробиштип, намалку во Сарај

Одѕивот до 11 часот на вториот круг од локалните избори изнесува 10,1 проценти. Според информациите на Државната изборна комисија, највисока...

Македонија2 часа

Четири општини останаа без гласање, повторени избори во рок од 60 дена

Денеска нема да се одржи гласање во општините Гостивар, Врапчиште, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, поради недоволна излезеност во...

Свет3 часа

Трамп ѝ се закани на Нигерија со воена акција ако убиствата на христијаните не престанат

Американскиот претседател Доналд Трамп му се закани на нигериското раководство со можна воена интервенција, доколку, како што рече, владата продолжи...

Свет4 часа

Сведок за нападот во воз во Англија: Видов човек кој трчаше и ги предупредуваше другите дека е избоден

Полицијата во Кембриџшир соопшти дека вооружени полицајци пристигнале на местото на настанот откако добиле извештаи за напад во воз во...

Свет4 часа

(Видео) Напад во воз во Англија, 9 лица се борат за живот

Девет лица се во животна опасност по напад со нож во воз во близина на Кембриџ, источна Англија, јави „Индекс“....

Македонија5 часа

Отворени гласачките места, граѓаните избираат градоначалници во 32 општини и Град Скопје

Денеска во земјава се одржува вториот круг од локалните избори, на кои граѓаните избираат градоначалници во 32 општини и во...

Спорт17 часа

Ракометарите го загубија вториот контролен меч против Јапонија

Ракометната репрезентација на Македонија, во рамките на ЕХФ неделата, одигра два натпревари со Јапонија. Првиот го доби, тој се играше...

Регион17 часа

Политико: Бугарија ја разгледува можноста да бара ослободување од санкциите на САД против „Лукоил“

Бугарија ја истражува можноста да побара ослободување од новите санкции на Соединетите Американски Држави против двете најголеми руски нафтени компании,...

Македонија22 часа

Матичарка и службеници ѝ „подариле“ втор идентитет на кумановка, завршија со пријава

Полицијата во Куманово поднесе кривична пријава против четири лица — В.Б. (56), Н.З. (41), Х.Е. (53) и В.П. (67) —...

Топ22 часа

Наставничка од Кавадарци влегла во профилот на колешка и и’ праќала приватни разговори на директорката

Полицијата во Кавадарци поднесе кривична пријава против две жени — наставничка и директорка од основно училиште во градот, под сомнение...

Забава23 часа

Реакции на социјалните мрежи по настапот на Цеца во Велес

Настапот на пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ во Велес предизвика бројни реакции на социјалната мрежа „Икс“ , откако за време на...

Македонија1 ден

(Видео) Цеца нагрна бугарско знаме на концертот во Велес, па објасни: „Секогаш прифаќам знамиња од публиката, немав намера да навредам никого“

Пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ се огласи по скандалот со знамето што се случи синоќа на нејзиниот концерт во Велес. Цеца...

Македонија1 ден

Почина Кире Ѓорѓиевски, еден од осудените за 27 април

Почина Кире Ѓорѓиевски, еден од осудените за настаните на „27 април“, кој беше осуден на 13 години затвор. Од она што...

Македонија1 ден

Обвинение за кражба на кабли од кругот на „Железара“, нанесена штета на јавните инсталации од повеќе стотици илјади евра

Основното јавно обвинителство Скопје, по спроведена истрага, денеска поднесе Обвинителен акт против три лица, кои како соизвршители сториле кривично дело...

Регион1 ден

Бугарија воведе забрана за извоз на дизел и керозин поради американските санкции кон Русија

Бугарија привремено забрани извоз на дизел и керозин поради американските санкции воведени против руските енергетски компании. Забраната, која ја усвои...

Свет1 ден

Трамп: Орбан ми побара изземање од санкциите за руската нафта, но не го доби

Американскиот претседател Доналд Трамп потврди дека унгарскиот премиер Виктор Орбан побарал изземање од новите американски санкции насочени кон рускиот нафтен...

Свет1 ден

Зеленски: Русија распореди 170.000 војници во Доњецк, тешки борби околу Покровск

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Русија распоредила околу 170.000 војници во источната украинска област Доњецк, каде што се обидува...

Свет2 дена

Орбан: Европа се движи кон војна

Унгарскиот премиер Виктор Орбан упати остри обвинувања против европските лидери во интервју за радио Кошут, тврдејќи дека „Европа сака војна“...

Македонија2 дена

67-годишен маж ја тепал сопругата, ја гушел и се обидувал со каиш да и ги врзе нозете: Семејно насилство во Петровец

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за нанесување тешка телесна повреда од член 131...

Македонија2 дена

Скопјанец ја малтретирал поранешната девојка – ја влечел пред болница и ѝ се заканувал дека ќе го убие брат ѝ

Скопското Обвинителство поведе постапка против 33-годишен скопјанец осомничен за продолжено загрозување на сигурноста на својата поранешна девојка. Според обвинителството, мажот...