Македонија
Имплементација на препораките на ГРЕКО во Законот за Јавното обвинителство
Работната група ги детектира слабостите на актуелниот Закон за Јавното обвинителство. Повеќето од нив се однесуваат на дисциплинската постапка, разрешувањето на јавните обвинители, поставеноста на јавнообвинтелска мрежа, надлежностите, но и значењето на принципите на хиерархија и субординација.
Во нацртот на текстот на одредбите со кои се уредува дисциплинската одговорност на јавните обвинители направен е напор за надминување на сите дектирани аномалии преку користење компаративни искуства и практики на некои европски земји, кои се имаат покажано како добри решенија, како и преку имплементација на меѓународните препораки и стандарди (на ЕУ, ГРЕКО, Советот на Европа итн.).
Со измените се предлага:
– покрај актуелната поделба на лесна и тешка дисциплинска повреда, воведување уште една, по својата тежина, средна категорија повреди;
– дополнување на листата на основи за дисциплинска одговорност на јавните обвинители и нивно степенување во согласност со тежината на повредата;
– формално подобрување на дисциплинската постапка и воведување рокови за сите нејзини фази;
– зајакнување на улогата на Советот на јавните обвинители на РСМ предвидувајќи можност за иницијатива на утврдување на одговорност на јавните обвинители за сторена дисциплинска повреда;
– зголемување на репертоарот на дисциплински мерки, кои може да бидат изречени за секоја категорија дисциплинска повреда и
– воведување евиденција за изречени дисциплински мерки и рокови за нивно бришење.
Во однос на дисциплинските мерки отворено е прашањето дали разрешувањето на јавните обвинители треба да останe како дел од листата на дисциплински мерки или целосно да се издвои како посебна категорија, посебен институт. Компаративното право ги познава и двете опции.
Покрај одредбите за дисциплинска одговорност, во текот на работењето на работната група се отворија прашања и беа разгледани предлози, што се однесуваат на надлежноста, статусот и организацијата на обвинителствата.
Во периодот што следува се очекува работата група да продожи со својата работа и дискусии со зголемен интензитет, каде што акцентот ќе биде ставен на овие и други прашања и во соодветен период ќе изготви и достави нацрт-одредби и за друг делови/одредби од законот.
Од формирањето на работната група досега се одржани девет работни состаноци. Покрај членовите на работната група, редовно беа поканети и информирани и претставници на амбасади во земјата, проекти и други релеванти организации, од кои со редовно учество и поддршка во досегашното работење може да се истакнат проектот Rule of Law и Мисијата на ОБСЕ во Скопје, соопштуваат од Министерството за правда.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сончево време со температура до 25 степени
Времето утрово е студено со појава на магла по одделни котлини и речни долини. Преку денот, ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 5, а максималната ќе достигне од 18 до 25 степени.
Во Скопје минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 23 степени, јавува УХМР.
Во наредните денови продолжува периодот на стабилно и претежно тивко време со студени утра и температури кои наместа ќе се спуштаат под нула степени. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла или ниска облачност. Дневната температура ќе биде без значителни промени.
Македонија
Не е за пиење водата во тетовските села Мерово, Луковица и Седларево, како и во прилепското село Ропотово
Регионалниот центар за управување со кризи Тетово, извести дека од Центарот за јавно здравје ЈЗУ – Тетово добиле информација дека испитаните примероци на вода за пиење од селата Мерово, Луковица и Седларево (Општина Желино) не одговара на законските и стручни прописи за бактериолошка анализа.
„Потребно е да се врши редовна дезинфекција на водата за да може да се употребува за пиење“, велат од ЦУК.
РЦУК Битола, информира дека од Центар за јавно здравје ЈЗУ – Прилеп е докажана здравствена микробиолошка неисправност на водата за пиење од регионалниот водовод (Општина Долнени) во с. Ропотово и во основното училиште на с. Ропотово.
Македонија
Се’ уште забранета водата за пиење во Струмица
Изречената забрана за пиење на водата од струмичкиот водоснабдителен систем останува на сила, соопшти Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) по резулатите од анализираните мостри земени на 18 октомври годинава во рамки на спроведениот вонреден инспекциски надзор во водоснабдителниот објект – фабрика за вода на ЈКП „Комуналец” Струмица.
Од АХВ информираа дека кај сите мостри претходно зголеменото ниво на манган е во рамки на дозволените вредности, но микробиолошки, четири од земените мостри не ги исполнуваат безбедносните критериуми поради детектирано зголемено присуство на колиформни бактерии во водата.
Целта на контролата беше увид во досегашните активности спроведени од страна на ЈКПД Комуналец од Струмица во однос на спроведувањето добра производствена и добра хигиенска пракса, како и други технички зафати во водоснабдителниот систем.
Во рамки на надзорот, земени се 6 мостри за анализа на водата од водоводната мрежа на ЈПКД Комуналец Струмица и тоа: една мостра од сирова вода која доаѓа од браната, сирова вода од чешма во фабриката, втора мостра на хлорирана/третирана вода за пиење од чешма во фабриката за вода, три мостри вода за пиење од мерните места одредени од ЈПКД Комуналец во нивниот мониторинг план за земање мостри вода за анализа и една мостра вода за пиење земена по случаен избор на инспекторот од водоводната мрежа на ЈПКД Комуналец.