Македонија
ЗНМ: Срамна постапка на навивачите на Е. Пелистер кон новинарите и неприфатливо отсуство на реакција од страна на клубот
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2018/02/kameri.jpg)
На иницијатива на Секцијата на спортски новинари која е дел од Здружението на новинарите на Македонија, ЗНМ остро реагира на вулгарното однесување на дел од навивачите на РК Еурофарм Пелистер кои со крајно навредлива парола се обидоа да го понижат и да се „пресметаат“ со колега коментатор од Македонската Телевизија, известува ЗНМ.
„Имено во текот на целиот меч во Битола меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар на една од трибините група неодговорни навивачи имаше истакнато безобразен транспарент кој се однесува на колегата Југослав Костовски.
Секцијата на спортските новинари при ЗНМ искажува револт кон навивачите, но и кон домаќинот на големото ракометно дерби РК Еурофарм Пелистер бидејќи раководството и луѓето задолжени за организација на мечот имаа вовед, две полувремиња, пауза и цели два часа да реагираат и да го отстранат транспарентот или тие што го промовираа на видно место, а тоа не го сторија.
Валканите пресметки на навивачите со новинарите и непостапувањето кон истите не се непознати во нашиот спорт, но сигурно не се начин на кој се градат големите европски спортски колективи. Со самиот факт што Еурофарм Пелистер е наш машки ракометен првак и учесник во групната фаза од Лигата на шампионите тоа ги става битолчани во ситуација да имаат обврска тоа да биде нивна траекторијата на развој што, пак, дефинитивно значи и коректен однос кон известувачите од натпреварите и на домашната и на меѓународна сцена“, се наведува во соопштението на ЗНМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
(Видео) Полициските хеликоптери исфрлија над 120 тони вода врз пожарите кај селото Тажево и „Јасен“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-26-203439.jpg)
Денеска Одделот за воздухопловни единици при МВР учествуваше со два хеликоптери во гасење на пожарот во реонот на Јасен.
Во 62 налети исфрлени се преку 120 тони вода со што успеа да се локализираат новите реактивирани краци на пожарот и да се спречи прошорување на пожарот кон селото Брезница , селото Тажево и националниот парк Јасен.
Македонија
Пронајдено детето од Скопје кое беше пријавено дека се оддалечило од домот
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/02/policija-5.jpg)
Вечерва околу 19.20 часот полициски службеници од СВР Скопје го пронајдоа осумгодишното дете за кое денеска околу 18.40 часот неговата мајка С.Н. во ПС Карпош пријави дека околу 17 часот се оддалечило од домот.
Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје ги презеле сите неопходни мерки и активности и детето било пронајдено во добра здравствена состојба и ќе биде предадено на родителот, соопшти МВР.
Македонија
На Табановце за влез во државата се чека околу еден час
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/07/tabanovce.jpg)
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце за влез во државата се чека е околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани –Делчево.
Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.
Термините се следни:
– петок од 17:00 – 22:00 часот,
– сабота од 09:00 до 18:00 часот и
– недела од 09:00 до 22:00 часот.
На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали:
– петок од 15:00 – 22:00 часот,
– сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и
– недела од 07:00 до 22:00 часот.