Македонија
ЗНМ со осуда на кампањата за застрашување новинари
Здружението на новинарите на Македонија ја осудува кампањата на застрашување и понижување на новинари што последните денови во Скопје ја спроведуваат непознати лица инспирирани од воинствените изјави на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, кој минатат недела ги повика етничките Македонци преку протести да ја спречат опозицијата да формира влада со партиите на Албанците.
Од ЗНМ велат дека кукавички е Груевски да ги инструментализира младите за извршување на валканите работи изложувајќи ги нив и нивните семејства на ризик за неговите политички интереси.
„Вчерашната примитивна провокација кон новинарот Борјан Јовановски, кој беше исплукан во ресторан и вознемирувањето во семејниот дом на новинарот Бранко Тричковски, е директен напад врз слободата на изразување. Предупредуваме дека ваквите провокации можат да есклаираат во физичко насилство врз новинарите со несогледливи последици. Незамисливо е во 21 век во Македонија новинарите да бидат изложени на притисок и малтеретирање за јавно искажан став“, се вели во реакцијата на ЗНМ.
Од Здружението апелираат до сите новинари и медиуми да известуваат професионално и да не долеваат масло на огнот. Само на тој начин ќе помогнат да се смират тензиите./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Чаир и Студеничани денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 07.30 до 15.00 часот, дел од улицата Никола Тримпаре 15 и дел од улицата Мирослав Крлежа бр.16-20 и дел од локали и влезови на згради на булеварот Климент Охридски бр,54, општина Центар;
– во периодот од 09.30 до 15.30 дел од улицата Мирослав Крлежа по старо Ѓуро Ѓакович бр.52.54.56.58.60.62, општина Центар;
– во периодот од 08.00 до 14.30 корисниците од Ретаил Поинт Парк во Чаир, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците на дел од село Студеничани кај Бурдем, општина Студеничани.
Македонија
Сончево со мала до умерена облачност, ќе дува повремено засилен северен ветер
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (локално до 50 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и сончево време со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури. Во четврток ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Македонија
Дел од Автокоманда денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека за денеска имаат планирано неколку интервенции и тоа:
· поради промена на вентил од 2.5“ на улицата Јани Лукровски 12, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

