Контакт

Македонија

Изминатава недела Македонија е прва во Европа според бројот на починати од Ковид-19 на милион жители

Објавено пред

Според бројот на смртни случаи минатата седмица, Гренада е повторно на прво место во светот со 212 смртни случаи на милион жители, а во Европа прва е Македонија со 96 починати лица, што е четврто место во светот, покажува статистиката на оксфордската база на податоци Our World in Data, а пренесува белградскиот весник „Данас“.

Во Европа, според смртноста, по нас се Бугарија, Црна Гора, БиХ и Косово.

Во изминатите седум дена, Србија, пак, е прва во Европа и втора земја во светот според просечниот дневен број на нови инфекции со коронавирус на милион жители, со просек од 1.018 новозаразени на секои 24 часа.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Левица: Зошто државниот обвинител Савески не ги користи своите овластувања за случајот „Мазут”

Објавено пред

„Додека ВМРО-ДПМНЕ одбива да го повика државниот јавен обвинител да постапи по скандалозното затворање на случајот „Мазут”, иако претходно Мицкоски од говорница повикуваше по кои предмети да постапи новиот државен јавен обвинител – за овој случај Савески одбира да молчи“, велат од партијата Левица.

„Иако ОЈО ГОКК ја запре истрагата, Законот за јавно обвинителство јасно му дава механизми на државниот јавен обвинител да постапи во оваа фаза од предметот, односно Савески може да побара увид во предметот со цел утврдување на законитоста на истрагата, како и да наложи нови вештачења или прибирање докази. Сепак, и покрај јасните законски алатки, државниот јавен обвинител воопшто не покажува волја да побара увид во предметот „Мазут“, ниту да отвори институционална проверка за начинот на кој е запрена истрагата.

Особено загрижува фактот што по именувањето на новиот државен јавен обвинител беа забележани експедитивни кадровски и процесни потези кои одат во прилог на политичките интереси на ВМРО-ДПМНЕ, како што беше случајот со предметот „Талир”. И покрај тоа што има законска обврска и овластувања да побара увид, да наложи дополнителни дејствија и да утврди дали постапката била водена законито, Савески останува пасивен и одбира да глуми ненадлежен.

Дали пасивноста на Савески доаѓа после телефонскиот разговор со Мицкоски, каде добил такви насоки?! Ако новиот државен јавен обвинител навистина не постапува по политички и партиски директиви, тогаш Савески треба да ги искористи законските механизми кои му стојат на располагање и да утврди како е затворена истрага за случај во кој државата била оштетена за 169 милиони евра“, соопшти партијата Левица.

Прикажи повеќе...

Македонија

„Уште 10 дена до рокот за реформите кои Мицкоски нема да ги исполни“, велат од СДСМ

Објавено пред

„Владата се фали со пари кои ги добиваат сите кандидати на Балканот освен Србија, но не кажува колку пари загубивме. ЕУ ослободи само 65,7 милиони евра за Македонија а вкупната сума која требаше да се повлече само за периодот јуни 2025 – декември 2025 е 134 милиони евра“, велат од СДСМ.

„Молчи Владата за клучното прашање колку пари загуби Македонија поради тоа што нема продолжување на европскиот пат? Остануваат уште само 10 дена до рокот што самиот Христијан Мицкоски го постави за исполнување на реформите и европските обврски.

10 дена до уште едно неисполнето ветување на Мицкоски. Без измени на Уставот и внесување на малцинствата, нема продолжување на ЕУ интеграциите, нема помрднување од мртва точка.

Без тоа нема отворање на следната фаза од преговорите. Значи нема ништо.

Самиот Мицкоски тврдеше дека има апсолутно мнозинство, самиот ја укина Техничката влада без консензус.

Сега нека не бара алиби кај СДСМ. Ние нема да му бидеме алиби за неисполнување на реформите и неговите ветувања.

Нека ги заврши реформите што ги вети, нека ги исполни обврските до 1 јуни, нека ги внесе малцинствата во Уставот затоа што без тоа нема продолжување на интеграциите, нема поместување од мртва точка.

Само така ќе покаже дека навистина сака Македонија да продолжи кон ЕУ.

Во спротивно ќе мора конечно да излезе пред граѓаните и да признае дека не сака ЕУ затоа што се плаши од европски стандарди, од реформи, од независно правосудство и од одговорност“, соопштуваат од СДСМ.

Прикажи повеќе...

Македонија

„Филипче и СДС со политиките на понижување и сервилност го отвораат патот за нови уцени кон Македонија“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Објавено пред

„Во СДС ништо не се менува, Филипче е продолжение на Заев и на истата капитулантската матрица во СДС која со години ја понижува Мaкедонија и дава простор на официјална Софија да продолжи со негирањето на македонскиот јазик и историја. Филипче и СДС немаат против да бидеме „северномакедонци’’. За Филипче и СДС не е проблем да ја туркаат тезата дека Македонија мора да прифаќа секакви условувања за да добие европска перспектива“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„За Филипче и СДС не е проблем народот да биде нарекуван „северномакедонски“, ниту пак имаат проблем со бришењето на националните обележја, само за да добијат по некој аплауз од надвор и да дојдат до власт.

СДС со години лажеа дека секоја нова отстапка на Мaкедонија е „последниот чекор“ кон Европската Унија. Прво беше промената на знамето. Потоа промената на Уставот. Па промената на името. Денес СДС и Филипче повторно бараат нови уставни измени и повторно убедуваат дека тоа е „последната пречка“.

Граѓаните гледаат и знаат дека секоја отстапка раѓа нова уцена, а секое попуштање отвора нов удар врз македонскиот идентитет.

Сите досегашни отстапки кои државата ги има направено се од СДС, само поради лични лукративни цели на тесен круг од СДС.

Македонскиот народ нема да дозволи нови понижувања, нови бланко договори и ново распродавање на идентитетот. Државните и националните интереси мора да бидат над политичките калкулации на СДС и нивното криминално наследство.

Македонија заслужува лидери кои ќе ја бранат државата, а не политичари кои за власт и личен спас се подготвени да ја турнат во амбис“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 минути

Левица: Зошто државниот обвинител Савески не ги користи своите овластувања за случајот „Мазут”

„Додека ВМРО-ДПМНЕ одбива да го повика државниот јавен обвинител да постапи по скандалозното затворање на случајот „Мазут”, иако претходно Мицкоски...

Забава6 минути

(Фото) Тамара Калиниќ носеше чанта вредна повеќе од 100.000 евра во Кан

Српската инфлуенсерка Тамара Калиниќ избра внимателно стилизирани парчиња за својот престој во Кан, а едно особено ѝ го привлече вниманието....

Македонија15 минути

„Уште 10 дена до рокот за реформите кои Мицкоски нема да ги исполни“, велат од СДСМ

„Владата се фали со пари кои ги добиваат сите кандидати на Балканот освен Србија, но не кажува колку пари загубивме....

Спорт20 минути

Компани ќе ја засили одбраната со поранешниот соиграч

Тренерот на Баерн Минхен, Венсан Компани, има голема желба да го донесе во својот тим, поранешниот соиграч, Џон Стоунс. Англискиот...

Македонија29 минути

„Филипче и СДС со политиките на понижување и сервилност го отвораат патот за нови уцени кон Македонија“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Во СДС ништо не се менува, Филипче е продолжение на Заев и на истата капитулантската матрица во СДС која со...

Спорт36 минути

Емери во елитно друштво… со Трапатони, Мурињо и Анчелоти

Менаџерот на Астон Вила, Унаи Емери, стана четвртиот менаџер во историјата на УЕФА кој освоил пет европски трофеи. Емери со...

Забава39 минути

Дина Јашари ја слави годишнината на „Растенија без корен“ со регионална турнеја

Македонската кантавторка Дина Јашари тргнува на турнеја низ постјугословенскиот простор со деби-албумот „Растенија без корен” — точно на неговата прва...

Македонија41 минута

Герасимовски: Од Ристиќева палата до ретро игранка, Центар вечерва го оживува старото скопското корзо

Општина Центар во соработка со Здружението на пензионери на општина Центар вечерва, со почеток од 19:00 часот, го организира настанот...

Забава47 минути

(Фото/Видео) Хајди Клум шокираше со изданието: Сите мислат дека е бремена

Хајди Клум се појави на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал и ги изненади сите присутни со својот аутфит. Многумина...