Контакт

Македонија

ЗНМ: Осуда за кампањата за оцрнување на независните медиуми и закани кон новинарите

Објавено пред

Здружението на новинарите на Македонија и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници најостро ја осудуваат тековната кампања за оцрнување насочена кон независните и критички настроени медиуми.

Оваа кампања дополнително засилена на социјалните мрежи – има за цел да ги дискредитира медиумите и новинарите кои постојано откриваат корупција, злоупотреба на моќта и други прашања од јавен интерес, оценуваат од ЗНМ.

„Лажниот наратив дека овие медиуми добиле средства од УСАИД за да ја поткопаат демократијата претставува обид да се делегитимира нивната работа, иако нивното известување доведе до законски реформи, кривични истраги и санкции против одговорните за разни злоупотреби. Овие медиумски кампањи за оцрнување, единствено имаат за цел да го замолчат независното и критичко новинарство и да ја нарушат довербата во медиумите пред граѓаните.

Кампањата за оцрнување дополнително ескалира на социјалните мрежи, каде што поттикнува омраза кон новинарите, вклучително и мизогини напади и закани кон новинарки. Ваквата реторика не само што потенцијално ја загрозува безбедноста на поединците, туку создава и клима на страв, со што директно се обесхрабрува слободното и професионално новинарство.

Меѓународните правни стандарди, вклучително и оние утврдени од Советот на Европа и Европскиот суд за човекови права, јасно посочуваат дека нападите врз новинарите претставуваат закана за демократијата и слободата на медиумите. Потсетуваме дека со последните измени на Кривичниот законик, новинарите во Македонија го имаат статусот на службени лица при извршувањето на својата професионална должност“.

ЗНМ и ССНМ ги повикуваат надлежните институции да обезбедат заштита на новинарите од вознемирување и закани и ја повикува јавноста да ги отфрли дезинформациите и да ја поддржи независната медиумска работа, која е од суштинско значење за демократијата и одговорноста на институциите и политичарите.

Најново

Спорт5 минути

Тони Крос e подготвен да започне тренерска кариера

Легендарниот германски фудбалер Тони Крос (36) се подготвува за ново поглавје во својата кариера. По завршувањето на активната фудбалска кариера,...

Македонија30 минути

Томографот на Клиниката за радиологија е пуштен во употреба, тој на Хирургија сè уште се поправа

Денеска е ставен во функција еден од компјутерските томографи на Универзитетскиот институт за радиологија – Скопје и е достапен за...

Спорт34 минути

Шокантни тврдења за смртта на Марадона: Се ослободија од него, беше темпирана бомба

На судењето на седумте здравствени работници обвинети за смртта на Диего Армандо Марадона, беа упатени сериозни обвинувања против медицинскиот тим...

Забава34 минути

Октомври носи промена во кариерата: Професионална пресвртница ги очекува овие три хороскопски знаци

Тие со месеци напорно работеа, преземаа одговорност и го даваа својот максимум, но резултатите изостануваа или доаѓаа бавно. Сепак, ситуацијата...

Свет42 минути

Градоначалникот на Киев: Денес станува збор за опстанок – оние што можат, треба да го напуштат градот

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, предупреди дека засилените руски напади врз украинскиот главен град го загрозуваат снабдувањето со електрична енергија...

Свет46 минути

Холанѓанец на боледување истрча маратон и доби отказ, работодавачот сега мора да му исплати 60.000 евра

Додека некои луѓе на боледување едвај стигнуваат до продавница, еден Холанѓанец одлучи да истрча маратон. На неговиот работодавач тоа воопшто...

Забава48 минути

Пет навики што можат да ви помогнат да останете здрави за време на сезоната на вируси

Сезоната на настинки и грип носи зголемен ризик од респираторни инфекции, вклучувајќи ги обичната настинка и грипот. Иако не постои...

Спорт51 минута

По Манечестер Јунајтед и Реал ја следи ситуацијата околу Мектоминеј

Реал Мадрид е заинтересиран да го доведе Скот Мектоминеј (29), шкотски играч од средниот ред кој стана една од најголемите...

Култура59 минути

Македонскиот филмолог Владимир Ангелов во жирито на фестивал во Варшава од А категорија

Македонскиот филмолог Владимир Ангелов ќе членува во жирито на Меѓународната федерација на филмски критичари – ФИПРЕСЦИ на 42. Меѓународен филмски...