Македонија
Ибрахим: Ќе создадеме нови работни места за да ги задржиме младите во земјата

Со мотото „Продолжуваме кон целта“, Партијата за движење на Турците (ТХП) продолжува со предизборната кампања за престојните предвремени парламентарни избори.
На предизборната трибина организирана во Кичево се обрати претседателот на ТХП, Енес Ибрахим, кој воедно е и кандидат за пратеник во Петтата изборна единица. Ибрахим во својот говор се осврна на долгогодишната принципиелна борба на ТХП, која беше препознаена од страна на граѓаните од турската етничка заедница и заеднички се собори режимот. Ибрахим додаде дека ТХП и во следните години ќе продолжи да работи за демократско и праведно општество, чии темели се поставија во изминативе три години.
„Нашата цел е Република Северна Македонија континуирано да се развива во сите полиња, а нашите граѓани да имаат поквалитетен живот со европски стандарди. Покажавме дека државата може и треба да му пружи рака на секој граѓанин, без разлика на етничка, верска, политичка припадност. Со вашата поддршка и во следните 4 години ќе продолжиме да создаваме нови работни места, да обезбедиме повисоки примања, да ги зголемиме странските инвестиции, но и да ги задржиме младите во нашата татковина“, рече Ибрахим навестувајќи голема победа на коалицијата „Можеме“ на 15 јули.
На трибината учествуваше и генералниот секретар на ЛДП, Боби Мојсоски, кандидат за пратеник од Петтата изборна единица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Груби-Абазовиќ: Односите меѓу Северна Македонија и Црна Гора се одлични

Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби оствари онлајн средба со вицепремиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ.
На оваа средба и двајцата соговорници разменија мислења за актуелните политички теми во земјата и регионот. Во рамки на состанокот, како одлична беше оценета соработката меѓу Република Северна Македонија и Црна Гора.
Груби му честиташе на неговиот колега од Црна Гора, Дритан Абазовиќ за функцијата вицепремиер и за успешното спроведување на досега клучните политики кои одат во прилог на сите граѓани во Црна Гора.
Груби исто така му соопшти на својот колега Абазовиќ дека Северна Македонија е посветена на исполнувањето на потребните реформи и обврски со цел што побрзото отворање на преговорите со Европската Унија.
Од негова страна, вицепремиерот на Црна Гора, Абазовиќ му кажа на Груби дека Република Северна Македонија е пријателска земја и стратешки партнер на неговата земја. Абазовиќ вели дека односите со Скопје се изградени преку дијалог и добра соработка.
Груби и Абазовиќ за време на оваа онлајн средба се согласија дека полноправното членство на Северна Македонија и Црна Гора во НАТО, пријателството со меѓународната заедница и особено со стратешките партнери на двете земји, Соединетите Американски Држави и заедничкиот пат кон Европската Унија се додадена вредност за развојот на регионот и особено за мирот и стабилноста.
Македонија
Затворен угостителски објект во Тетовско поради непочитување на работното време

Полициски службеници и Државниот пазарен инспекторат вчера извршиле контрола по угостителски објекти во врска со ,непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.
Притоа, во угостителски објект во село Боговиње, тетовско, сопственост на Џ.Б.(50) од Боговиње, биле затекнати 4 лица и сопственикот, информираат од полицијата.
Од страна на ДПИ објектот бил затворен, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Македонија
Над 200 казни за скопјани поради сообраќајни прекршоци во еден ден

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 203 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 19 санкции, осум мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, 14 за користење на мобилен телефон.
Изречени се 19 санкции за непочитување на брзината на движење, четири за минување на црвено светло, 69 мерки за непрописно паркирани возила и 20 за неносење заштитна маска.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира