Македонија
На 29 јуни Врховниот суд ќе ги преиспитува казните за „Монструм“
На 29 јуни Врховниот суд на Македонија ќе расправа по жалбите за доживотните казни на осудените околу случајот „Монструм“, т.е. повеќекратните убиства крај Смилковското езеро.
Судскиот совет ги прогласи за виновни и ги осуди на доживотна казна затвор обвинетите Алил Демири, Африм Исмаиловиќ, Агим Исмаиловиќ, Фејзи Азири, Хаки Азири и Сами Љута. Единствено обвинетиот Сејди Рами доби ослободителна пресуда бидејќи судот не пронашол цврсти докази што посочуваат на негова инволвираност во настанот.
Пресудата не ја слушнаа првообвинетите Алил и Африм, кои моментно се во затвор во Kосово поради недозволено поседување оружје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
