Македонија
Ивановска: Родителите очекуваат правда за убиството на нивните момчиња
„Овие родители зад мене доаѓаат секој ден и очекуваат нешто сериозно, очекуваат правна држава“, ова го изјави адвокатката на оштетените во случајот „Монструм“, Дафинка Ивановска по денешното рочиште и по преслушувањето на 25 прислушувани материјали од СЈО.
Таа рече дека е чудно што информации за ваков крупен случај имале луѓе како Оливера Трајковска и Орце Камчев, кои воопшто не се поврзани со случајот, а разговарале на телефон.
Според неа, тажно е што дел од тогашната власт договарала по телефон да се одлагаат рочишта за случајот за остварување на нивните политички цели алудирајќи на разговорот меѓу тогашните министри Гордана Јанкулоска и Блерим Беџети, во кој Беџети бара одлагање на рочиштето за „Монструм“ пред да да го испрати барањето за екстрадиција до Косово за обвинетите во случајот – Алил Демири и Африм Исмаиловиќ.
„Непримерно е власта да има влијание врз судството“, рече Ивановска.
Таа посочи дека во бомбите нема ништо конкретно и дека нема одговор досега зошто не беа никогаш есктрадирани обвинетите за случајот. Судењето продолжува на 4 октомври.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

