Македонија
ИЈЗ: Намалување на бројот на новозаболени и починати, зголемување на бројот на оздравени
Министерството за здравство информира дека во согласност со извештајот на Институтот за јавно здравје, кој се однесува на периодот од 21 до 27 септември, тестирани се вкупно 9.691 материјал во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на САРС-КoВ-2, што е 0,3 % повеќе во однос на минатата недела.
Регистрирани сe вкупно 890 нови позитивни случаи од 31 град во државата, што претставува намалување од 6,4 % во однос на минатата недела. Повеќето од регистрираните случаи се од Скопје (n=315; 35,4 %), а највисока неделна инциденца е регистрирана во Кочани – 175,1 на 100.000 жители.
Процентот на позитивни случаи од тестирани во овој период изнесува 9,2 % или 0,6 % помалку во однос на претходната недела.
Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (n=184, 20,7 %). Голем број заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 40 до 49 години (n=172; 19,3 %), 50-59 (n=161; 18,1 %), 30-39 (n=152; 17,1 %) и 20-29 (n=121; 13,6 %). Најмал број е регистриран кај децата од 0 до 9 (n=28; 3,1 %) и од 10 до 19 години (n=72; 8,1 %).
Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=864; 97,1 %) регистрирани се 138 (16,0 %) хоспитализирани, а кај 231 (26,8 %) лице е регистрирано присуство на коморбидитети.
Од вкупниот број нови случаи во периодот 21-27 септември, 332 (38,5 %) имаат контакт со потврден случај. Регистрирани се 27 лица со историја на патување (во последните 14 дена).
По добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, како оздравени се водат 705 лица, кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, што претставува зголемување од 11 % во однос на претходната недела.
Пријавени се 28 смртни случаи, намалување од 41,7 % во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 23 лица биле над 60 години, 4 на возраст од 50 до 59 и еден од 40 до 49 години. Сите починати биле хоспитализирани. Коморбидитети се регистрирани кај 25 починати лица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

