Македонија
Инспекција во гевгелиската градинка каде што воспитувачка навредувала мало дете
Веднаш по објавувањето на видеото на социјалните мрежи, за кое авторот тврди дека е од градинката „Детска радост“ во Гевгелија, а на кое се слуша како воспитувачка навредува мало дете кое плаче без престан, Министерството за труд и социјална политика итно реагираше за, како што велат, расветлување на случајот во најкраток можен рок.
„Одделението за инспекциски надзор за заштита на децата веднаш стапи во контакт со директорот на установата, а инспектори се упатени на терен за да извршат вонреден инспекциски надзор. Доколку се потврди веродостојноста на случката, сите одговорни ќе бидат веднаш санкционирани. МТСП нема да толерира какво било несоодветно однесување со децата во градинките. Во најбрз рок ќе ја известиме јавноста за наодите и следните чекори во однос на овој случај“, велат од МТСП.
Ne znam kolku se slusa,no eve sto se slucuva pozadi grb na roditelite od mnogu iskusnite vraboteni vo gradinkite.Placenjeto traese 2 saati,a taa namesto da gi smiri im se obrakjase so kucko edna,kravo I sto uste ne..Ne znaev dali da i vlezam I da ja utepam sto poprvo da i napravam.Srce mi se rasparci mali deca da trpat takva tortura strasno I bezobrazno.Inaku gradinkata se naogja vo Gevgelija ul.Ilindenska??
Gepostet von Julijana Ortakovska am Montag, 6. August 2018
Авторото на видеото тврди дека плачењето на детето траело два часа, а пак, воспитувачка му се обраќала со зборовите „кучко“ и „краво“.
„Не знам колку се слуша, но еве што се случува зад грбот на родителите од многу искусните вработени во градинките. Плачењето траеше два часа, а таа наместо да ги смири им се обраќаше со кучко една, краво и што уште не. Не знаев дали да влезам и да ја утепам, што попрво да направам. Срце ми се распарчи, мали деца да трпат таква тортура. Страшно и безобразно. Инаку, градинката се наоѓа во Гевгелија на улицата Илинденска“, напиша во описот авторот на видеото, кое беше споделено на социјалната мрежа „Фејсбук“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Осмомартовски марш во Скопје со порака „Нема да нè снема“
По повод 8 Март – Меѓународниот ден на жената, Платформата за родова еднаквост повика на традиционален марш за женски права што ќе се одржи во Скопје.
Според соопштението, маршот ќе започне во 12:00 часот во паркот „Жена Борец“, а ќе заврши пред украдената биста на Вера Јоциќ, како симболичен чин на протест против, како што се наведува, „фактичкото и фигуративното бришење на жените во општеството“.
Организаторите посочуваат дека слоганот „Нема да нè снема“ ја изразува борбата на жените за опстанок и безбедност во систем кој, според нив, често не ги штити од насилство и ги остава на маргините на општеството. Се наведува дека женската работа често е невидлива, помалку платена и недоволно заштитена, а особено ранливи се жените што работат хонорарно, кои често немаат здравствено, социјално и пензиско осигурување.
Платформата за родова еднаквост посочува и на зголемен број случаи на родово базирано насилство и фемициди, нагласувајќи дека институционалните пропусти оставаат многу жени без заштита и правда.
Со маршот на 8 март, организаторите повикуваат граѓаните да се приклучат и заедно да испратат порака дека жените ќе продолжат да се борат за еднаквост, безбедност и достоинство.
Македонија
СДСМ да не користи трагедии како во минатото за добивање на политички поени, реагира ВМРО-ДПМНЕ
Срамно и безобразно е соопштението од страна на СДСМ во однос на трагедијата која се случи во скопски Карпош, оценува ВМРО-ДПМНЕ.
„Истата партија СДС, да потсетиме дека обично кога се во опозиција, трагедиите ги користи стрикно за собирање на политички поени, а не за да покаже емпатија. Случајот со Нешковски, малата Тамара, Диво Насеље, Смилковско езеро и многу други, се случаи кои СДС пред да дојде на власт со Заев и Филипче, ветуваше правда и велеше дека ќе обелодени некаква вистина која била криена по повод овие трагедии. СДС со Заев и Филипче, кога дојдоа на власт, заборавија на се како да имаат амнезија.
Затоа, за оваа тема, која ја потресе цела јавност, ги замолуваме СДС да не ја користат за политички поени. За разлика од порано, разликата е во тоа што сега работите се кажуваат гласно и транспарентно, а виновниците имаат имиња и презимиња.
ВМРО-ДПМНЕ упатува сочувство до семејствата на жртвите и посакува да не се случуваат вакви трагедии во иднина“, се вели во реакцијата.
Македонија
Од Пинтија до Драчево ќе се гради современ булевар со четири ленти
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски најави дека почнува реализацијата на изградбата на булеварот Борис Трајковски.
Објавена е јавната набавка, а по завршување на законската постапка, градежните работи се очекува да почнат за околу 40 дена. Рокот за изведба е до крајот на календарската година.
Проектот опфаќа изградба на современ булевар во должина од 850 метри, со четири коловозни ленти и безбедна пешачко-велосипедска патека, на потегот од трафостаницата во Пинтија до кружниот тек во Драчево. Со ова трајно ќе се реши долгогодишниот сообраќаен проблем со кој секојдневно се соочуваат над 100.000 граѓани.

Надлежните апелираат за трпение за време на градежните активности, нагласувајќи дека привремените отежнувања ќе донесат долгорочно, квалитетно и безбедно сообраќајно решение за сите граѓани.

