Македонија
Иванов вели дека не бил поканет на церемонијата за знамето на НАТО, од Влада го тврдат спротивното
Иако од Кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов тврдат дека тој не бил поканет на денешната церемонија за поставување на знамето на НАТО, од Владата убедуваат дека поканата била испратена преку курирска служба и електронска пошта.
„Беше поканет официјално преку курирска служба и преку електронска пошта“, вели портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски.
Спротивставените тврдења од Кабинетот на претседателот и од Владaта го оставаат отворено прашањато дали Иванов не ја добил поканата за церемонијата, не била испратена или, пак, тој одлучил да не присуствува пред платото на Владата.
На свеченоста не дојде и поранешниот премиер и претседател на Македонија, Бранко Црвенковски. Во првите редови седеа пратеникот Амди Бајрам, експремиерите Владо Бучковски и Љубчо Георгиевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

