Македонија
Иванов нема потреба од владините алатки и смета дека веќе постојат ефикасни механизми за отчетност
Од Кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов реагираа на владиното соопштение во кое се вели дека досега Владата не добила повратен одговор од него дали ја прифаќа или не можноста на отворен начин преку алатката за отчетност да им покаже на граѓаните како ги троши нивните пари.
Оттаму велат дека со оглед на тоа што постојат механизми за проверка на финансиското работење на државните институции, Кабинетот на претседателот нема законска обврска да прифаќа дополнителни алатки.
„Иванов изминатите девет години максимално одговорно, совесно и на транспарентен начин располага со буџетските средства. Во таа насока потенцираме дека сите јавни набавки од страна на Кабинетот на претседателот се извршени на максимално транспарентен начин и во согласност со сите законски регулативи и тие се јавно достапни“, стои во соопштението на претседателскиот Кабинет.
Додаваат дека овој податок го потврдуваат и ревизорските извештаи за работењето на Кабинетот на претседателот спроведени од страна на Државниот завод за ревизија.
„Со цел објективно информирање на јавноста, Кабинетот на претседателот на Република Македонија, како и досега, така и во иднина, целосно стои на располагање за какви било информации кои се однесуваат на финансиското работење и трошењето на народните пари за службени потреби“, се наведува во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Левица: Во голем број од изборните места има мртва трка помеѓу двата кандидати за градоначалник на Скопје
Задоволни сме од излезноста во урбаните средини, исклучок се општините Чаир и Сарај, кадешто има неверојатно мала излезност, дури и наводи за поткуп во однос на тоа граѓаните да не излезат на гласање, што за нас е тешка повреда на изборното право, велат од партијата Левица.
Како што известија од Левица, оваа година се обиделе да покријат максимален број избирачки места со свои набљудувачи, а со тоа очекуваат да бидат воочени сите нерегуларности.
„Резултатите коишто ги имаме се се уште неизвесни. Во голем број од изборните места има мртва трка помеѓу двата кандидати за градоначалник на Скопје. Засега знаеме дека во Карпош и Центар имаме водство. Во однос на некои избирачки места во Кисела Вода, каде што актуелниот градоначалник Орце Ѓорѓиевски учествува во изборите за вториот круг, забележавме дека имаме водство, што навистина ја отсликува волјата на народот“, соопштија од партијата Левица.
Uncategorized
Нови првични резултати: Ѓорѓиевски води во Скопје, Герасимовски во Центар, во Карпош Лукровски
Според првичните резултати од вториот круг на локалните избори 2025, во Скопје води кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски со над 71.875 гласа наспрема Амар Мециновиќ од Левица со 41.522 гласови од пребројани вкупно 77,53 отсто од избирачките места.
Во повеќето општини водство има Ѓорѓиевски, освен во Карпош и Центар, каде повеќе гласови има Мециновиќ.
Во Карпош, од 62,22 отсто обработени гласови Стевчко Јакимовски има 42,56 отсто или 7.641 гласови, додека кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Сотир Лукровски 47,65% или 8.555 гласови.
Во Центар од 75,15% обработени гласови, кандидатот на ЗНАМ Мирослав Лабудовиќ има 38,63% или 6.138 гласови, додека кандидатот на СДСМ, Горан Герасимовски има 52,39% или 8.325 гласови.
Македонија
Први податоци од гласањето: Орце Ѓорѓиевски има 53.171 гласови, Амар Мециновиќ 27.294
Според податоците објавени на страната на Државната изборна комисија, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски досега има 53.171 гласови, а кандидатот на Левица, Амар Мециновиќ, 27.294.


