Македонија
(Интервју) Апостол Симовски: Немам проблем ако решат да ме сменат, не сум се венчал за функцијата
Три години се вршеше страшен притисок граѓаните да не го прифатат пописот, вели директорот на Државниот завод за статистика во интервју за „Макфакс“.
На прашањето колку бојкотот придонесе за добиените резултати и како ќе се оправда бројката од 132.000 непопишани граѓани за кои му забележува опозицијата, Симовски вели: „Јас ќе ги прашам нив каде беа за време на пописот тие 132.000 граѓани. Наседна добар дел од нив на убедувањето пописот да се бојкотира“.
За првично објавените резултати од пописот во некои медиуми, Симовски вели дека тие што ги објавиле заслужуваат да бидат казнети: „Заслужуваат да бидат казнети и кривично бидејќи треба да докажат дека некој им дал податоци – погрешни податоци, наседнале“.
За грешката во податоците за религиозна припадност, за притисоците и дилемата дали пописот беше политизиран, во интервју за „Макфакс“ одговара првиот човек на Заводот за статистика, Апостол Симовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Центар денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 15:30 часот, дел од корисниците на улицата Новопроектирана 2, дел од локали и згради на булеварот, Партизнаски Одреди бр.15-17 и дел од локали и згради на булеварот Климент Охридски, општина Центар.
Македонија
Делови од Карпош и Бутел денеска без вода
Од ЈП водовод и Канализација известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Демир Трајко 51, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демир Трајко и Партизанска крак 1,3,5,7,9 и 11, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП водовод и Канализација исто така известуваат дека поради дефект на огрлица ф-300 мм на улицата Хо Ши Мин 292, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, општина Бутел. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст
Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредниот период
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст. До средината на следната седмица ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а по одредени котлини ќе има појава на магла.

