Македонија
„Извештајот на ММФ потврдува дека економијата на нашата земја продолжува да биде несигурна и под влијание на погрешни политики“, велат од ДУИ
„Извештајот на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) за 2025 година јасно го истакнува она што граѓаните го чувствуваат секојдневно: инфлацијата повторно расте, а животниот стандард значително се влошува. Во јануари оваа година, инфлацијата достигна 4,9%, што претставува алармантен пораст од најниското ниво од 2,2% забележано во август минатата година“, соопшти ДУИ.
„Ова значи повисоки цени за основните прехранбени производи и сите животни потреби, дополнително оптоварувајќи ги семејствата кои веќе се соочуваат со големи економски тешкотии.
Без административни мерки и контроли на цените, храната станува недостапна, додека неспособната влада продолжува да ја игнорира кризата што ги погодува најсиромашните слоеви на општеството.
Оваа реалност станува уште потешка додека се приближуваме кон светиот месец Рамазан, кога граѓаните немаат основни услови за да ги нахранат своите семејства.
Извештајот на ММФ исто така потврдува дека економијата на нашата земја продолжува да биде несигурна и под влијание на погрешни политики.
Недостатокот на раст на продуктивноста само ја продлабочи економската криза и предизвика губење на конкурентноста.
Дури и јавните инвестиции се на ниско ниво, оставајќи клучни проекти, како Коридорот 8, во застој, додека владата дава приоритет на проекти што служат на тесни интереси наместо на развојот.
ДУИ од самиот почеток предупредуваше дека оваа влада е неспособна и неодговорна.
Денес, граѓаните се соочуваат со последиците од нејзините неуспеси: раст на цените, економска несигурност и целосен недостаток на поддршка за оние на кои им е најпотребна.
Во ова тешко време за нашите граѓани, бараме од владата итно да преземе мерки за да им помогне на семејствата кои едвај ги покриваат основните трошоци“, се наведува во соопштението на ДУИ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Димитриевски: Ќе воведеме втора целосно бесплатна паркинг зона во МЗ Панче Пешев и БС Гојчо за сите резиденти на овие месни заедници
Дождот не ги спречи граѓаните да присуствуваат во голем број на локалниот граѓански собир кој се одржа на булеварот Октомвриска Револуција во Куманово, при што сите заедно упатија силна порака: Во недела на избори повторно ќе победат граѓаните на Куманово, а градоначалник ќе биде Максим Димитриевски, бидејќи Куманово заслужува дела, визија и континуитет во развојот на градот, известуваат од ЗНАМ.
На собирот Димитриевски ги информираше граѓаните дека во месната зедница Панче Пешев и БС Гојчо ќе биде воведена втора зона за паркирање која ќе биде во целост бесплатна за паркирање за сите резиденти во тие месни заедници. Воедно ќе се обезбедат повеќе паркинг места и истите ќе бидат уредно обележани и уредени.
Тој упати порака до граѓаните дека на локалитет Табакана ќе бидат тргнати сите времени објекти, и тука нема да се гради зграда како што некој предвидел претходно во урбанистичкиот план. Тука ќе се гради детско катче, нов паркинг простор и дополнителни зелени површини.

Димитриевски ги отфрли шпекулациите дека на локалитет во близина на „СкараКајЖмара“ ќе се гради нова зграда, и информираше дека тоа нема да го дозволи, туку и на таа локација ќе биде изграден спортско рекреативен комплекс со детско катче.
По однос на локацијата кај комплексот згради К4 на бул. Октомвриска Револуција, Димитриевски ги повтори своите ставови дека тука нема да се дозволи изградба на нови згради, и нема да се пробива нова улица, туку ќе се работи на проширување и уредување на паркинг просторот и дополнително целосна реконструкција на детското катче, со нова урбана опрема и други содржини за спорт и рекреација.
Димитриевски ги информираше граѓаните кои живеат по должина на бул. Октомвриска Револуција дека пристапот околу зградите ќе биде партерно уреден и поплочен секаде каде што за тоа постои можност со цел да се уреди и обнови овој дел каде што гравитираат голем број на граѓани.
Продолжувањето на иницијативите на Димитриевски за заштита на централниот дел на градот од непланско и интензивно градење на згради, беа одлично прифатени од сите граѓани, се додава во соопштението на ЗНАМ.
Македонија
(Фото) Општина Центар: Се отстрануваат паднатите дрвја кај училиштето „Киро Глигоров“
Општина Центар информира дека во моментов екипите на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ и ЈП „Паркови и зеленило“ работат на отстранување на двете паднати дрвја во близина на ООУ „Киро Глигоров“.

Улицата е непроодна за возила додека не завршат активностите, а се очекува дрвјата да бидат целосно отстранети во рок од еден час.




Македонија
Нови летови со „Виз ер“: Бари, Стокхолм, Мадрид и Ларнака од аеродромот во Скопје, Базел од Охрид
Новите пет авионски линии на „Виз ер“ – Бари, Стокхолм, Мадрид, Ларнака и Базел почнуваат од Меѓународниот Аеродром Скопје и од Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид, денеска, 27 октомври и утре, 28 октомври, соопштуваат од ТАВ Македонија.
„Многу сум среќен што денеска, на почетокот на зимската сезона, пет нови авиолинии почнуваат од двата аеродроми, во Скопје и Охрид. Секако со поддршка на Владата и благодарение на посветеноста на ‘Виз ер’. Сигурен сум дека овие 5 дестинации дефинитивно ќе бидат посетени и сакам да додадам уште нешто, многу важно, дека овие нови дестинации кои ги најавувам, се избор на патниците, избор на оние патувачи кои што со нетрпение очекуваат да бидат повзрзани со овие градови од двата аеродроми, од овде во Македонија“, изјави Неџат Курт, Генерален директор на ТАВ Македонија.
Новата линија Скопје – Стокхолм започна утрово со првиот лет во 6:05 часот. Овој пат „Виз ер“ лета до главниот аеродром во Стокхолм – Арланда. Првиот лет на линијата Скопјe – Бари ќе започне со полетување на „Виз“ ер до овој град на италијанскиот брег денеска во 14:40 часот. Oд аеродромот во Охрид, првиот лет за Базел полетува денеска во 12 часот.
Утре, на 28 октомври, ќе започне и новата линија Скопје – Мадрид, со првиот лет во 16:05 часот. Враќањето на линијата Скопјe – Ларнака ќе започне со лет што пристигнува од Ларнака до Скопјe утре во 7:15 часот.
Летовите кои што започнуваат денеска, 27 октомври, од Скопје до Стокхолм и Бари, како и од Охрид до Базел, ќе се одвиваат два пати неделно – секој понеделник и петок.
Летовите кои што започнуваат утре, 28 октомври, од Скопје до Мадрид, ќе се реализираат секој вторник, петок и сабота, а од Скопје до Ларнака – вторник и сабота.
Како што соопштуваат од TАВ Македонија, тие очекуваат голем обем на патнички сообраќај на сите пет нови линии на „Виз ер“, имајќи го предвид фактот дека сите овие градови се атрактивни туристички дестинации, кои беа барани од патниците.
Од петте нови линии што започнуваат денескa и утре, Мадрид и Бари се целосно нови дестинации за македонскиот пазар, односно главниот град на Македонија за првпат ќе биде поврзан со шпанската престолнина и со италијанскиот крајбрежен град.
Ларнака и Базел се повторно воспоставени линии, додека Скопје – Стокхолм е нова авионска линија, бидејќи „Виз ер“ отсега ќе лета кон главниот аеродром во шведската метропола – Арланда.

