Македонија
Истражување на ССНМ: новинарите и медиумските работници со плата далеку под просечната

Повеќето од новинарите и медиумските работници примаат од 15.000 до 20.000 денари плата. Ова го покажува анкетата на Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници (ССНМ), спроведена на 150 испитаници, на кои им беа поставени прашања во врска со работничките права и состојбите во новинарските редакции во земјата.
Вкупно 53 лица или 35,3 % одговориле дека нивните месечни примања се од 15 до 20 илјади денари, а 46 лица или 30,6 % одговориле дека добиваат месечна плата помеѓу 20 и 25 илјади денари.
Дваесет луѓе или 13,3 % одговорите дека нивната плата е во висина од 25 до 30 илјади денари, а 23 лица или 15,3 % земаат над 30 илјади денари плата.
Само осуммина или околу 5 % одговориле дека нивните примања се под 15 илјади денари во месецот.
Од ССНМ велат дека медиумскиот бизнис дополнително е на удар од корона-кризата, а тоа се одразило и на губењето на работното место и намалување на платите.
Четворица останале без работа, а 45 одговориле дека познаваат колеги кои ја изгубиле работата. Во проценти, 33 % од анкетираните знаат дека некој во медиумскиот бизнис овој период останал без плата.
Најмногу кратење имало кај новинарите со полно работно време, вкупно 11 новинари.
Четири слободни новинари се соочиле со кратење на приходите од 20 % (1), 15 % (1), 10 % (2). Некаде е забележано делумно намалување на платите. На пример, на петмина новинари со полно работно време скратени им се 30 % од примањата во овој период на криза.
Половина од платата (50 %) добил еден новинар, двајца по 20 % намалување, двајца 10 % помалку и на еден новинар му била скратена платата 15 %. Покуси за 20 и 30 % од платата останале и двајца уредници. Еден фоторепортер добил плата скратена 30 %.
Од вкупно 150 испитаници во анкетата на ССНМ, 73 се машки пол, а 77 се жени, возрасната граница се движи од 23 до 62 години. Од испитаниците, повеќето одговориле дека работат во телевизија – 77, а во електронски медиуми 54. Од печатените медиуми биле 16 испитаници и само тројца што работат во радио.
Во однос на која позиција работат, 84 лица одговориле дека се новинари со полно работно време, 19 дека работат како слободни новинари, сниматели се 14, монтажери и уредници по 10, на работно место во режија шест лица, двајца фоторепортери и петмина дописници.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Муцунски-Спајиќ: во фокусот посветеноста на европската интеграција на Западен Балкан

Во пресрет на утрешниот Самит ЕУ – Западен Балкан, денеска министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари средба со премиерот на Црна Гора, Милојко Спајиќ.
Двајцата се дел од овогодинешната група добитници на признанието „Млад глобален лидер“ (YGL) на Светскиот економски форум – мрежа која веќе две децении обединува исклучителни личности под 40 години кои предводат позитивни промени ширум светот.
Програмата за млади глобални лидери е симбол на колективна акција и визија, поттикнувајќи нови форми на лидерство во ера на глобални трансформации. Тоа што двајца политичари од Западен Балкан се дел од оваа заедница е потврда за промените што оваа генерација ги носи во регионот, информираат од МНР.
На средбата се разговараше за зајакнување на билатералната и регионалната соработка, како и за потврдување на заедничката посветеност на европската интеграција на Западен Балкан – како дел од визијата за обединета, просперитетна и силна Европа.
Македонија
МВР: Од 1 јули летен режим на сообраќај за тешки товарни возила

Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури, соопшти МВР.
Забраната се однесува за следните термини:
петок од 17:00 – 22:00 часот
сабота од 09:00 до 19:00 часот
недела од 09:00 до 22:00 часот
Во деновите со екстремно високи температури, определени од Министерство зa здравство, забраната ќе важи и од понеделник до четврток во период од 11:00 до 17:00 часот.
Специјален сообраќаен летен режим за тешки товарни возила се воведува и на патниот правец А2 Скопје – Охрид – Скопје во периодот од 01.07.2025 до 01.09.2025, и тоа:
Од понеделник до четврток од 11:00 до 17:00 часот, само во денови со екстремно високи температури определени од Министерството за здравство:
петок од 17:00 – 22:00 часот
сабота од 07:00 до 12:00 часот и од 18:00 часот до 24:00 часот и
недела од 07:00 до 22:00 часот
– Ограничувањето не се однесува на возила кои превезуваат животни, цвеќе, хуманитарна помош, жито и житни култури и леснорасиплива стока, нафта и нафтени деривати, превоз на опасни материјали и возила кои вршат превоз за компании кои имаат склучено договори за изведување на проекти на државните патишта со ЈП за Државни патишта.
Македонија
Пренасочување на возилата поради сообраќајка на патот Демир Хисар – Кичево

Од 19:10 часoт има пренасочување на сообраќајот на патниот правец Р1305 Демир Хисар – Кичево поради случена сообраќајна незгода, возилата ќе бидат пренасочени преку с.Единаковци, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Според последното известување од АМСМ, интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.