Контакт

Крвав четврток

Игор Југ го испрашува Манчевски: Какво оружје носев?

Објавено пред

Обвинетиот Игор Југ за насилствата во Собранието од 27 април минатата година вкрстено го испрашуваше министерот Дамјан Манчевски кога претходно тоа право го искористи неговиот адвокат, како и бранителите на дел од 33 обвинети.

„Очигледно видовте оружје, но не знаете какво, така ли е? Може тоа да биде нож, хебла, пендрек итн.?“, праша обвинетиот, кој повеќепати го преформулира прашањето поради приговори од Обвинителството.

„Не сум експерт за оружје, се работеше за оружје што може да се стави во задниот дел од панталоните“, рече Манчевски.

Игор Југ се обидуваше да постави повеќе прашања, но повеќето беа отфрлени поради начинот на кој беа поставени, со наведување и заклучоци или повторување на прашања што претходно беа одговорени.

„Како Вие цело време така повреден, со фрактури, шлаканици, ќотеци и под закани дека ќе Ви ги убијат децата, како во таква психофизичка состојба можевте прецизно да ме следите и да говорите за дејствата што јас сум ги презел“, прашуваше Игор Југ.

Судијката Добрила Кацарска предупреди дека ќе го одземе правото на вкрстено прашување ако бранителите не си ги поучат странките како треба да се однесуваат.

Сведочењето на Манчевски трае повеќе од два и пол часа, а следни сведоци се пратениците Богоевски, Ременски и Николовски.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Крвав четврток

Автомобил излета од патот кај Градско, тешко повредена 70-годишна жена

Објавено пред

Вчера на експресниот пат Дреново–Градско, во близина на приклучокот за автопатот Градско-Велес, автомобил со прилепски регистарски ознаки, управуван од М.А.(74) од Прилеп, излетал од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Љ.А.(70) од Прилеп, додека со телесни повреди се здобил возачот и другиот сопатник Ц.Б.(65) од Прилеп, констатирани во Општата болница во Велес

Извршен бил увид.

Прикажи повеќе...

Крвав четврток

Пресудата за 27 април е на 1056 страници, адвокатите се жалат на рокот

Објавено пред

Пресудата за 27 април кога се случи насилниот упад во Собранието е напишана на 1056 страници и веќе им се дели на дел од обвинетите, тврдат дел од адвокатите, кои коментираат дека максималниот рок за нејзиното изготвување е 60 дена, а дека таа е готова по повеќе од 90 дена, најверојатно поради обемноста.

Рокот за жалба е 15 дена, што според некои од адвокатите е прекраток период за да се прочита, да се анализира и да се состави квалитетна жалба.

Вкупно 211 години затворска казна добија 16 обвинети за крвавиот четврток.Поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков е осуден на 18 години затвор. Началникот Митко Пешов, началникот Душко Лазаров и Горан Ѓошевски Леви, полициски службеник и дел од обезбедувањето на експретседателот на Собранието Трајко Вељаноски се осудени на 15 години затворска казна. Игор Дурловски е ослободен од обвинението.

Оливер Поповски, полициски службеник, е осуден на 13 години затворска казна, Оливер Радулов на 10 години, Мунир Пепиќ, вработен во Агенција за разузнавање е осуден на 15 години затвор.

Абдуљфета Алими, член на обезбедувањето на Собранието е осуден на 7 години, Младен Додевски на 12 години, Јане Ченто на 15 години затворска казна, Горанче Анѓеловски на казна затвор од 12 години, Игор Југ на 12 години. Влатко Трајковски е осуден на казна затвор од 15 години, Вилјам Михајловски е осуден на затворска казна од 14 години, Никола Митревски Кољо е осуден на 15 години и Александар Василевски-Нинџа е осуден на затворска казна од 8 години.

По донесувањето на Законот за амнестијата на Собранието, 15 лица во овој случај беа помилувани и за нив беше прекината постапката. Меѓу нив беа и пратениците што ги отворија собраниските врати за да влезе толпата во законодавниот дом – Сашо Василевски и Крсто Мукоски, како и тројца од водачите на протестите „За заедничка Македонија“, Богдан Илиевски – Бетмен, режисерот Борис Дамовски и актерот Владо Јовановски.

Прикажи повеќе...

Крвав четврток

Поднесено обвинение против Јанакиески, Вељаноски, Ристовски и Атанасовски за организирање на упадот во Собранието

Објавено пред

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција денеска поднесе обвинение против ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, експретседателот на Собрание Трајко Вељаноски, ексминистерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски и поранешниот директор на УБК Владимир Атанасовски осомничени дека се организатори на упадот во Собранието на 27 април 2017 година.

На четворицата им се става на товар дека сториле кривично дело терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.

За експремиерот Никола Груевски, кој е во бегство во Будимпешта, и поранешениот вработен во УБК, Никола Бошкоски, кој е во бегство во Грција, постапката е запрена до нивно пронаоѓање.

„Наодите од истражната постапка укажуваат дека обвинетите на почетокот на 2017 година по неуспешните преговори за формирање Влада на Република Македонија, со намера да го загрозат уставниот поредок и безбедноста на земјата, подготвиле и реализирале план со акти на насилство да оневозможат мирно примопредавање на власта на новоформираното парламентарно мнозинство. За таа цел, обвинетите ги организирале и материјално ги поддржале масовните протести, најпрвин пред Државната изборна комисија, а потоа и протестите на движењето За заедничка Македонија што кулминираа со насилното влегување во Собранието на Република Македонија на 27 април 2017 година. Обвинетите, како организатори, ја вклучиле севкупната партиска структура и материјални средства за исполнување на целта, притоа овозможиле и континуирано намалување на бројот на полициски службеници за обезбедување на протестите и на зградата на Собранието“, соопштија од Обвинителството.

Критичниот ден организирале непречено влегување на народните маси во законодавниот дом, вклучувајќи патриотски здруженија и ангажирајќи лица за извршување насилство.

Во соопштението се наведува дека во седиште на политичка партија двајца од обвинетите континуирано го мобилизирале членството на партијата од Скопје и другите градови во одреден момент да извршат насилен упад во Собранието, знаејќи однапред дека објектот не е соодветно обезбеден и заштитен со полициски сили и дека пречките за влез во Собранието ќе бидат отстранети.

Во исто време, еден од осомничените, за кого постапката е прекината поради недостапност, со возило, сопственост на Управата за безбедност и котраразузнавање, во непосредна близина на Градската болница, спроти паркот Жена борец донел огнено оружје и панцирни елеци наменети за лица што протестираат и имаат искуство во ракување со оружје. Во текот на немирите еден од обвинетите, со цел да се прикријат трагите од извршеното кривично дело и да не се откријат регистрираните дејствија од насилниот упад и насилството извршено внатре во Собранието, дал наредба на две веќе обвинети лица од мониторинг собата во Собранието на Република Македонија да ги извадат хард-дисковите од собраниските камери. Со сите овие усогласени и поврзани дејствија и активности обвинетите предизвикале чувство на несигурност, загрозување и страв кај граѓаните, а притоа дел од пратениците и новинарите се здобиле со телесни повреди.

Ценејќи дека се исполнети законските основи, надлежниот јавен обвинител до судија на претходна постапка достави предлог за продолжување на мерката куќен притвор за еден од обвинетите, додека за двајца обвинети предложи определената мерка притвор да биде заменета со мерка куќен притвор.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет4 минути

Трамп вчера изјави дека Иран никогаш повеќе нема да го затвори Ормускиот теснец

Се чека реакција на претседателот на САД, Доналд Трамп, откако Иран повторно го затвори Ормсукиот теснец, кусо по отворањето. Трамп...

Македонија7 минути

Муцунски од Анталија: Регионалната поврзаност е предуслов за развој и стабилност

Во рамки на учеството на Antalya Diplomacy Forum 2026, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се обрати...

Свет27 минути

Иран отвори шест аеродроми

Иран делумно го отвори својот воздушен простор, дозволувајќи меѓународни летови над источниот дел од земјата, соопштија властите. Според информациите, шест...

Спорт48 минути

Ниту еден европски клуб не е заинтересиран за Винисиус

Винисиус Жуниор и Реал Мадрид сè уште не постигнале договор, а како што стојат работите, на неговите менаџери нема да...

Спорт1 час

Локатели го продолжи договорот со Јувентус

Италијанскиот фудбалер Мануел Локатели го продолжи договорот со Јувентус до 30 јуни 2030 година, објави клубот од Торино. Локатели е...

Свет1 час

Иран повторно воведе ограничувања на Ормускиот теснец

Иран брзо се откажа од одлуката за повторно отворање на Ормуски теснец, воведедувајќи нови ограничувања на овој клучен поморски правец,...

Забава1 час

Финансиски пресврт до лето: три хороскопски знаци ќе се ослободат од долговите

Астролошките движења најавуваат подобрување на финансиската состојба за одредени знаци. Според прогнозите, Рак, Стрелец и Водолија во наредниот период би...

Свет1 час

Руте: САД нема да го напуштат НАТО

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, ги отфрли шпекулациите дека САД би можеле да се повлечат од Алијансата, оценувајќи дека...

Македонија2 часа

Мамографот во Штип во дефект: Пациентките ќе се снимаат во Кочани, резултатите ќе ги чита штипскиот тим

Министерството за здравство ја информира јавноста дека, поради дефект на мамографскиот апарат во Клиничка болница Штип е воспоставена координирана организација...