Македонија
ЗНМ: Пратеникот Апасиев не смее да етикетира медиуми
![Димитар Апасиев](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2018/09/40594028_1521698227930763_754322288697933824_n.jpg)
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) укажува на непримерна јавна комуникација од страна на Димитар Апасиев, пратеник и лидер на политичката партија Левица кон телевизијата Канал 5.
Во својата објава на социјалната мрежа Фејсбук, од 2-ри март, меѓу другото го истакнува и следното:
„Од сите куртон-медиуми, само (К)АНАЛ 5 продужува упорно со вмроидната хајка против Левица!?“.
Според ЗНМ, со оваа објава, Апасиев прави обид за дискредитација на медиумот Канал 5, а со користењето на вулгарни фрази може да се поттикне говор на омраза од страна на неговите следбеници. Ваквиот начин на обраќање кон медиумите од страна на лидери на политички партии, за ЗНМ е неприфатлив и истиот може да ја загрози сигурноста на медиумските работници.
„Укажуваме дека политичарите треба да се одговорни во своите јавни настапи бидејќи тие се јавни личности кои придонесуваат во креирањето на јавно мислење, а со своите постапки можат да влијаат негативно врз граѓаните кои ги следат. Повторно истакнуваме дека доколку било кој политичар, или граѓанин, е незадоволен од конкретна новинарска или пак медиумска содржина, на располагање ги има медиумско само-регулативните механизми, и тоа: Советот на чест при ЗНМ и Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ).
Дополнително, потсетуваме дека ново формираното Координативното тело за пријавување и постапување по претставки за време на избори или референдум, постапува во врска со евентуални прекршувања на Кодексот од страна на политичките партии, нивните кандидати, независните кандидати, интернет изданијата на радиодифузерите, онлајн медиумите, проверувачите на факти, инфлуенсерите и другите субјекти кои можат да извршат влијание врз јавноста во функција на кампања за време на избори или референдуми.
Политичката партија Левица е во неколкуте партии кои имаат потпишано пристапница за почитување на принципите на Кодексот на однесување во онлајн сферата за време на изборни процеси и референдуми, што претставува основен документ за работата на ова Координативно тело во рамки на медиумскиот регулатор“ се истакнува во реакцијата од ЗНМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
(Видео) Полициските хеликоптери исфрлија над 120 тони вода врз пожарите кај селото Тажево и „Јасен“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-26-203439.jpg)
Денеска Одделот за воздухопловни единици при МВР учествуваше со два хеликоптери во гасење на пожарот во реонот на Јасен.
Во 62 налети исфрлени се преку 120 тони вода со што успеа да се локализираат новите реактивирани краци на пожарот и да се спречи прошорување на пожарот кон селото Брезница , селото Тажево и националниот парк Јасен.
Македонија
Пронајдено детето од Скопје кое беше пријавено дека се оддалечило од домот
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/02/policija-5.jpg)
Вечерва околу 19.20 часот полициски службеници од СВР Скопје го пронајдоа осумгодишното дете за кое денеска околу 18.40 часот неговата мајка С.Н. во ПС Карпош пријави дека околу 17 часот се оддалечило од домот.
Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје ги презеле сите неопходни мерки и активности и детето било пронајдено во добра здравствена состојба и ќе биде предадено на родителот, соопшти МВР.
Македонија
На Табановце за влез во државата се чека околу еден час
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/07/tabanovce.jpg)
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце за влез во државата се чека е околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани –Делчево.
Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.
Термините се следни:
– петок од 17:00 – 22:00 часот,
– сабота од 09:00 до 18:00 часот и
– недела од 09:00 до 22:00 часот.
На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали:
– петок од 15:00 – 22:00 часот,
– сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и
– недела од 07:00 до 22:00 часот.