Македонија
„Измамата со кошничката се гледа во маркетите – повисоки цени наместо пониски“, велат од СДСМ

„Зголемените трошоци за живот се претворија во сериозен товар за македонските семејства. Наместо да се намалат цените сега се зголемија. Основните прехранбени производи веќе не се достапни за сите, тие сега стануваат луксуз. Оваа состојба е директна последица на неспособноста и манипулациите на власта предводена од Мицкоски со така наречените кошнички кои немаат никаков ефект“, велат од СДСМ.
„Изматата со „новогодишната кошничка“ се гледа во маркетите, наместо пониски има повисоки цени. Фактите зборуваат сами за себе:
Цената на зејтинот порасна од 83 денари (цена од 1 октомври) на 97 денари.
Јајцата, кои се продаваа од 75 до 85 денари, сега се над 100 денари, дури и до 140 денари за едно пакување.
Кашкавалот од некои производители веќе надминува 600 денари за килограм.
Јогуртот со 3,2% масленост достигнува над 72 денари.
Ова се фактите кои потврдуваат дека мерките на власта не ја олеснуваат, туку ја влошуваат ситуацијата за граѓаните.
Трговците прво ги зголемија цените, а потоа мерките стапија во сила, без никаква реална корист за луѓето.
Власта на Мицкоски дозволи трговците да се богатат на грбот на граѓаните“, соопшти СДСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нормализиран сообраќајот на автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца, соопшти МВР

Министерството за внатрешни работи известува дека е пуштен за сообраќај автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Истиот поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025) беше затворен за сообраќај.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци

Во 21.25 часот сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци е нормализиран, соопшти АМСМ.
Сообраќајот во спротивниот правец ќе биде пуштен штом се создадат услови.
Македонија
МВР: Поради пожар, затворен за сообраќај автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025), затворен за сообраќај е автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Возилата се пренасочуваат кон Петровец.
МВР со апел до граѓаните, да не се упатуваат кон овој дел од автопатот се додека не се создадат услови за повторно пуштање на сообраќајот.